СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има
Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
1СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има
2Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
ЖивотМладенци - празник на младите брачни двојки и обичаите што се практикуваатМладенци се празнуваат на 22 март, а се посветени на споменот на страдањата на светите четириесет Севастиски маченици, кои настрадале во 320 година поради Христовата вера.Сите овие маченици биле млади луѓе, па народот го земал тој ден како празник на кој младите сопружници (младенци) примаат гости во својот дом, а тие им носат подароци и на тој начин им помагаат на почетокот на бракот и животот во брачна заедница. На тој ден младите домаќинки ги пречекуваат гостите во својата куќа и ги покажуваат своите вештини и умешност како домаќинки. Овде треба да се забележи дека младенците секогаш паѓаат за време на пости, бидејќи светиот пост обично започнува на почетокот или средината на март и затоа секоја гозба што се подготвува на овој ден мора да е посна, заради здравјето и напредокот на децата на младите сопружници. Празникот на младите брачни парови секогаш се одбележува за време на Велигденските пости. Меѓутоа, кога дочекот на Нова Година се паѓа во Страсната (страдална) недела, правило е да се премести за викендот претходно. Обичаj за Младенци Најпознат, најдобро зачуван и најпочитуван обичај кај младенците е жените да стануваат рано и да месат колачиња од пченично брашно. Популарно се познати како младенчиња и симболизираат долг, среќен и сладок брачен живот. Симболично, младенчињата се премачкуваат со мед и се нудат на сите гости кои тој ден ќе дојдат во куќата на младенците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваФото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикиниЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека плива во долна облека во друштво на својата поубава половина свршеницата Георгина Родригез во црно бикини. Познатиот пар уживаше во снимањето на видеото на кое се гледаат нивните извајани тела. Кристијано одвои време за својата свршеница откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство. Иако ова беше неговото последно Светско првенство, 41 годишниот Кристијано се надева дека тоа нема да значи крај на неговата кариера, а дотогаш целосно ѝ се посветува на Георгина, со која е свршен веќе една година. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИнтернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во ВеронаСтоечки овации, долготрајни аплаузи и публика која не престануваше да ја поздравува екипата – тоа е најубавата слика од гостувањето на Битолскиот театар во Верона. Меѓународната изведба на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, на Verona Shakespeare Fringe Festival, беше пречекана со исклучителен интерес и воодушевување од публиката. Енергијата што се чувствуваше во салата за време на претставата, а особено по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секој, без оглед на јазикот и земјата од која доаѓа. Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20. до 26.07 прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона. Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio. „Искрено им благодариме на организаторите на фестивалот за беспрекорното гостопримство, професионалната организација и честа да бидеме дел од ова значајно меѓународно театарско случување“, истакнуваат од НТБ. Најголемата благодарност, сепак, им припаѓа на актерската, авторската и техничката екипа на НУ Народен театар Битола, која со својата посветеност, дисциплина и талент создаде претстава што достојно ја претстави македонската театарска уметност пред меѓународната публика. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. На овој престижен меѓународен фестивал, Народниот театар Битола гостуваше после премиерата на 66.Охридско лето и ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваат театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во прилог го споделуваме видеото од поклонот и долготрајните аплаузи – момент кој засекогаш ќе остане запаметен како едно од најсилните сведоштва за успехот на ова гостување. „Благодариме, Верона! Ова беше вечер што ќе ја паметиме долго“, додаваат од Битолскиот театар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДоналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфатнито ги поседува вештините за улогата генерален секретар на ОН.Според американскиот весник „Њујорк пост“, претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Според извори блиски до Трамп, американскиот претседател смета дека Инфантино „ужива почит кај луѓето ширум светот“ и поседува единствена способност да ги обединува различните страни. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН се ближи кон крајот, а оваа година треба да се избере нов челник на организацијата. За да ја обезбеди таа функција, на Инфантино би му била потребна поддршката од Советот за безбедност на ОН, кој брои 15 члена, вклучувајќи пет постојани членки со право на вето. Потоа, за именувањето би била потребна потврда од Генералното собрание на ОН. Сепак, засега не е познато дали Инфантино воопшто размислува за премин во Обединетите нации или дали разговарал за таа идеја со Трамп. Паоло Ѕамполи, италијанско-американски бизнисмен и специјален пратеник на Трамп за глобални партнерства, ја пофали идејата, тврдејќи дека Инфантино би можел успешно да ја извршува таа улога. „Тој би завршил одлична работа. Луѓето го сакаат, а постојат и одредени сличности меѓу улогите на претседател на ФИФА и генерален секретар на ОН“, изјави Ѕамполи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter