Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со  Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка.

Млада Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Косовската полиција соопшти дека синоќа на автопатот „Арбен Џафери“, кој ги поврзува косовската престолница со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, е пронајдено безживотното тело на млада жена, странска државјанка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, објави дека станува збор за украинска државјанка на 23-годишна возраст, чие име ѝ е познато на редакцијата, но истото не го објави, согласно законските одредби кои ги регулираат таквите случаи.

Според синоќешното соопштение на косовското МВР, полициско патролно возило на автопатот, на 24-тиот километар од Приштина во правец на Урошевац, околу 20 часот го забележала безживотното тело на едно лице на лентата за принудно запирање на возилата.

Полицијата ја повикала итната медицинска служба, а дежурниот лекар констатирал дека женското лице, странска сржавјанка, е без знаци на живот.

На местото на настанот излегле и надлежни истражни единици, како и обвинител, по чиј налог безживотното тело е однесено за обдукција во приштинскиот Институт за судска медицина.

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Европската унија подготвува одговор на новите царини за увоз на автомобили што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Европската комисија (ЕК).

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Портпаролот на ЕК, Олоф Гил, изјави за новинарите дека ЕУ жали што новите американски царини за земјите-членки на ЕУ ќе стапат на сила следната недела, нагласувајќи дека Брисел се подготвува за тоа, пренесе Ројтерс.

Гил изјави дека не може да даде точен датум кога ЕУ ќе воведе реципрочни царини против САД, но рече дека може да даде гаранции дека одговорот ќе биде навремен и силен и дека ќе ги постигне предвидените ефекти.

Велика Британија не сака да ја ескалира трговската војна со САД, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс, додека Франција и Германија бараат силен одговор на Европската унија на новите американски царини што ја погодија европската автомобилска индустрија.

„Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција да преземеме мерки кои би можеле да доведат до ескалација“, изјави Ривс за Sky News, одговарајќи на прашањето дали Британија ќе воведе реципрочни царини против САД.

Од друга страна, германскиот министер за економија Роберт Хабер оцени дека воведувањето царини за увозните автомобили, што Трамп го најави во средата, бара одлучен одговор од ЕУ.

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека се надева дека ќе разговара за пониски царини со САД „што е можно поскоро“.

Трамп во средата објави царини од 25 отсто за увезените возила, што ескалирајќи ја глобалната трговска војна и предизвикувајќи критики и закани за реципрочни мерки од засегнатите сојузници на САД, објави Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша потегот како „лош за бизнисите, полош за потрошувачите“.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, истовремено зачувувајќи ги своите економски интереси.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази. /МИА

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Маж и жена од Јапонија биле уапсени и депортирани од Кина поради „скандалозно однесување“ за време на нивната посета на Кинескиот ѕид.

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Сѐ почнало невино, или барем засегнатите така мислеле, кога сопругот решил да се пошегува па го покажал задникот додека жената го фотографирала на Кинескиот ѕид. Меѓутоа, тој чин, којшто според кинеските закони се смета за „навреда на јавната пристојност“, предизвика бес и доведе до брза депортација на прекршителите, истакнувајќи го судирот на културните норми меѓу Јапонија и Кина, пишуваат кинеските медиуми.

По инцидентот, обезбедувањето на историскиот споменик веднаш реагирало и ги приведе мажот и жената. Поради нивните постапки, тие биле уапсени и две недели биле в затвор пред депортацијата во Јапонија.

Јапонското Министерство за надворешни работи потврди дека туристите „на крајот биле ослободени и вратени во Јапонија“ и оти тоа се случило во јануари, иако веста е објавена сега.

За време на нивниот разговор со дипломатите и надлежните кинески власти, ослободените се правдале дека тоа било шега. Но, нивното објаснување не ја намалува сериозноста на културниот престап и прекршувањето на законските прописи во Кина.

притисни ентер