РакометМладите македонски ракометари ќе разигруваат од 9 до 16 место на ЕПМладата машка репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство за ракометари до 20 години, што се одржува во Данска.Избраниците на селекторот Александар Јовиќ со трите порази (од Норвешка 27-24, Данска 23-18 и Холандија 33-30) во првата фаза завршија како четврто пласирани во Ц групата. Така црвено-жолтите заедно со селекцијата на Холандија која беше трето рангирана ќе вкрстат со трето и четврто пласираните репрезентации од Д групата, Унгарија и Шведска во вториот круг од шампионатот односно натпреварите за пласман од 9 до 16 место. Денеска е слободен ден на првенството, а утре македонските младинци ќе играат против Шведска, додека во среда противник ќе им биде селекцијата на Унгарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТаксист од Скопје под закана со нож ограбил Кинез, ќе се гони за разбојништво МВР расчисти кривично дело разбојништво веднаш по пријавувањето, лишен е од слобода сторителот, следува соодветна пријава .На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(29) од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со неговото приватно такси возило го превезол Ј.Т.(26) од Кина на бараната дестинација, по што му побарал да плати повеќе отколку што реално чини превозот. Откако Ј.Т. не се сложил, А.К. со закана со остар предмет му одзел пари. По целосно документирање на случајот ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член .237 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаПретрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лицаНа 07.09.2026 во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т. и при преглед кај малолетничката била пронајдена и одземена марихуана, која Х.Т. ѝ ја дал кога ги забележал полициските службеници. Тие биле приведени во полициска станица, со малолетничката бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски дрон погоди зграда на телевизија во Киев- најмалку петмина вработени се повредени (ФОТО)Русија денеска изврши директен напад со дрон врз медиумите и новинарите во Украина, погодувајќи ја зградата на телевизиската станица „Ние сме Украина“, која е дел од националниот телефонски маратон „Јунајтед њуз“. Нападот во Киев се случил среде бел ден, додека новинарите биле во пренос во живо, објави Киев Пост. Зградата била делумно уништена во нападот, а сите служби веднаш интервенирале на терен. Пожарникарите од Државната служба за вонредни ситуации го изгаснале пожарот, а според досегашните информации, повредени се пет лица. Надлежните служби предупредуваат дека овој број за жал може да расте. „Европа и светот мора да реагираат“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го осуди нападот во објава на X, велејќи дека ваквите потези откриваат нови димензии на руските злосторства. „Употребата на дронови од типот Шахед против медиумите претставува нова фаза на руска деградација, на која Европа и целиот свет мора да реагираат“, рече Зеленски. „Ниеден напад врз Украина и Украинците - врз самиот живот - не може да остане неказнет. Русија мора да биде запрена, а тоа е можно само со заеднички сили“. Зеленски, исто така, ги сподели шокантните сцени од местото на настанот. Фотографиите прикажуваат рането и крваво лице на носилка од амбулантно возило опкружено со лекари и пожарникари, додека други слики покажуваат катастрофална штета на повеќекатната зграда со урнати фасади и скали, скршени прозорци и остатоци расфрлани низ дворот и паркингот околу објектот.Тагови: дрон Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter