„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
1„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
ЗабаваМлади карневалисти од Струмица заокружуваат полуматура на КарневалотМлади струмичани остануваат верни на аманетот на претходниците и успешно ја продолжуваат струмичката карневалска традиција, подготвувајќи ги своите маски, кои ги кријат од очите на другите се до настапот на главната карневалска вечер.Една од младите карневалски групи е и таа од ОУ „Видео Подгорец“, која годинава со учеството на Карневалот заокружува полуматура. Оваа група предводена од учителката Соња Цицимова и нивните родители изминатите денови ја усовршуваа кореографијата за настапот. Младите карневалистите повеќе години по ред освојуваат награди и успешно го претставуваат Струмичкиот карневал на карневали во странство. Младите карневалистите маскирањето го запознаа кога беа првоодделенци со маската „Виножито“, па беа „Папагали“, „Пуканки“ „Струмички шпагети“, „Пчелин рај“ „Матадори“, а со годинашната маска, за која откриваат дека само е посветена на една препознатлива земја од ЕУ, се надеваат дека и со неа ќе ја продолжат серијата успешни настапи. -Со оваа генерација деца јас сум од прво одделение, кои сега се деветто. Оваа година ми е посебно значајна и симболична, бидејќи децата се полуматуранти и заминуваат од училиштето. Го доживувам како завршен проект од нашата карневалска мисија и историја. Сакам од овој период да го понесат чувството за изграден однос кон карневалот, оти не биле само гледачи, туку и активно учествувале со длабока свест за традицијата која за да ја имаме треба да ја одржуваме, вели Цицимова. Според неа, како училиште им е најважно нивните маски да имаат едукативна порака и тоа го правеа и со досегашните маски кои собраа многу награди во земјава и странство. -И годинава имавме тежок избор, бидејќи сакаме да се покажеме во најдобро издание. Идејата за годинашната маска од ден на ден ја надградувавме и ќе претставиме едно убаво и чудно патување во Европа, вели Цицимова, која сепак открива мал детаљ од годинашната маска. За неа токму преку изработката на маските и учеството на карневалите се всадува љубовта кон вековната струмичка традиција и возрасните се тие кои треба да им помогнат на децата да ја сфатат важноста на оваа манифестација. -Покрај тоа што со маската го претставуваме училиштето, сепак таа на некој начин има семеен карактер, бидејќи без помош на родителите, од кои некои се и учесници, нема да бевме толку успешни. За мене сега се поставува едно тешко прашање: што по заминувањето на децата? Јас сакам овие деца со нивниот изграден однос кон карневалот да продолжат во средните училишта, а со родителите ќе иницираме формирање на карневалско здружение и нашето дружење да продолжи, рече Цицимова. Сепак, учителката Соња ја продолжува традицијата со нејзините ученици од четврто одделение. Таа и со нив подготвува маска за учество на Детскиот карневал, а се надева дека од наредните години најмладите карневалисти ќе продолжат со учество на Големиот карневал и на тој начин ќе ја продолжат успешната традиција. Годинава Струмичкиот карневал се одржува од 13 до 20 март. Главниот настан, карневалското дефиле, се одржува вечер, а утре е традиционалниот Детски карневал по повод празникот „Прочка“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Забава„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светотСлавниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери. Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот. „Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите. Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари. Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“. Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот. Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“. Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог. Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари. Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтрашен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)Голем верижен судир, во кој учествуваа десетици возила, се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија поради густа магла.Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот. Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно запрен во двете насоки, пренесува бугарскиот информативен портал „btvnovinite.bg“. Првата пријава за верижен судир во правец кон Бургас пристигнала околу 7:00 часот, а набргу потоа стигнала и пријава за несреќа во правец кон Софија. Во судирите учествувале патнички автомобили и тешки товарни возила. Еден од камионите се запалил. Поради несреќата, денешната седница на бугарската влада е откажана, а претседателот Румен Радев ги откажа своите планирани обврски во Варна. Tragedy in Bulgaria. 10 people have died and over 50 were injured in a series of major crashes involving around 50 vehicles on the Trakia motorway near Yambol. Dense fog caused extremely poor visibility. 😭 https://t.co/AYu4pjvqaL — една българка (@transbulgaria) November 10, 2026 Георги Чалаков, регионалниот гувернер на областа Јамбол, потврди дека има жртви и ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна. Во регионот е активиран системот за рано предупредување на јавноста „BG-ALERT“. „Ова е исклучително тешка несреќа, не се сеќавам на ништо слично во Бугарија во последните години“, изјави Дијана Русинова“, претседател на Европскиот центар за транспортни политики. Русинова додаде дека во судирот учествувала и цистерна со пропан-бутан, што создало дополнителен безбедносен ризик. Според нејзините информации, луѓе – меѓу кои и деца – останале заглавени во некои од возилата. Еден од сведоците раскажа дека асфалтот бил многу влажен, а маглата исклучително густа. Тој опиша како видел камиони во пламен и автомобили што се превртувале во полињата покрај автопатот. На местото на настанот се испратени возила на итните служби од Јамбол, Сливен и Бургас, како и 14 противпожарни екипи. Повеќе од 20 војници, исто така, помагаат во расчистувањето на теренот. Медицински хеликоптери се во состојба на подготвеност, но одредено време не можеа да стигнат до локацијата поради густата магла. Состојба на повредените Осум пациенти се примени во болницата во Сливен. „Седуммина се во стабилна состојба, додека едно лице е во критична состојба“, потврди Михаил Кашеров, регионалниот гувернер на Сливен. Во болницата во Јамбол, тројца од повредените се во сериозна состојба, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев. Автопатот „Тракија“ ќе остане затворен во двете насоки подолг временски период, поради големиот број возила вклучени во несреќата и времето потребно за вршење увид на лице место. Полицијата го надгледува отстранувањето на камионите од местото на настанот за да се расчисти коловозот.Тагови: Бугарија несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБАКошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ , е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, е објавено на официјалната веб-страница на најсилната светска лига.Лука Дончиќ со неверојатен просек од 45 поени по натпревар заслужено го доби признанието за играч на неделата во НБА лигата. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (27), е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Минатата недела во НБА лигата, кошаркарите на Лејкерс остварија три победи на три натпревари. Во тој период, Дончиќ имаше просек од 45 поени, 8,3 асистенции, седум скока и 1,3 украдени топки по натпревар. Словенечкиот репрезентативец по 20-ти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА, а по петти пат како кошаркар на ЛА Лејкерс. Сезонава, Дончиќ има просек од 40,1 поен, 7,8 скока и 7,7 асистенции. До просекот од 45 поени по натпревар во текот на неделата тој стигна со постигнати 42 поени против Мајами, 40 против Сакраменто и дури 53 поени против Портланд во саботата. Меѓу номинираните за признанието кошаркар на неделата на Западот беа и : Дени Авдија (Портланд), Ламело Бол (Минесота), Стефен Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс) Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше прогласен за најдобар играч на Источната конференција во НБА минатата недела. Тој имаше просек од 27,7 поени, 6,3 асистенции и 3,3 скока по натпревар. Кошаркарите на шампионот Њујорк остварија три победи на три натпревари минатата недела. Кандидати за играч на неделата на Истокот беа Никил Александер-Вокер (Атланта), Јанис Адетокунбо и Клеј Томпсон (Мајами), Џејлен Браун (Филаделфија) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook