Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
2Сите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштеди
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ЗдравјеМладиот Јане Велковски конечно го доби лекот „Спинраза”За Јане Велковски овој распуст ќе биде поинаков од претходните, денеска ја прими веста која за него значи нов живот. Лекот спинраза конечно ќе го добие со овој лек тој ќе има подобар живот состојбата со здравјето ќе се подобри, а најголема надеж е дека Јане ќе има можност да оди. Неговиот сон е фудбалот, верува дека еден ден ќе застане на фудбалскиот терен, а сонот на неговите родители нивното дете да има поквалитетен живот. Освен Јане овој лек ќе го добијат уште седум деца. Министерот Филипче вели дека лекот е од новата генерација на лекови за спинална мускулна дистрофија и ќе го добијат луѓето со оваа состојба. Јане ова лето ќе наполни 11 години, период за кој како што вели ја научил суровоста на животот, но и животната лекција дека упорноста и волјата може да бидат виза за подобра иднина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗГрадоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир ФетахуНа средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните. Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани. Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСите возила на Град Скопје и јавните претпријатија под GPS контрола – помали трошоци, поголеми заштедиГрад Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства.Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната маршрута и брзина, времето поминато во движење, како и потрошувачката на гориво. Дополнително, со специјални сонди се следи и нивото на горивото, со што се овозможува навремено откривање на нелогични трошоци и подобра контрола врз користењето на службените возила. „Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување. Градскиот буџет е сопственост на граѓаните и со него мора да се управува домаќински, одговорно и транспарентно“, порачаа од Град Скопје. Домаќинското управување веќе дава конкретни резултати. ЈСП Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од околу половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, во споредба со првите шест месеци од истиот период минатата година. Град Скопје посочува дека ова е само еден дел од мерките насочени кон рационално користење на јавните средства. Вооедно, градоначалникот користи сопствено возило и горивото го плаќа од сопствени средства, додека службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје. Секој денар што ќе се заштеди од непотребно трошење да биде насочен кон подобрување на услугите и условите за живот на скопјани: улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и други приоритети. Град Скопје продолжува со воведување ред, контрола и домаќинско работење, со јасен принцип дека јавните средства мора да се користат исклучиво во интерес на граѓаните. Град Скопје Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ЗабаваФото: Девојка на светска фудбалска ѕвезда во проѕирно од главата до петицитеАтрактивната Ешлин Кастро објави провокативни фотографии во фустан од тантела и доби многубројни комплименти за својот изглед.Девојката на ѕвездата на Реал Мадрид и Англија, Џуд Белингем, манекенката и инфлуенсерка Ешлин Кастро – со која тој е во врска две години – позираше во провокативно издание на последната фотографија објавена на Инстаграм и предизвика бројни реакции, главно позитивни. „Во последно време – само тантела“, напиша атрактивната Американка, која на фотографијата носи црн фустан од тантела, целосно проѕирен, што ги истакнува нејзините атрибути – особено во неколкуте пози во кои таа се покажа вешто и заводливо. Фустанот имаше тенки прерамки, а таа го надополни изгледот со впечатлив накит и фризура со крената коса во пунџа; набрзо потоа, објавата беше преплавена со коментари за нејзиниот изглед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook