3Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд
Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
2Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан
КултураМлади од Македонија ја посетија Софиската митрополијаГрупа македонски православни младинци од Кичевско ја посетија Софиската митрополија. Ги предводеа монаси и монахињи, духовни чеда на игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски Партениј, објави веб-страницата на Бугарската православна црква. Како што јави дописникот на МИА од Софија, младите учат црковно пеење во школата за црковно пеење во Кичево, под духовна грижа и водство на монахињите од манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста". Во салонот на Софиската митрополија гостите ги пречека епископот Белоградчишки Поликарп, викар на митрополитот Софиски и бугарски патријарх Неофит. Владиката Поликарп ги поздрави гостите од негово и од името на патријархот Неофит. Тие од своја страна го поздравија епископот со духовна песна за Рождеството Христово. Епископот Поликарп ги благослови младите и ги замоли да му пренесат поздрав и почит на нивниот духовен отец, епископот Партениј, како и на сите монаси од Бигорскиот манастир и женските метоси на манастирот. Гостите беа почестени со слатко, а сите добија торба со подарок, благослов од неговата светост патријархот Неофит. Младите од Кичевско пред да дојдат во Софија беа на поклонение во Рилскиот манастир, каде што учествуваа на неделната света Литургија и беа пречекани од игуменот и монасите на манастирот. Во Софија ги посетија митрополитскиот храм „Света недела", древната христијанска црква „Св. Софија", руската црква „Св. Никола" изградена во 1914 година и патријаршискиот храм „Св. Александар Невски".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМакедонски уметник и хуманист Цветин изработи 35 метарска мироцветна патекаЖивко Поповски – Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35 метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува Симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности кои живеат во Македонија. „Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава дополнителна вредност, се грижи за своето утре, кроток по природа. Нека ни е честито одбележувањето на независноста и да славиме уште многу вакви јубилејни денови. Оваа патека ја посветувам на граѓаните на Македонија со апел да продолжат да се грижат и да работат на остварување на мир во светот“, вели Поповски – Цветин. Мироцветната патека ќе се промовира на улица „Македонија“, во училишта, здруженија на граѓани, на промоции на книги и други настани, секако проследена со поезија, песна и музика. Живко Поповски – Цветин е уметник сликар и хуманист и кандидат за Нобеловата награда за мир. Во македонската и пошироката светска јавност е познат и почитуван по неговата хумана акција – мисијата Цвеќето на мирот. Во Македонија и во странство има реализирано повеќе од 300 изложби. Во изминатите години творештво тој подарил повеќе од 70.000 слики, кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти и на многу институции и поединци кои зрачат со позитивна енергија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 годиниПовеќето луѓе го проверуваат своето здравје еднаш годишно преку рутински лекарски прегледи. Но, ваквите прегледи даваат само моментална слика за состојбата на организмот.Ново истражување од National University of Singapore (NUS Medicine), во кое професорот Дин Хо бил и самиот учесник, нуди поинаков поглед на здравјето и долговечноста. Студијата, наречена DELTA, се заснова на идејата дека секој човек има сопствена биолошка основа која постојано се менува во зависност од возраста, стресот, спиењето, исхраната и физичката активност. За да ги следи промените во организмот во реално време, 47-годишниот професор значително го променил својот животен стил. Неговиот режим вклучувал пост од околу 20 часа дневно, повремени 48-часовни пости, 90 минути кардио или вежби со отпор секое утро, како и медитерански начин на исхрана со зелен лиснат зеленчук, семки, маслиново масло и немасни протеини. Според податоците објавени во списанието PLOS ONE, систем со вештачка интелигенција, специјално развиен за истражувањето, проценил дека биолошката возраст на професорот е 32 години, односно 15 години помалку од неговата хронолошка возраст. Истражувачите следеле и други промени. Времето потребно неговиот организам да премине од користење глукоза кон масти како главен извор на енергија се намалило од 24 на 16,5 часа. Пулсот во мирување се намалил од 65 на 46 отчукувања во минута, додека времетраењето на спиењето се зголемило од 5 на 8 часа. Подобрена била и разновидноста и состојбата на цревниот микробиом. „Здравјето е континуирана приказна, а не само една моментална слика“, вели професорот Дин Хо. Истражувачите се надеваат дека DELTA ќе помогне луѓето да се оддалечат од универзалните здравствени рутини и наместо тоа да го приспособат својот животен стил според континуирани и персонализирани здравствени податоци. ФОТО: instagram/thedeanh Извор: medscriptumКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“. Centar Night Run — Ноќна урбана трка | Скопје 2026 „Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски. „CENTAR NIGHT RUN“ има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар. По завршувањето на „CENTAR NIGHT RUN“, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, со што спортската вечер ќе прерасне во голема забава за сите учесници и посетители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00