Младите македонски ракометари поразени од Данска домаќинот на Европското првенство - Канал 5

Младите македонски ракометари поразени од Данска домаќинот на Европското првенство

Младата машка ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Данска домаќинот на Европското првенство за играчи до 20 години.

Младите македонски ракометари поразени од Данска домаќинот на Европското првенство
Во натпреварот од 2.коло на Ц групата, кој се одигра во Колдин, македонските младинци, се поразени данските врсници со 18:23 полувреме 11:10.

Иако одиграа одлично прво полувреме во кое имаа и три гола предност, сепак во вториот дел избраниците на селекторот Александар Јовиќ беа далеку од играта која ја прикажаа во првите 30-минути. Тоа младите Данци знаеја како да го искористат и на крајот заслужено стигнаа до втората победа на првенството, нанесувајќи и го на Македонија вториот пораз.

Најефикасен во редовите на црвено-жолтите беше Филип Талески со 8 голови, додека Давор палевски постигна 3.

Претходно во оваа група селекцијата на Холандија ја победи Норвешка со 31:28 .

Токму Холандија е следниот противник на македонските млади ракометари во натпреварот кој ќе се игра во недела од 18 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија.

Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија

При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

Со документите в рака и со големи очекувања, идните бруцоши денеска тргнаа кон избраните факултети. За некого изборот бил одамна направен, за други пак одлуката била донесена во последен момент.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

На техничките факулети, но и на медицинскиот факултет во Скопје раздвиженоста беше најголема.

Дел од идните академски граѓани уште од сега својата иднина ја гледаат надвор од границите на Македонија, други пак веруваат дека татковината ќе им овозможи стабилна иднина, за да не мораат да ја бараат во странство.

Кандидатите за студенти на најголемиот државен универзитет Св. Кирил и Методиј, денеска и утре ќе можат да се пријават во првиот уписен рок, а на 23-те факултети се предвидени 8.851 слободно место.

Од вкупниот број, 4.395 се во државна квота, 3.621 се за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се наменети за вонредни студенти.

Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Економскиот – 655, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, како и Правниот факултет со 555 места.

Министерката за образование Весна Јаневска информира дека оваа академска година има скратување на квотите на одредени факултети по направените анализи за потребите на пазарот на трудот.

За студентите во државната квота надоместот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека редовните студенти со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат 400 евра.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, додека запишувањето на примените кандидати е предвидено за 3 и 4 септември. Вториот уписен рок ќе се одржи на 10 и 11, а третиот на 23-ти септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер