Млада мајка го убила натрапникот кој сакал да ја силува и да го сними тој чин

Напаѓачот Кен Бунстра е избоден до смрт со кујнски нож затоа што провалил во домот на млада брачна двојка. Го убила 26 – годишна жена која планирал да ја силува и тој чин да го снима со камера. Кај убиениот маж биле пронајдени камера и статив. Кога влегол во куќата, сопругот на 26 – годишната жена почнал да се бори со него, а таа земала нож од кујната и го бодела. Имињата на брачната двојка не се откриени.

Како што пренесува „Сиетл тајмс“, провалата која се случила на 13 мај не била прва посета на Бунстра на оваа куќа. Тој 12 часа претходно ја нападнал истата жена, ја грабнал за коса и и се заканувал со смрт ако не му даде пари. Таа не успеала да го види лицето на напаѓачот, но полицијата подоцна утврдила дека станува збор за истиот човек.

Во нападот врз провалникот учествувала и мајката на жената која го убила Бунстра, таа во моментот на инцидентот била во куќата за да го чува малото внуче.

Семејството таа вечер било излезено во ресторан. Пред да одат на спиење три пати ги провериле бравите на вратите. Два часа по полноќ мажот се разбудил кога ги слушнал кучињата дека лаат. Се обидувал да го совлада натрапникот, но безуспешно.

Во тој момент дошла и неговата сопруга и го удрила со бејзбол палка во тилот, но палката се скршила. Потоа зела нож и го избола.

Полицијата утврдила дека станува збор за истиот разбојник врз основа на шеширот што го оставил во куќата први првиот обид да ги нападне. Нивните сомнежи биле потврдени и со ДНК тест.

Убиениот Бунстра станал чуден уште пред неколку години откако се развел од сопругата. Тој на Јутјуб објавувал видеа во кои зборува дека ги мрази жените.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер