3ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
СветМлада градоначалничка од Авганистан:Заминувањето ми беше потешко отколку кога го убија татко миПадот на Кабул беше застрашувачки момент за Зарифа Гафари (29), еден од првите градоначалнички во Авганистан.Кога талибанците го нападнаа главниот град на Авганистан, таа сфатила дека нејзиниот живот е во голема опасност. Неколку дена подоцна, таа успеала да избега од земјата со своето семејство. Дошле во Германија каде што таа за Би -Би -Си раскажа драматична приказна за нејзиното бегство. Гафари била страстен борец за правата на жените во Авганистан и затоа била под закана од талибанците кои се познати по ограничувањето на правата на жените под строги правила во нивното толкување на исламот. 'FOR ALL THE UNSPOKEN WOMEN OF AFGHANISTAN': Activist Zarifa Ghafari arrives in Germany and tearfully thanks authorities for saving her life. Ghafari received the U.S. Department of State's 2020 International Women of Courage award. https://t.co/8SB2rScNFN pic.twitter.com/7jTidDdH1q — ABC News (@ABC) August 25, 2021 „Мојот глас беше сила за што немаше оружје“, рече таа. На почетокот, Гафари била решена да остане, иако се плашеЛА од смртта. Но, нејзиниот оптимизам сега се претвориЛ во очај. Непосредно пред нападот на талибанците, и беше советувано да се исели од својот дом. И грижата за нејзината безбедност била оправдана - талибанците упаднале во нејзиниот дом неколку дена подоцна и го претепале нејзиното обезбедување. Во последните години, Гафари преживеала неколку обиди за атентат, откако во 2018 година, на само 26 години, стана градоначалник на Мајдан Шара, конзервативен град во кој талибанците имале широка поддршка. Непријателството кон неа кулминира со убиството на нејзиниот татко минатата година. Тој бил висок припадник на авганистанската армија и имал непријатели меѓу талибанците. Кога талибанците ја презеле власта, таа одлучила да побегне. На 18 август, организирала со нејзиното семејство да се пренесат со автомобил до аеродромот во Кабул. За време на патувањето, таа лежела на подот од автомобилот и се криела секој пат кога поминувале преку талибански контролен пункт. - Кога стигнавме до аеродромот, талибанците беа насекаде. Се обидов да се сокријам најдобро што можам. Турскиот амбасадор во Кабул им помогна да се качат на летот за Истанбул. Оттаму летнаа за Германија. “My blood is not different to yours.” Taliban tried to kill Zarifa Ghafari, one of Afghanistan’s first female mayors, three times. She managed to flee through Kabul airport to safety but is distraught at the prospect of the West abandoning the countryhttps://t.co/dq0BDLSUx2 pic.twitter.com/Rou7KSU4T0 — ITV News (@itvnews) August 25, 2021 - Кога го загубив татко ми, мислев дека никогаш повеќе нема да се чувствувам така во животот. Но, кога се качив на авионот за да ја напуштам мојата земја, беше поболно отколку кога го загубив татко ми. Денот кога падна Кабул беше најлошиот момент во мојот живот. Мислам дека никогаш нема да ја надминам болката во моето срце. Никогаш не мислев дека ќе треба да ја напуштам мојата земја - изјавила таа за Би -Би -Си. Кога дошла во Диселдорф, Гафари сфатила дека е една од ретките среќници откако ситуацијата во Кабул станала крајно опасна. Таа ветила дека ќе се сретне со политичари и светски лидери за да привлече внимание кон Авганистанците кои останаа да живеат под талибанските правила. Таа рече дека е подготвена да разговара и со талибанците затоа што „треба да се разбираме“. - Странци нема да ни помогнат. Наше е да ги решиме проблемите со талибанците. Подготвена сум да го преземам мојот дел од одговорноста - рече таа, додавајќи дека не верува во ветувањата на талибанците, особено кога станува збор за правата на жените. Кога последен пат беа на власт пред 2001 година, Талибанците спроведоа ултра-конзервативен исламски закон со кој им се забранува на жените да одат на училиште и да работат. „Нивните зборови никогаш не се совпаѓаа со нивните дела“, рече таа. Се надева дека ќе се врати во Авганистан еден ден, кога ќе биде безбеден. - Ова е мојата земја, јас ја „создадов“ и се борев со години за да успеам - рече таа. „Би сакала еден ден да вратам парче земја што го земав со мене таму каде што навистина припаѓа“, изјавила Зарифа Гафари за Би -Би -Си.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек. Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции. „Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДвојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во НикшиќПрвенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026. Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи. Во образложението на жирито се истакнува: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ. Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ. Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања. На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери. „Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook