Младите кошаркари на Шпанија нови шампиони на Европа - Канал 5

Младите кошаркари на Шпанија нови шампиони на Европа

Младата кошаркарска репрезентација на Шпанија е нов европски шампион.

Младите кошаркари на Шпанија нови шампиони на Европа
На Европското првенството за кошаркари до 20 години кое се одржа во Финска, младите Шпанци во финалниот натпревар одигран во Хелсинки, ја победија репрезентацијата на Литванија со 68-53 по четвртини 17:17, 23:15, 12:14 и 16:9.

До второто злато на Европските младински шампионати „црвената фурија“ ја предводеа Марк Гарсија со 21 постигнат поен и Рамон Виља кој оствари дабл-дабл учинок од 18 поени и 14 скокови.

Бронзениот медал го освоија кошаркарите на Турција кои во дуелот за третото место беа подобри од врсниците од Германија со 76-61.

Репрезентациите на Белгија, Финска и Унгарија кои беа на последните три места следната година ќе играат во Б дивизијата.

Нив пак во елитната А дивизија ќе ги заменат селекциите на Исланд, Црна Гора и Грција селекции кои ги освоија првите три места на првенството во Халкида, Грција, на кое настапи и младинската македонска репрезентација која во Б дивизијата заврши како 14-то рангирана, односно севкупно на 30-тото место во конкуренција на 38 репрезентации од цела Европа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници

Нов електронски систем за автоматско препознавање на пријателски и непријателски авиони успешно ги помина воените тестирања и е одобрен за употреба на ловците „F-16“.

Нов систем за „F-16“: Крај на пукањето врз сојузници

Системот од компанијата „BAE Systems“, означен како „AN/APX-127(V)1 Combined Interrogator Transponder “претставува модернизирано решение што интегрира две функции во еден уред. Неговата цел е да го намали ризикот воените пилоти случајно да пукаат врз сојузнички авиони.

Кога пилот на „F-16“ ќе открие неидентифициран авион на радарот, системот испраќа шифрирано дигитално барање до него преку радио-сигнал. Овој процес е познат како идентификација преку барање или „испрашување“.

Ако авионот му припаѓа на пријателска земја или на сојузник од НАТО, неговиот систем автоматски го прима сигналот, го дешифрира користејќи безбеден воен клуч и враќа прецизно дефиниран, исто така шифриран, одговор.

Ако „F-16“ добие валиден одговор, неговиот систем го означува авионот како пријателски на екранот на пилотот. Доколку нема одговор или примениот код е погрешен, авионот се означува како непозната или непријателска закана.

„BAE Systems“ го дизајнираше новиот уред како директна замена за постарата опрема што се користи на авионите „F-16“ ширум светот. Ова овозможува модернизација на постоечките авиони без потреба од развој на целосно нов систем за идентификација. Системот ефективно функционира како дигитална контрола во воздух: „F-16“ може истовремено да го потврди идентитетот на другите авиони и да го потврди сопствениот идентитет пред сојузничките сили кога тие ќе испратат барање. Ова дополнително го намалува ризикот од погрешна идентификација во ситуации кога во воздушниот простор е присутен голем број авиони.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно.

Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра.

Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка.

Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции.

Правда мора да има.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Една година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот.

„Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките.

СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања.

Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци.

Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка.

Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра.

Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја.

Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер