Секој фудбалер од победничката репрезентација на Мундијалот ќе добие златен прстен- познато е колку чини
2Секој фудбалер од победничката репрезентација на Мундијалот ќе добие златен прстен- познато е колку чини
3Аргентина ќе се бори да влезе во историјата- на чекор е до рекордот на кој се чека 64 години (ВИДЕО)
КултураМладата пијанистка Јована Арсоска освои две награди на Меѓународен натпревар во Албанија Пијанистката Јована Арсоска (20) освои две високи награди на Меѓународниот музички натпревар „Tempo“, што од 22 до 25 мај се одржа во Албанија, во рамки на културната манифестација „Gjiroclassica“.Арсоска ја освои првата награда во својата категорија со максимални 100 поени од жирито, а беше добитник и на специјална награда за најдобар пијанист „Margarita Kristidhi". Натпреварот „Tempo“ секоја година собира млади музичари од цела Европа и пошироко, нудејќи можност за размена на музички култури, уметничко изразување и професионално вмрежување. Арсоска е пијанистка од Битола, родена во 2004 година. Музичкото образование го започнува од најрана возраст во Државното музичко училиште во Битола, каде го оформува својот пијанистички талент под менторство на проф. д-р Јана Четелева Белевска и други врвни професори. Моментално е студент во втора година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде студира пијано под менторство на вонр. проф. Дино Имери, еден од водечките македонски пијанисти и педагози. Има учествувано на бројни меѓународни и интернационални натпревари, каде освојува високи награди и признанија, истакнувајќи се со својата виртуозност, музичка зрелост и техничка прецизност. Исто така, има посетувано мастер часови кај реномирани светски изведувачи и професори, постојано надградувајќи ги своите уметнички вештини. Со секој свој настап, Арсоска достоинствено ја претставува земјава на светската музичка сцена и претставува симбол на иднината на македонската класична музика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАмазонките оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку креативниот сензибилитет на грчките уметнициТанцовиот перформанс „Митот за Амазонките“ инспириран од легендата за митската раса жени воинки, вчеравечер беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“.Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста кои оживеаја на сцената „Долни Сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз, со оригинална музика напишана од Јанис Псимадас, специјално за оваа претстава. Приказната за Амазонките беше доловена преку два мита: одземањето на златниот појас на кралицата на Амазонките Хиполита од страна на Херкулес, како и митот кој ја долови трагичната иронија на љубовта среде војна каде во потресниот двобој помеѓу Ахил и Пентесилеја тој ја убива неа и откако ќе ѝ го тргне сребрениот шлем, се вљубува во нејзината убавина, но безнадежно. Креативниот сензибилитет на изведувачите Аигли Сарлани, Никос Кормпакис, Афродити Вервениоти, Мелина Бала, Кристина Карагиованиди, Мариеви Лефкиммијати и Катерина Петрополу, преку танцот донесе доживување полно со моќ и емоции. Грчките уметници покажаа нагласено чувство за колективна игра и успеаја во нивната цел, да го преточат ова дело во атракција за публиката која под отворено небо уживаше во спојот помеѓу антиката и модерното. Кореографка и сценаристка на претставата е Артемис Игнатиу која е и режисерка, кореографка и уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот оган. Игнатиу е и основач на танцовиот театар „АРТ денс“ кој премиерно ја изведе оваа претстава во 2013 година за време на Културниот фестивал во музејот „Бубулина“ во Спетсес во Грција. Во 2014 година овој перформанс беше избран од Грчкото министерство за култура да ја претставува Грција на Интернационалниот фестивал во Сус, како и на неколку други фестивали во Тунис.Во 2017 година на културната соработка помеѓу Грција и Кина, „Амазонките“ се играа во Гуанжу и во Шунде-Фошан, а во 2022 година беа дел од активностите за одбележување на Тирана – европски младински град за 2022 година. „Митот за Амазонките“ го проследија и претседателката на Македонија,Гордана Сиљановска Давкова која е и покровител на фестивалот, како и амбасадорката на Република Грција во земјава, Софија Филипиду.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
СветСообраќајот низ Ормускиот теснец речиси запреПоморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец повторно е речиси целосно запрен по новата размена на напади меѓу САД и Иран, објави во петокот компанијата за податоци „Kpler“, а пренесе новинската агенција ДПА. Во четвртокот низ теснецот поминале само осум брода – што е најниска бројка забележана во изминатите три недели – соопшти „Kpler“ на платформата „X“. Во средата, низ теснецот поминале 15 брода. Пред две недели, низ теснецот поминале 48 брода. Пред почетокот на војната, кон крајот на февруари, низ Ормускиот теснец дневно поминувале во просек повеќе од 100 брода. Иран во петокот се закани со „сеопфатна офанзива“ откако Соединетите Држави ја бомбардираа земјата седма ноќ по ред – при што не беше поштедена ниту иранската цивилна инфраструктура – што претставува ескалација на конфликтот. Американската војска во петокот соопшти дека спроведува нова серија напади врз Иран, кои започнале во „19:00 часот по Гринич“ (GMT). Нападите „имаат за цел натамошно слабеење на воените капацитети на Иран“ по налог на претседателот Доналд Трамп, објави војската на платформата „Икс“ (X). Според иранските новински агенции, експлозии биле слушнати во јужниот дел на Иран. Еден ден претходно, американската војска соопшти дека погодила „десетици ирански воени цели, како што се позиции за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, воена логистичка инфраструктура и поморски објекти“. Во овие напади загинале осум лица, според официјалната иранска новинска агенција ИРНА. Иранските власти исто така пријавија оштетувања на електроенергетската мрежа на југот – повикувајќи ги жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија – како и напади врз мостови, пристаниште, аеродром и телекомуникациска инфраструктура.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и многу топло Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Викендов ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook