Млади, а веќе успешно позиционирани во својата фолклорна мисија - Канал 5

Млади, а веќе успешно позиционирани во својата фолклорна мисија

„Некои работи во животот се стекнуваат од раѓање, некои ги создаваме ние во текот на нашите животи.

Млади, а веќе успешно позиционирани во својата фолклорна мисија

Најзначајни се оние кои што ќе ги создадете сами и успешно ќе опстојуваат во текот на годините“.

Со оваа убава порака посветена до сите членови и љубители на македонскиот фолклор, фолклорниот ансамбл „Седенка„ од Булачани – Скопско, го одбележа својот 4-ти роденден.

Ф.А. „Седенка“ со сплотеност како заедничко семејство, го негуваат нашиот фолклор насекаде, а Роберт Ангеловски и Ивана Чаловска се најголемите ентузијасти, кои веруваат во својата желба и ја претворија во стварност, во која денес уживаат голем број играорци и љубители на традиционалниот македонски фолклор.

Ф.А. Седенка досега оствари соработка со бројни фолклорни организации во земјата,зема учество на повеќе културно - уметнички проекти, реализираше три самостојни годишни концерти, зема учество на меѓународни фолклорни фестивали во Босна и Херцеговина, Р. Хрватска, Србија, Р. Бугарија, Р.Црна Гора како и фестивали и проекти во нашата држава од меѓународен карактер. Особено сме присутни на локалните манифестации со одреден повод, каде што со нашите настапи ја збогатуваме програмата, а воедно и ја прикажуваме нашата дејност пред локалното население што е од огромно значење за нас како релативно нов Ансамбл, вели Роберт, и додава:

Фолклорниот Ансамбл Седенка моментално брои околу 100 членови кои се распоредени во 4 групи според возраста. Член може да стане секој што има желба да навлезе во водите на традицијата и има полни 5 години возраст. Членството може да се оствари во Септември или Јануари кога се предвидени Септемвриски и Јануарски уписи. Во рамките на Ансамблот функционираат играчка, пејачка и инструментална секција, така што нашите врати се отворени, не само за вљубеници во традиционалното оро, туку и за оние кои би сакале да се запознаат со изворното пеење или пак некој од народните/ изворните инструменти.

Работата со мали дечиња носи пред се голема одговорност, бара голема посветеност и искуство, вели Ивана. Работат со дечиња на возраст од 5-10 години кои сеуште не се доволно запознаени со суштината на она што го учат и вежбаат на часовите по фолклор.

Креативноста за организација и реализација на овие часови е доста важен сегмент со цел да се задржи концентрацијата и вниманието на дечињата кон тоа што се учи во текот на целиот час. Колку и да е напорно и макотрпно, работата со мали дечиња е благородна работа, а тогаш кога доаѓа најнапорното и најодговорното во нашата работа, тука се нивните насмевки кои максимално мотивираат да вложиш уште поголем труд., вели Ивана.

Во репертоар на изучување и промоција , застапени се игри и песни од повеќе региони на нашата земја. Со оглед на тоа што Ф.А. Седенка функционира во населените места во пределот на Скопска Црна Гора, која впрочем изобилува со богата лепеза на традиција, песна, ора и обичаи, нивното работење најмногу е насочено кон изучување и промоција на ората и песните токму од тој предел. Им го честитаме роденденот и им посакуваме уште многу успеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција

Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција, на свечената церемонија за затварање на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД.

Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција

На завршниот дел на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во Орландо, Флорида, директорот Ивановски оствари средби со директорот на ICITAP- Грегори Дукот, помошник-директорот на ICITAP- Стив Филдс, како и со високата претставничка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт демартментот на САД, Лесли Зиман.

Овој настан претставува исклучителна можност за размена на искуства, споделување добри практики и унапредување на меѓународната соработка во полето на откривање и справување со финансискиот криминал и борба против корупцијата.

Конструктивните дискусии и сесии со претставници на меѓународните безбедносни структури, споделување искуства со релевантни институции и средби со еминентни професионалци во оваа област, претставуваат важна потврда на партнерството, институционалната посветеност и заедничко делување во насока на остварување на стратешките цели на Управата.

Во рамки на свеченатa церемонија, на т.н. Годишен банкет на IACP 2026, беше избран и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД, началник Вил Џонсон, како и новите членови на Извршниот одбор. Конференцијата заврши со пригодна прослава, посветена на заслужни признанија и лидерство.

Поддршката од страна на САД и ICITAP, во процесот на дигитализација на оперативните истраги и координирани заеднички акции се од особен интерес и значење за Управата за финансиска полиција.

Директорот на институцијата, останува посветен на примена на стекнатите знаења и искуства, за унапредување на ефикасноста и квалитетот во работењето.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони

„Доколку апликацијата добро си ја врши својата работа ќе имате помалку причини за посета на институција.“

Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони

Вака преку робот на екранот наречен „Диги“ што наликува на поранешниот дигитален асистент Ада, владините претставници ја промовираа апликацијата „Муслуги“ која има за цел државните услуги и личните документи, за почеток личната карта и возачката дозвала „да се преселат во мобилниот телефон“ и да служат како електронски паричник за граѓаните да можат да ги користат и да пристапуваат до електронски услуги од јавната администрација. Целта е услугите да бидат подостапни, а потребата од одење на шалтер да се намали. Успехот на апликацијата нема да се мери според бројот на преземања, туку според завршените услуги и заштеденото време, порача на промоцијата Премиерот Христијан Мицкоски.

Еврокомесарот Михалис Рокас ги поздрави направените чекори кон дигитализацијата и исполнувањето на дел од обврските од европската агенда.

Апликацијата „М услуги“не можае преку ноќ да започне со целосна примена, сето тоа ќе се работи во фази и неоходна е адаптација, а и менување на правилниците на администрацијата, порача Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски.

„МУслуги“ треба постепено да го олесни пристапот до државните услуги, но колку навистина ќе им го скрати патот и времето на граѓаните до институциите, ќе покаже практичната примена. Дотогаш, дигиталната лична карта и возачката дозвола ќе бидат само првиот чекор кон администрација во која работите ќе можат да се завршат со неколку клика на телефон.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. 

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер