Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
ЗдравјеМлади „инфлуенсери“ собираат милијарди прегледи пропагирајќи нездрава храна за децаМлади „инфлуенсери“ се користат да продаваат нездрава храна на други деца преку YouTube - собирајќи неверојатни милијарди прегледи, предупредува нова студија. Истражувачите ја опишаа употребата на деца како широко распространета на YouTube за често промовирање на нездравата храна и пијалоци на други деца како „совршена бура за поттикнување на лошата исхрана“. Американските фирми за храна и пијалоци трошат 1,8 милијарди американски долари годишно ( 1,37 милијарди фунти) за пласман на своите производи на млади луѓе. Иако ТВ рекламите се главен извор за маркетинг на храната, компаниите драматично го зголемија рекламирањето преку Интернет како одговор на зголемената употреба на социјалните медиуми. Постарата авторка на студијата, докторката Мери Брег, од Факултетот за глобално јавно здравје на Њујорк, рече: „Децата веќе гледаат неколку илјади реклами за храна секоја година на телевизија, а додавањето на овие видеа на YouTube може да им отежне на родителите и децата да ја применуваат здравата исхрана. „Потребна ни е дигитална средина за поддршка на здравата исхрана наместо истата да ја обесхрабруваме“. YouTube е втора најпосетувана веб-страница во светот и е популарна дестинација за деца кои бараат забава. Повеќе од 80% од родителите со дете под 12 години им дозволуваат да гледаат „Јутуб“, а 35% од родителите велат дека нивното дете редовно гледа Јутуб. Д-р Браг изјави: „Maгијата на Јутуб може да биде особено силна во 2020 година, бидејќи многу родители работат од дома и мораат да се справат и со родителската задача поради Ковид-19“. Таа рече дека, кога родителите бараат видеа за мали деца, милиони од нив се осврнуваат на видеа од „влијателни деца“ - деца чии родители ги снимаат додека прават активности како што се научни експерименти, играње со играчки или славење родендени. Зголемената популарност на ваквите видеа на YouTube го привлече вниманието на компаниите, кои рекламираат или спонзорираат објави за да ги промовираат своите производи пред или за време на видеата. Најплатениот инфлуенсер на YouTube во последните две години беше всушност осумгодишник кој заработи 26 милиони долари (19,8 милиони фунти) минатата година. Д-р Браг рече: „Родителите можеби не сфаќаат дека влијателните деца честопати се платени од прехранбени компании за да промовираат нездрава храна и пијалоци во нивните видеа. Нашата студија е прва која ќе го мери степенот во кој се појавуваат пласмани на нездрава храна во видеата на YouTube од страна на влијателни деца“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликтиПолициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби.Денеска (11.08.2026) полициски службеници од ПС БПС Велес, спроведоа сообраќајна превентивна активност, во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината на движење според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за последиците што можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот. И Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Куманово и СВР Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај во Скопје, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Берово и Кочани, со акцент на потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Полициски службеници од СВР Скопје, ОВР Делчево и ОВР Берово во Скопје, Берово и Делчево реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаПронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лицеПо документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријаваДенеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него. По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.Тагови: револвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
КултураКонцертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска – Ивановска насловен „Ideale“ на Бит ФестКонцертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство.На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас - баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Концертот носи внимателно одбран репертоар кој ги спојува големите имиња на руската, германската, италијанската и француската музичка традиција со македонското музичко наследство. Публиката ќе има можност да слушне дела на Рубинштајн, Чајковски, Даргомижски, Штолц, Штраус, Шуберт, Тости и Ибер, меѓу кои и култната „Ideale“ од Тости, по која концертот го добива своето име. Особено место во програмата зазема и циклусот „Шансоните на Дон Кихот“ од Ибер, како и интерпретациите на македонските народни песни „Кога падна на Пирина“ и „Сношти минав покрај вази“, во обработка на Горан Начевски и Дарија Андовска. Иван Наумовски е еден од најафирмираните македонски вокални уметници од својата генерација. Бас-баритонот, кој е доцент по соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своето образование го надградува на престижните универзитети за музика и изведувачки уметности во Грац и Виена. Неговата професионална кариера опфаќа настапи на значајни оперски и концертни сцени во Европа и САД, како и учества на реномирани фестивали. Оперското деби го остварува во Опера Грац, а настапувал и во Македонската опера и балет, со репертоар кој вклучува повеќе значајни улоги. Особено важен момент во неговата кариера е дебито во 2025 година во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните концертни сали во светот. Партнер на сцената ќе му биде Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на Катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Таа е препознатлива по префинетиот звук, елегантниот музички израз и богатото концертно искуство. Како солист и камерен музичар настапувала во повеќе европски земји, како и во САД, а соработувала со бројни истакнати домашни и странски уметници. Со својата богата програма, концертот „IDEALE“ ветува музичка вечер во која виртуозноста, емоцијата и раскошот на вокалната интерпретација ќе се сретнат со суптилноста и моќта на пијаното. БИТ ФЕСТ – 15 август, 20:00 часот, Офицерски дом – Битола. Вечер посветена на музиката, големите автори и врвните македонски уметници.Тагови: Бит Фест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook