ЖивотМлади херои излекувани од детски канцер надеж за децата што се борат со болеста Во животот се соочиле со многу препреки, но ја извојувале најголемата битка, го победиле канцерот уште во најрана возраст. Овие херои, сега се зрели и реализирани личности, а со својот животен успех се поттик и мотив за многу како нив, мали херои, кои во моментот се борат - доказ дека на крајот од тунелот сепак има светлина. Четириесеттина од нив, сарвајвери или преживеани, како што меѓу себе се нарекуваат, од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се дружеа на струшкото крајбрежје, разменија искуства, но и научија многу нови работи на Балканската конференција на млади излекувани од канцер во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа – САНО. Сега полни со нова енергија и нови знаења од врвни предавачи се вратија дома на своите огништа, подготвени да го споделат тоа со малите големи борци, на чии семејства им се најголема поткрепа и жив пример дека детскиот канцер е излечлив. Борбата продолжува и по завршување на лекувањето Овие млади луѓе кои го победиле ракот се соочуваат со последиците и предизвиците, кои ги носи болеста, а за кои велат, многу малку или воопшто не знаеле. Луција Доротиќ од здружението „Кријесница“ од Хрватска во изјава за МИА вели дека дијагнозата ја добила на свои 15 години, иако оттогаш поминале години, таа е здрава и реализирана личност, сепак вели дека борбата не завршува со лекувањето, туку неколку години потоа. - Мислам дека е многу важно за децата и тинејџерите кои моментално се лекуваат постепено да ги упатиме во она што ги очекува, да не бидат шокирани од нови дијагнози, или нови последици кои ќе предизвика лекувањето. Во текот на лекувањето ги знаат само оние информации што се насочени исклучиво само на лекувањето, а не и на тоа што ги очекува подоцна, вели Доротиќ. Слично мислење дели и нашата Адријана Серафимовска, волонтер во САНО, која забележува дека во државата нема протокол за следење на доцните последици, што треба да го следат децата кои го победиле канцерот. - Кога ќе заврши третманот, не е завршена и борбата. Секој од нас се соочува со различни последици, кои не ги препознаваме, ниту ги знаеме. Секоја дијагноза е различна и последиците се различни. Најчесто добиваме усни насоки, каде да продолжиме, но тоа не е доволно. Голем дел од родителите одлучуваат да преземат иницијатива и сами на своја рака да ги носат децата на редовни контроли, а потоа преминува на самите нас. Но, одреден број родители одлучуваат тука да застанат, сакаат тоа да остане зад нив и најчесто последиците кои ќе се појават понатаму во животот незнаат од каде потекнале, посочува Серафимовска. Волонтерите надеж за семејствата чии деца се борат со канцер Волонтерите од здруженијата со деца кои се излечиле од детски канцер, се најголема надеж за родителите чии деца во моментот се во болничките кревети и се борат со опаката болест. Со емоции говорат за враќањето во болничките простории, онаму каде што ги поминувале најтешките денови, но среќни се што можат да им помогнат на дечињата што се сега таму, да им пружат поддршка и надеж дека еден ден и тие ќе бидат здрави личности и ќе уживаат во убавините на животот. Лекувањето на Теодора Трајковска, иако било пред 14 години, сепак, вели кога ги посетува дечињата на Одделот за онкологија на Детската клиника и се враќаат спомените, но и дава сила надежта што ја враќа кај родителите дека и нивното дете ќе биде здраво. - Тоа е бура од емоции кога ќе ги погледнам дечињата кои моментално се борат со таа болест. Но, ние како сарвајвери што сме го преживеале канцерот пред многу години, сме тука да им ја дадеме поддршката во моменти кои нас немаше кој да ни ја даде од аспект на некој што преживеал. Ја гледаме среќата и радоста на лицата на тие деца, кои сакаат да споделат некои работи, без разлика дали биле поврзани со ситуацијата во која се наоѓаат или приватни разговори кои неможе да ги зборуваат со нивните родители или пријатели. Во нас гледаат како големи дадички и батковци, кај кои секогаш можат да се обратат за совет. Кај родителите, ситуацијата е поинаква, тие гледаат надеж дека еден ден нивното дете ќе биде живо и здраво како нас, без разлика која дијагноза ја има. Тоа е навистина еден голем благодет, што можеме барем малку да им помогнеме во тие моменти и голема среќа за нас, а верувам дека и за нив, раскажува Трајковска низ емоции. Посочува дека неможат да се скријат емоциите ниту кај родителите кога ќе им кажат дека ја поминале болеста и сега се пред нив здрави и реализирани личности. - Тие гледаат огромна надеж во нас. Сакаат да се консултираат за некои периоди, како ние сме поминале низ болеста, како се однесувале нашите родители, дали имало нус појави во текот на лекувањето, како сме ги надминале. Секогаш сме отворени за совети. Во нас гледаат голема надеж, светло за крајот на тунелот за нивното дете, како што имало и за нас, нагласува Теодора, волонтер во САНО. Слично искуство дели и Адријана, која вели дека битката е тешка, посебно поради здравствениот систем што го имаме ние. - Јас кога се лекував немавме некој да дојде и да ни каже што се случува или барем да дојде да ни даде некаква надеж. Затоа и мислам дека ние што волонтираме сме поттикнати од личната потреба која сме ја имале и желба нас некој да ни помогне. Верувам, барем од реакциите и нашето искуство дека ова е многу значајно за родителите. Во тој момент се буквално изгубени, незнаат што се случува. Својата доверба ја ставаат во докторите, но потребна им е поддршка кога ќе видат некој како нас, што тоа го пребродел, сега е здрава и успешна личност. Сфаќаат дека и нивното дете може да биде здраво. Но, најважно е што сите се прашуваат што после болеста. Ова е доказ, гледајќи не нас дека и нивните деца можат да бидат успешани, реализирани и здрави, истакнува Адријана. И Доротиќ посочува дека кога ќе поразговараат со родителите чии деца се лекуваат од канцер и ќе им кажат дека го поминале тој пат и оти ја победиле болеста, кај нив се раѓа нова надеж и енергија дека ракот е излечлив и се борат посилно. Во Хрватска, според Михаел Северинац од здружението „Кријесница“, во три градови има детска онкологија, но натешките случаи одат во Загреб. Кога ќе стигнат во загребската болница, посочува дека најпрво како волонтери одат да поразговараат со родителите и им нудат првична помош за бесплатно сместување во „родителски куќи“. Потоа, им ја објаснуваат состојбата и ги спојуваат со сарвајверите, им кажуваат дека имале исто такво искуство и лежеле во истите болнички кревети. - Тие не знаат како изгледа примање хемотерапии, процесот на лекување, дека повраќаат, паѓа косата... сите се преплашени од тоа. Голем шок е за сите и родителите и за децата. Од огромна помош е тоа, кога ќе дојде некој и ќе им каже низ тоа поминав и јас. Тоа е голема надеж, го гледаат здрав. Имаат илјадници прашања во текот на лекувањето, тоа им дава големо олеснување и бенефит во конечната цел излекувањето, раскажува Северинац. За изборот на волонтери кои ќе разговараат со семејството, Харун Шариќ од здружението „Срце за децата болни од рак“ од БиХ нагласува дека внимаваат оние што одат на средба со родителите да можат тоа да го поднесат. - Воопшто не е лесно. Не е лесно да се вратите повторно во болница, да гледате деца во креветот како што сте биле вие. Но, по тој разговор со родителите на болни деца волонтерите се осеќаат многу подобро. Им помагаат на родителите, им даваат надеж, но и самите си помагаат, бидеќи ја искористиле негативната страна во својот живот да ја претворат во позитивна, вели Шариќ. Додава дека се жив пример за оние кои се лекуваат оти детскиот канцер е излечлив. - Ние сме жив пример, кога ќе отидеме на одделение и разговараме со децата со нивните родители да видат дека постои светло на крајот од тунелот. Кога родителите ќе слушнат дека сте имале иста дијагноза со нивното дете и сега седите покрај нив, тоа им дава дополнителна надеж дека и нивното дете ќе биде добро, вели Шариќ. Менталното здравје кај пациените и родителите Марија Вук, претседател на здружението САНО вели дека овие херои покрај тоа што успеале да се изборат со една тешка болест, ги совладуваат сите животни предизвици, без разлика на периодот на пропусти што го поминале во текот на лекувањето. - Никогаш на болеста и последиците од болеста не сум гледала како некаков хендикеп. Сметам дека овие деца имале среќа што успеале да пораснат и стекнат искуство што не може секој да го има. Тоа ги направило похрабри, помудри, поборбени и успеале да го дадат својот максимум во животот од себе. Овие средби се можност да покажат и разменат искуство колку повеќе можат и колку повеќе имаат можности во животот, вели Вук. Во нашата држава не се води сметка за менталното здравје на пациентите и нивните семејства. На Детската клиника има психолог, но, волонтерите забележуваат дека децата одбиваат соработка, се плашат од нив и ги изедначуваат со лекарите. - Физички последици делумно има во зависност од дијагнозата. Но, мислам дека најчесто барем кај нас нешто за кое не се зборува се токму психолошките последици што ги имаме. Многу мал акцент се става на менталното здравје и тоа не е во ред. Ние волотираме додека пациентите се на клиника, но откако ќе заврши третманот оставени се сами на себе и доколку немаат некој протокол или лице кое ќе им се јави и рече сега треба да дојдете на контрола потребно е да разговараме да видиме што се случува, мислам дека кај нас баш како што менталното здравје е табу тема, многу ретко ќе се одлучи некој да преземе иницијатива и да се подобри, смета Серафимовска. Слична е состојбата и во БиХ, има клинички психолози кои работат на клиниките, но не доволно, па здруженијата ангажираат свои. - Имаме двајца вработени психолози во Здружението, кои разговараат со децата и реализираат психолошки терапии во текот на лекувањето, но и по лекувањето. Ние го дополнуваме тој дел што државата не може да го исполни, но секако со помош на државата, смета Шариќ. Сарвајверските конференции место за дружба и размена на искуства Младите сарвајвери од регионот во Струга имаа можност да се дружат да ги споделат своите искуства, како се лекувале, кои се нивните предизвици во животот, но и како понатаму. Но, не само на оваа регионална, тие честопати се дел и од европските конвенции каде учат како да се изборат со последиците од болеста, но и како да им помогнат на оние на кои тоа им е потребно во моментот. Младата Луција петта година е дел од сарвајверските конференции и посочува дека им се многу важни. - Имаме контакт со оние кои поминале исто што и ние. Имаме слични последици, сличен пат на лекување и ни значи што сме меѓу своите, имаме разбирање, кое го немаме во нашето големо и мало опкружување, нагласува Доротиќ, посочувајќи дека животот го дели пред и после болеста. За значењето на регионалните конференции говори и Харун Шариќ од БиХ, бидејќи сите делат исти проблеми. - Кога ќе заврши лекувањето и младата личност ќе стане самостојна сфаќа низ што поминала. Тогаш често некои мислат дека се единствени во друштвото, во околината дека имале рак, и никој не ги разбира. Кога ќе дојдат на вакви конференции сфаќаат дека не се сами. Постојат слични или исти на нив и ги има сегде низ Балканот. Се прави мрежа на млади луѓе кои се разбираат едни со други, си помагаат и гледаат дека тоа што го поминале е нормално. Животот продолжува и едни со други си се поддршка, додава Шариќ. Непознавањето на луѓето за канцерот и предизвиците кои ги носи, според Михаел Северинац од Хрватска, придонесува луѓето да не знаат како да се однесуваат со болните. Тоа е токму поради фактот што малигните болести се табу тема за која не се зборува и штом ќе се слушне канцер одма луѓето тврдат дека е готово и нема лек. - Луѓето незнаат како да им пристапат на родителите и да се однесуваат кон децата во текот на лекувањето, но и потоа. Тогаш доаѓаме до големи проблеми и по лекувањето, друштвото незнае да те прифати и ти мораш да се соочуваш со тоа. Тоа е големо психолошко оптеретување, за сите, за родителите за семејството и за детето. Затоа се клучни ваквите дружби, каде сите можеме да ги споделиме своите искуства да слушнеме од некој дека и друг се соочувал со истото. Да слушнеме совети како да се справиме со тоа, што да направиш, како да се лобира со државата и во нашите организации, но и како да ја освестиме целата јавност да знае да се соочи со тоа и како да помогне, смета Северинац. Потребен е центар за следење доцни последици Следењето на доцните последици е пракса во Европа, но не и кај нас. Оттука и потребата за отворање центар за следење доцни последици, нешто што во државата го нема. Единствена поткрепа на семејствата кои го минат трнливиот пат со детскиот канцер се волонтерите од САНО, кои споделувајќи им ги сопствените искуства ги насочуваат што може да очекуваат. Но, и тие се оградуваат само на личните искуства, нагласувајќи дека сепак е потребен стручен совет. - Детските онколози им даваат усни насоки како треба да изгледа тој протокол, но најчесто не се доволно информирани ни каде треба да се упатат и доаѓаат кај нас. Ние имаме информации само од личните искуства и даваме насоки секаде каде што можеме. Сепак не сме доктори и најчесто кога ќе не прашаат нас, мислам дека не е во ред ние да кажуваме што и како треба да прават. За тоа се потребни стручни лица, додава Серафимовска. Младите сарвајвери апелираат до институциите да ја сфатат сериозноста од немање информации околу педијатрискиот канцер. Според нив, се работи за суштински проблем, кој не го препознава ниту системот, ниту јавноста. Времето поминато во болница за децата е дупка во која тие губат многу. Состојбата во регионот е многу подобра, во процесот на лекување децата имаат и соодветно образование во болниците. Во нашата држава успешно функционира Родителската куќа, во склоп на Клиничкиот центар, каде родителите на деца кои се лекуваат на Детска онкологија имаат можност да претстојуваат бесплатно во пристојни услови и да си бидат поддршка во битката која ја водат. Во тек е доопремувањето на Регионален центар за рехабилитација на деца кои се излекувале од канцер во старото училиште во скопското село Кучково. Регионалниот центар што САНО и Општина Ѓорче Петров го прават преку проект од Швајцарската банка и Агенцијата за локален развој, ќе има капацитет од околу 40 легла и младите херои и нивните семејства ќе имаа можност да поминат одреден период на рехабилитација и третман од стручни лица. Дека канцерот нема возрасни граници говорат и податоците за лекување на новороденчиња до деца до 14 години на детските онкологии, за кои процентот на излекувани во регионот е околу 80 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран: Немаме проблем со Бугарија, но имаме право да нападнеме извор на агресија кон насТехеран денеска повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.„Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, исто така претставува учество во акт на агресија“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи. Тој додаде дека „Иран има право да го нападне изворот, односно местото на потекло, на каков било акт на агресија против себе“. „Претходно беше објавено, а извештаите го потврдија тоа, дека неколку авиони за полнење гориво ја напуштиле бугарската територија. Како што признаа многу бугарски граѓани и политичари, одобрувањето на престојот на тие авиони во бугарската база е спротивно на меѓународното право и претставува поддршка за воената агресија на Соединетите Американски Држави и израелскиот режим против Иран“, тврди тој. „Долго време играме шах, но сега научивме и да играме покер“ Иран претходно ја предупреди балканската земја, која е и членка на Европската Унија, да не им дозволува на САД да ги користат нејзините воздухопловни бази во војна. Минатиот месец, парламентарната комисија за одбрана на Бугарија одобри владин предлог со кој ќе се овозможи привремено распоредување на американски авиони за полнење гориво и американски воен персонал во воздухопловната база Безмер. Овој потег предизвика остро предупредување од Иран за овозможување на американски воени операции. Багаеи тогаш рече дека секое учество во планирањето или извршувањето на вакви операции би претставувало соучесништво во „злосторството агресија и воени злосторства“. Тој го повика бугарскиот парламент да го отфрли распоредувањето на американските сили. Багаеи денес додаде дека Иран „долго време игра шах“ и дека во последниве години „научил и да игра покер“, осврнувајќи се на развојот на воената стратегија на Техеран. Тагови: Бугарија Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ЗабаваУште една земја се повлекува од Евросонг: Натпреварот веќе не е неутрален Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар следната година, потврди денеска нивната национална телевизија. Како причина, тие ги наведуваат поделбите околу војната во Газа, поради што, според нивната проценка, натпреварот повеќе не може да се смета за неутрален. „Евросонг повеќе не е независен и неутрален“ Извршниот директор на холандската телевизија АВРОТРОС, Тако Цимерман, ја објасни одлуката во официјално соопштение. „Неспорно е дека меѓународните конфликти сè повеќе влијаат на натпреварот и ја поткопуваат неговата неутралност. Како резултат на тоа, Евровизискиот натпревар стана платформа за поделби“, се вели во соопштението. Во соопштението за медиумите се додава дека неодамнешните промени што ги објавија организаторите не се доволни. „Најавените промени не ни даваат доволно доверба дека независниот и неутрален карактер на Евровизискиот натпревар е обновен“. Последици од вклучувањето на Израел Одлуката на Холандија следеше по низа контроверзии поврзани со учеството на Израел. Израел беше многу блиску до победа во 2025 и 2026 година и заврши втор двата пати. Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година го гледаа 131 милион гледачи, што е пад од 35 милиони во споредба со претходната година. Гледаноста се намали откако пет земји го бојкотираа натпреварот поради учеството на Израел. Холандија, Исланд, Шпанија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот. Последните три земји, исто така, одбија да ја емитуваат програмата. Порано овој месец, организаторите објавија ново правило според кое земјите вклучени во вооружен конфликт не можат да бидат домаќини на натпреварот. Следниот домаќин е Бугарија Следниот Евросонг, најголемиот светски музички настан во живо, ќе се одржи на 15 мај 2027 година во бугарскиот град Бургас на Црното Море. Бугарија ќе биде домаќин за прв пат, а можноста ја доби откако бугарската пејачка Дарина Јотова, попозната како Дара, го освои овогодинешниот натпревар во Виена со песната „Бангаранга“. Евровизискиот натпревар беше лансиран во 1956 година и со текот на времето стана клучна платформа за поп-музичарите. Тоа ја направи шведската група ABBA позната, а беше важно и за кариерите на изведувачи како Селин Дион, Клиф Ричард и Оливија Њутн-Џон.Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИсплови подморница на „судниот ден“ – очите на целиот свет се вперени во Путин Немаше никаква помпа кога најновата руска подморница исплови од пристаништето за прв пат минатата недела.Но, додека бродот, познат како Хабаровск, го напушти пристанишниот град Северодвинск за тестирање во Белото Море, беше внимателно следен од аналитичарите и, без сомнение, од странските разузнавачки служби, објави Сан. Елегантната подморница од 10.000 тони е наменски изградена да носи до шест од најновото оружје на Владимир Путин за судниот ден, нуклеарните торпеда Посејдон. Според извештаите на руските медиуми, автономните уреди, напојувани од сопствени нуклеарни реактори, можат да бидат лансирани на море, потоа тивко да патуваат до својата цел и да ја детонираат својата боева глава под вода, предизвикувајќи разорна експлозија и потенцијално масивно цунами на бреговите на непријателот. Се смета дека имаат дострел од повеќе од 6.000 милји, или околу 9.700 километри, што значи дека можат да останат на површина подолг временски период, како и можност за нуркање до длабочина до 1.000 метри. Во последните денови, руските пропагандисти го повикуваат Путин да го користи Посејдон против Велика Британија како одмазда за одлуката на Лондон да ја снабдува Украина со беспилотни летала што се користеа во напади длабоко во Русија. „Дајте им на Британците три дена да научат да дишат под вода, а потоа удирајте ги со Посејдон“, рече Владимир Соловјов, водител на руската државна телевизија. Испадите, кои се совпаднаа со испрашувањата во Хабаровск, беа придружени со злокобна изјава од руската амбасада дека колку повеќе помош Лондон му дава на Киев, „толку е поголема цената што ќе ја плати“. Енди Бернам, британскиот премиер, го отфрли предупредувањето, инсистирајќи дека Велика Британија не е „пријател само кога времето е убаво“. И додека Посејдон изгледа како опасно и веродостојно оружје, експертите велат дека Москва веројатно нема да го испука како одмазда. „Мора да се запрашате до кого Русите ги испраќаат овие пораки“, вели д-р Ричард Коноли, експерт за руска одбранбена политика и соработник во Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии (RUSI). „Посејдон е она што би можеле да го наречете специјализирана способност. Не е масовно произведена и е дизајнирана за најлошото сценарио.“ „Ако го стореа она што го предлагаат руските ТВ презентери, ќе се соочеа со британскиот нуклеарен систем за одвраќање „Тридент“.“ „Затоа немаше да го сторат тоа, бидејќи знаат дека ќе има цена што ќе ја платат.“ Па, која е целта на подводното оружје за масовно уништување на Путин, освен чистото фалење? Потеклото на Посејдон датира од 1950-тите, кога советските воени научници бараа нови начини да ја избегнат американската ракетна одбрана. Беше дизајниран да носи хидрогенска бомба до локација покрај брегот на САД, потоа да ја детонира и да предизвика цунами што може да уништи цели градови или поморски бази. Советските планери на крајот ја отфрлија идејата бидејќи беше непрактична, а военото раководство се сомневаше дали оружјето може да се приближи доволно до американскиот брег за да се користи. Во тоа време, не беше можно да се вгради нуклеарен реактор во торпедо, ограничувајќи го неговиот дострел на 20 до 30 милји, или околу 32 до 48 километри. Меѓутоа, на почетокот на 2000-тите, руските претставници го оживеаја концептот, загрижени дека САД развиваат системи за ракетна одбрана што се закануваа да ги направат нивните интерконтинентални балистички ракети застарени. Како одговор, Русите го развија Посејдон и крстосувачка ракета со нуклеарен погон позната како Скајфол, дизајнирана да лета над Јужниот Пол за да избегне американски ракетни одбрани, осигурувајќи дека тие секогаш можат да возвратат. Русија досега објави планови за набавка на најмалку 30 торпеда Посејдон и четири подморници за нивно носење, иако се смета дека само Хабаровск започнала со изградба досега. Друга, постара подморница, Белгород, исто така е специјално модифицирана за да го носи оружјето, на кое НАТО му го даде кодното име Канјон. Теоретски, овие скриени бродови би можеле да го лансираат Посејдон на море, по што ракета слична на дрон би се движела автономно и бавно кон однапред програмирана цел. Благодарение на својот нуклеарен погон, може да патува практично на секое растојание, а Хабаровск би можел да го лансира неколку недели однапред, вели Вилијам Алберк, поранешен службеник за контрола на оружјето на НАТО и американската влада. „Ова нешто би можело да се крие прикрадливо, а потоа да удри како исклучително моќно оружје за втор удар“, додава тој. „Во исто време, тоа е исто така одлично оружје за прв удар, и во основа можете да ставите боева глава од која било големина на него“. Најверојатните цели би биле американски, британски или француски подморнички бази. Но, торпедата „Посејдон“ не се само балистичко оружје. Тие се исто така дипломатска и психолошка алатка со која Путин може да го уценува Западот. „Станува збор за одвојување на САД од нивните европски сојузници“, вели Алберк. „На почетокот на кризата, Русите би можеле да ги лансираат и да кажат: „Тие се сега во вода и ако САД се вмешаат, ќе ги нападнеме вашите подморнички бази“. „Доколку Русија се закани дека ќе ги нападне нашите подморнички бази, едноставно би можеле да ги повлечете подморниците.“ „Потоа е: „Добро, ќе ја нападнете нашата територија? Тоа би бил прв удар и ние би ве уништиле како одговор.“ Значи, лесно би можеле да го откриете нивниот блеф.“ Тоа би била и „невероятно ризична стратегија“ за Москва, бидејќи лансирањето на Посејдон, дури и ако биде оставено да чека во морето, би претставувало прв удар според Член 51 од Повелбата на Обединетите нации, вели Алберк. Исто така, постои дебата меѓу експертите за тоа колку е всушност ефикасен Посејдон. Нуклеарната крстосувачка ракета „Скајфол“, претставена од Путин и наречена од набљудувачите како „летачки Чернобил“, се покажа како лесна за забележување поради нејзиниот топлински потпис и трагата од зрачење што ја остава неговиот незаштитен реактор. Не е јасно, вели Алберк, дали Посејдон страда од истите слабости. При поголеми брзини, нарушувањето што го предизвикува во водата може да се открие од сонарните системи на НАТО, како и од фрегатите против подморници, самите подморници и авионите. „Може да биде многу добро заштитен и тешко да се открие, како нуклеарна централа на подморница“, објаснува Алберк. „Но, ако е нешто како Скајфол, тогаш всушност би можел да остави голем отпечаток. Едноставно не знаеме.“ На крајот на краиштата, дел од вредноста на Посејдон за Русија лежи во цената што би можел да им ја наметне на САД и НАТО, доколку одлучат дека мора да го претпостават најлошото сценарио и соодветно да се подготват. Но, експертите предупредуваат дека тоа исто така ризикува да поттикне трка во вооружување, бидејќи контрамерките создаваат потреба за уште повеќе контрамерки. „Во моментов сме во многу опасна ситуација“, вели Коноли. „Можеме да не се согласуваме со Русија и нејзината безбедносна архитектура. Но, тоа е едно, а сосема друго е да се каже дека едноставно мора да продолжиме да ескалираме.“ Наместо тоа, тој смета дека можеби е подобро да се прифати дека огромните суми потребни за целосна заштита од Посејдон не вредат за инвестицијата. „Би потрошиле огромна сума пари за да се спротивставите на нешто што би се користело само кога веќе сте во нуклеарна војна“, истакнува тој. „И, знаете, веројатно и онака немаше да бидеме тука.“ Портпаролот на Министерството за одбрана изјави: „Велика Британија стои рамо до рамо со Украина и ние сме посветени на обезбедување на опремата што ѝ е потребна на Украина за да се одбрани од нелегалната инвазија на Путин.“ „Русија не треба да се сомнева во решеноста на оваа влада да се спротивстави на руската агресија, како во Украина, така и против Велика Британија и нашите сојузници.“Тагови: Владимир Путин подморница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook