Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник
Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
1Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник
2Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ЖивотМлада трудница од Велс легнала да дремне и не се рабудила- не успеале да го спасат ниту бебето Младата трудница Леа Роберт (21) од Камберленд, Велс, ненадејно починала откако легнала да „дремне“.Леа била многу возбудена кога ја дознала најсреќната вест - дека е бремена и чека девојче, на само три дена пред нејзината трагична смрт, објави Дејли Меил. Пред да отиде да дремне, се пожалила дека не се чувствува добро. Се се случило на 1 август, а девојката во моментот на смртта било во петтиот месец од бременоста. Беки Дејвис, пријателката на Леа, рече дека нејзината пријателка починала во куќата на баба ѝ и дедо ѝ каде што живеела. Додала дека си легнала жалејќи се дека се чувствува лошо. Но, тие го вклучиле алармот неколку часа подоцна кога не можеле да ја разбудат. „Излезе преку ден и се врати дома кај баба и и дедо бидејќи не се чувствуваше добро. Отиде да легне 30 минути. Некој дојде да ја повика Леа да види дали ќе излезе, а дедо ѝ влезе во нејзината спална соба да се обиде да ја разбуди, но не можеше. Отиде и ѝ рече на бабата дека не може да ја разбуди, па таа влезе и сфати дека нешто не е во ред. “, објаснува Беки. Leah Roberts, a 21-year-old who was five months pregnant, was filled with joy as she had already chosen the name Leena-Rose for her unborn daughter. Tragically, on August 1, Leah, who lived in Cwmbran, just north of Newport, lay down at her grandparents' house after feeling… pic.twitter.com/MS1PEjz40S — “Sudden And Unexpected” (@toobaffled) August 9, 2024 Мајката на Леа, Мартин Вон, истрчала до куќата заедно со Брзата помош, а хеликоптерот и полицијата набрзо пристигнале. И покрај едночасовните напори на лекарите, Леа и бебето не биле спасени. „Таа беше најнесебичната личност што можеше да ја сретнеш во животот. Немаше лесен живот, но сè што сакаше беше да сака и да биде сакана. Семејството беше огромна работа за неа, таа секогаш велеше дека ги сака моите деца, се грижеше за другите како ниедна друга.“ Сега е започната кампања GoFundMe за да му помогне на семејството со трошоците за погреб. „Само се обидувам да соберам доволно пари за да можат да имаат соодветно испраќање. Доволно е тешко да се изгуби ќерка, но да се изгуби внуче во исто време мора да биде една од најтешките работи“, рече Беки. Почит за Леа и нејзиното неродено бебе, кое требаше да се вика Лина Роза, се излеа на социјалните мрежи. „Толку многу те сакам и ќе ми недостигаш засекогаш, светот е толку суров, ти заслужи многу повеќе отколку што можеше да ти понуди тебе и на твоето прекрасно девојче... почивај во мир во рајот мое девојче“, се вели во објава на социјалните мрежи. . Семејството на Леа сега ги чека резултатите од обдукцијата за да се утврди причината за нејзината смрт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветски ден на срцето: Секој трет смртен случај резултат на кардиоваскуларни заболувања6.880 смртни случаи во 2025 година биле од кардиоваскуларни заболовања, или 34% од смртните случаи се на срцеви заболувања што можеле да се превенираат, објаснуваат од институтот за јавно здравје. Редовни контроли на кардиолог, регулирање на шеќер во крвта, висок притисок, откажување од цигари се клучни за здраво срце. Министерот за здравство Сашо Клековски со порака како што се носи автомобилот на сервис треба да се контролира и здравјето. Во малите места треба да се вратат прегледите и во аптеките каде ќе се контролира притисок и шеќер во крвта. Според министерот фокусот треба да биде препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и превентивни скрининзи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалникОд локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи, па се до дигитални услуги и низа мерки за младитеОд локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи.. па се до дигитални услуги и низа мерки за младите ...Кандидатите за градоначалник на Брвеница започнаа со промоција на предизборните програми во пресрет на вонредните локални избори во оваа општина кои ќе се одржат на 18-ти октомври. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радически под слоганот „Една Брвеница за сите“, неговиот против кандидат од СДСМ Јовица Радески под паролата „Се бориме за Брвеница“ пред граѓаните најавија низа проекти за развој на општинната и подобар и поквалитетн живот на жителите во Брвеница. Во трката за прв човек на Брвеница влегуваат вкупно шест кандидати. Владините коалциони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и на овие вонредни локални избори настапуваат со одделни кандидати. Во програмата на кандиатот на Вреди Јакуп Усеини фоксуот е ставен на патиштата, инфраструктурата, јавните простори, спортот, а преку социјалните мрежи Усени порачува дека „Не доаѓа со ветувања за еден ден, туку со план за Брвеница. Канидатот до ДУИ Аркин Јахији во обраќање пред граѓаните најавува нов поечеток за Брвеница и одговорно и професионлано управуавње со општината. Во трката градоначалничката функција во Брвенца поддршката од граѓаните ќе ја бараат и двајца независни кандидати поддржани од група избирачи Душан Богдановски и Арифе Идризи. Каммпањата за вонредните локални избори започна вчера и ќе трае до 16-ти октомври на полноќ. Вонредни локални избори во Брвеница се одржуваат откако во јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски. Функцијата привремено ја извршува претседател општинскиот совет Роберт Милошески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“Има интерес за инвестирање во Чебрен и Галиште од американската финансиска корпорација ДФЦ, изјави премиерот Мицкоски кој е оптимист дека по децении планови, од следната година ќе се отпочне со проектот. За ова вели при посетата на САД разговарал со челниците на корпорацијата, кои веќе имаат инвестирано во Македонија во рудникот за антимон во Крстов Дол. Анализите според Мицкоски покажале дека придобивките од изградбата на двете хидроцентрали се големи, а државата треба да преземе храбар чекор и да се вклучи во проектот. „ Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот рече дека и покрај големата енергетска криза во светот, во Македонија состојбата е под контрола. Денеска беше промовирана третата фаза од проектот на АД ЕСМ за ревитализација на хидроелектраните, со што се очекува зголемување на производството на електрична енергија. Оваа фаза чини 46 милиони евра, а според планот на ЕСМ ќе биде завршена до крајот на следната година. „ По завршувањето на ревитализацијата ќе добиеме комплетно обновени инсталации. Капацитетот на шесте големи хидроелектрани ќе биде обновен, притоа ќе биде и проширен капацитетот односно моќноста на истите за цели 14 мегавати, што значи дека ќе донесе дополнително годишно производство од 50 гигават часови, или претворено во финансиски средства некаде околу 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. “Лазар Узунчев – директор на АД ЕСМ. Директорот на ЕСМ рече дека се подготвени и за грејната сезона. Најави дека ќе бидат во функција два блока на РЕК Битола, а по потреба ќе биде пуштен и третиот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook