Младите кои ја извојувале битката со апел за повеќе информации околу детскиот канцер - Канал 5

Младите кои ја извојувале битката со апел за повеќе информации околу детскиот канцер

Учесниците на конференцијата имаа можност да слушнат предавања од доктори од регионот на повеќе теми поврзани со предизвиците и последиците со кои се соочуваат децата кои го победиле канцерот.

Младите кои ја извојувале битката со апел за повеќе информации околу детскиот канцер

Четириесеттина млади од земјава, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ја извојувале битката со ракот во детството се дел од Регионалната конференција на млади излекувани од канцер што од четвртокот до денеска се одржува во Струга, во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа – САНО.

Учесниците на конференцијата имаа можност да слушнат предавања од доктори од регионот на повеќе теми поврзани со предизвиците и последиците со кои се соочуваат децата кои го победиле канцерот.

Младите, сарвајвери, односно преживеани, како што меѓу себе се нарекуваат, упатија апел до институциите да ја сфатат сериозноста околу немањето информации околу педијатрискиот канцер.

- Станува збор за суштински проблем, кој не го препознава ниту системот, ниту јавноста, а тоа е дека децата кои се лекувани со канцер и времето поминато во болница за нив е „дупка“ во која губат многу. За жал, ние немаме соодветно образование додека децата се во болница. Имаме цели генерации деца и родители кои буквално се пуштени низ вода. Нашиот систем и јавноста не ја препознава тежината на тој пропуст, посочува претседателката на Здружението САНО, Марија Вук.

Во регионот, според неа, состојбата е многу подобра.

- Децата имаат образование, кое е во тек на процесот на лекување. Додека се во болница имаат ангажирано професори, кои се на одделенијата и работат со децата. Кај нас сметаме дека тие деца се дискриминирани и ова сериозно треба да се сфати за да се исправи, додаде Вук.

Покрај едукативниот дел, слободното време го поминуваат во забава и дружење, а дел од активностите беше и еко акцијата за чистење на Струшкото крајбрежје, со апел да ја чуваме околината и природата. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.

Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење

На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

„Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска.

Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите.

„Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка.

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање,  постои мерка на администрација

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка, потенцирајќи дека на надзорната расправа релевантните фактори покажале сериозен и квалитативен пристап при изнесување на фактите.

„Она што е добро, што денес имавме можност да имаме еден исцрпен, сериозен и квалитативен пристап од сите поканети сведоци на расправата, и имавме можност да уште еднаш ги потврдиме фактите како што се, но исто така имаше можност да се разбие една магла, што некој упорно се трудеше да ја направи и во јавноста, а и денеска неуспешно на седницата. И добро е што сите релевантни фактори денеска што имаа искази, ни помогнаа да сфатиме дека сепак има разлика од она што бевме научени порано и дека случајот со Алта банка Битола не е ниту ТАТ, ниту Лавци, ниту Алфа С, ниту пак Еуростандард и дека можеби тоа се токму причини, некогаш во некои диви времиња кога исто така државата беше предводена од СДС, да се направи регулација на овој пазар или на оваа дејност, која што ќе ме исправите ако грешам, можеби најрегулирана во сите сфери и од тој аспект токму тие се мерки, инструменти и чекори коишто се преземаат за такви случувања да не се повторат“, рече Јаревски и додаде:

„И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација и каде што можеби сите констатираме дека Народната банка брзо реагирала, соодветно реагирала, ги искористила правите инструменти, секторот е стабилен, банката е ликвидна и дека имаме услови, дури и колегата спомена, мала промена во наративот во првот дел од расправата дека имаме услови каде што банката има основа да биде ставена на продажба и понатаму да функционира“.

Во однос на случувањата со Алта банка, пратеникот Јаревски посочи дека постои мерка на администрација, односно, Народна банка реагирала навремено и соодветно. Тој упати прашање до вицегувернерот на Народна банка, Игор Величковски, во однос на законската основа, односно ограничувањата кои се воведени за располагање на средствата на граѓаните и компаниите и дали се превидени олеснувања за истите.

„Исто така да ви се заблагодарам и во вашето експозе каде што обрнавте внимание и за причините и за законските основи на самата администрација што се однесува, тоа се многу важен сегмент да се направи и разлика од она мешање со термините во јавноста, но исто така би сакал и да изнесам, да ја искористам и можноста да запрашам нешто повеќе околу законската основа и практично зошто се воведуваат ограничувањата за располагање на средствата на граѓаните и компаниите. Можеби тоа е последниот сегмент да го разбиеме комплетно и да ги разобличиме овие наводи што се во јавноста, односно средствата на граѓаните и компаниите и следствено на тоа дали се предвидуваат понатаму и олеснувања во однос на располагањето на средствата на правните лица. Сметам и ценам дека уште овие два елементи доколку обратиме соодветен аспект, конкретната информација, дека некои што сакаат да прават забуни, дека некои коишто сакаат да ја однесат банката во стечај, сите нивни адути ќе бидат отстранети“, рече Јаревски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер