Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција
Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
1Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција
2Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
КошаркаМладеновски: Можеме рамноправно да се бориме со ситеВажи за повратник во нашиот сениорски национален тим. А се чини неговиот „камбек“ доаѓа во вистинско време, особено ако се знае дека стручнито тим кубури со недостиг на високи играчи, особено по отказот кој дојде од ко-капитенот Бојан Крстевски, кој ќе го „прескокне“ овој репрезентативен собир поврзан со настап на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин. По пауза од цела една година, која ја предизвика една посериозна повреда на раката, Љубомир Младеновски е повторно дел од „црвено-жолтите“... „Најпрво сакам да им се заблагодарам на луѓето од федерацијата, и на стручниот штаб кој ме повика на репрезентативен собир по пауза од една година условена поради тоа што имав тешка повреда на рачниот зглоб“- ќе каже Младеновски по првите одработени тренинзи. Извесно е дека летово ќе имаме и ѓаволски тешка задача. Да бидеме на едно од првите две места на турнирот во Талин во кој освен Македонија, и домаќинот Естонија, ќе учествуваат силните репрезентации на Чешка односно на Израел. „Што се однесува до квалитетот на натпреварувањето, со самите имиња кои што се на турнирот и против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говори за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Да видиме прво во кој состав ќе отидеме таму. Во однос на она мое последно учество во националниот тим, евидентно е дека е доста променет. И дека со овој квалитет со кој располагаме мислам дека можеме рамноправно да се бориме, и да се надеваме дека би поминале во следната фаза“. Младеновски смета дека многу работи, барем во овој момент, се непознати, најмногу се разбира изгледот на натпреварувачките ростери на селекциите кои ќе бидат во главниот град на Естонија, а и понатаму, во втората фаза која ќе се игра во полскиот град, Гљивице. „Секако, зависи и од тоа и тие во кој состав ќе дојдат во Талин. Сепак, тоа е малку незгоден термин, летен период. Играчите одат во клубовите, почнуваат подготовките за новата сезона. И се зависи од тоа во каков состав ќе се појават. Ако дојдат комплетни, веројатно би ни било доста потешко. Од причина што се поквалитетни од нас... Но ние никогаш не би се откажале. Секогаш ќе се бориме. Резултатот е 0:0 на почетокот. И ништо не се знае. Топката е тркалезна, и може се да се случи“. Каде можеме да ја бараме шансата за победи на претквалификациите? „Претпоставувам дека од овие селекции кои ќе бидат таму, Естонија е некоја со најслаб квалитет. И веројатно е дека таму треба да гледаме некоја наша шанса за победа. И сега, зошто да не, да изненадиме некоја од селекциите на Чешка или Израел. Повторно ќе кажам, во зависност од тоа во кој ростер тие репрезентации ќе дојдат. Секако дека е голем предизвик, секој играч мечтае да игра против играчи од таков калибар и да се покаже во најдобро светло“- смета повратникот во нашата најсилна селекција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРаботилница со основците од Кисела Вода во соработка со „Киненова“: „Снимај паметно, остави трага“ На 5, 6 и 7 октомври 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА“, се одржаа филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“ со учениците од VIII и IX одделение .На 5, 6 и 7 октомври 2026 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА“, се одржаа филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“ со учениците од VIII и IX одделение од основните училишта од Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива претставуваше практична финализација на проектот на Небојша Јовановиќ, овозможен преку Јавниот повик за проекти од локално значење во културата објавен од Општина Кисела Вода, а преку кој младите имаа можност со своите мобилни телефони да создадат оригинални видеоприказни. По училишниот избор, вкупно 16 учесници продолжија во следната фаза. Работилниците се реализираа под менторство на познатата филмска режисерка и документаристка Марија Џиџева, која преку куси лекции за историјата на филмот, основите на филмскиот јазик, сценариото, снимањето и монтажата ги воведе учениците во процесот на тимско креирање на кратки филмски форми од 1 до 2 минути на чувствителната тема за врсничкото насилство. Како што истакна режисерката и менторка Марија Џиџева, децата денес растат во дигитална ера каде што технологијата често станува катализатор за врсничко и сајбер-насилство. Но, наместо да ги изолира, филмскиот медиум може да ги обедини. Целта на овие кратки форми е преку тимска работа да се создаде простор во кој гласот на младите ќе се слушне јасно и автентично. Оваа работилница е повеќе од креативен процес, таа е мост на разбирање помеѓу генерациите, кој им овозможува на возрасните да погледнат низ очите на децата и подлабоко да ги разберат нивните борби и емоции, порачувајќи дека треба да ги поттикнеме младите да ја користат технологијата како алатка за разбирање и промена, а не за дистанцирање. 16-те учесници се симболично наградени за својот труд и креативност. Трите филмови ревијално ќе бидат емитувани на свеченото отворање на фестивалот на 14 октомври во киното „Фросина“, кога ќе биде прикажан и најновиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“. По свеченото отворање, во наредните денови се до 17 октомври, филмските проекции ќе се одржуваат во двете кино сали на подрачјето на Општина Кисела Вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаТриумф на Верстапен на спринт-трката за Големата награда на СингапурДебитанска победа на Макс Верстапен сезонава,– голема грешка на Џорџ Расел.Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на спринт-трката за Големата награда на Сингапур, која се возеше во дождливи услови. Поради дождот, почетокот на спринт-трката беше одложен за точно половина час, па акцијата започна околу 11:30 часот. По кругот за загревање, трката започна, а најдобро се снајде Џорџ Расел, тој стартуваше од втората позиција и уште пред првата кривина изби на чело на колоната, пред Макс Верстапен. Сепак, Британецот не се задржа долго на првото место, бидејќи уште во вториот круг, на стартно-целната рамнина, направи голема грешка и удри во заштитниот ѕид. Со тоа, тој си ги намали шансите да ја закомплицира борбата за титулата светски шампион, бидејќи на главната трка ќе стартува од последната позиција поради строги казни, без оглед на исходот од квалификациите. Макс Верстапен не ја пропушти оваа шанса и со сигурно возење успеа да се задржи на првото место, а со тоа и да ја забележи својата прва победа во сезоната. Второто место му припадна на Луис Хамилтон, додека вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, го комплетираше подиумот, што ја потврдува добрата форма на италијанскиот тим, кој сепак не можеше да го следи темпото на Холанѓанецот на оваа спринт-трка. Неверојатен потег направија возачите на Мекларен, кои имаа инцидент во последниот круг и со тоа само му помогнаа на Кими Антонели да ја заврши спринт-трката на четвртото место и да освои вредни бодови, со што дополнително ја зголеми својата предност во генералниот пласман. Бодови освоија и Лијам Лосон, Оливер Берман и Нико Хулкенберг.Тагови: Макс Верстапен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Скопското Кале добива нов лик и функционалност, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа претходните говорници, само сакам да кажам дека дојде редот и на калето да се среди. Има многу работи коишто треба да се средуваат една од тие е и Скопското Кале. Знаете дека успеавме да излеземе од тие предизвици поврзани со Скопје - европска престолнина на културата. Очекувам во периодот којшто следи практично калето да го добие оној лик и функционалност каква што ја заслужува, тоа е она што ќе биде наша цел како Влада заедно со институциите коишто се за различни делови надлежни. Очекувам кога сето ова ќе биде завршено да имаме навистина исклучително квалитетен објект во Скопје којшто ќе претставува една од неколкуте исклучително ретки и важни туристички атракции тука во Скопје. Ако биде се како што треба тоа ќе се случи следната година нормално од оваа година ако почнеме. Сега е веќе средено, тука знаете имаше трева, колку толку хортикултурно е потсредено за да можат колку толку посетителите да се запознаат со Скопското Кале, но не сме задоволни од ова што во моментот се случува. Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме позади институциите и финансиски и логистички и секако да скопското Кале го добие оној лик којшто го заслужува и да биде дел од Скопје-европска престолнина на културата. Благодарност до сите институции коишто досега беа вклучени, благодарност до професорите, до професорот, до експертите, до сите оние коишто до сега работеа на истражување на скопското кале, мислам дека ќе бидат исклучително изненадени граѓаните од сето она коешто ќе биде изложено. Зборувам не само за скопјани туку би рекол и светот. Така што еве тука ќе застанам, уште еднаш благодарам и заедно да продолжиме и натаму да ги решаваме работите и скопското кале следната година да ја добие онаа физиономија којашто ја очекуваме дека треба да ја добие и којашто ја заслужува. Благодарам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20