Млада девојка живее во вистински замок, но има проблем- момчињата бегаат од неа (ВИДЕО) - Канал 5

Млада девојка живее во вистински замок, но има проблем- момчињата бегаат од неа (ВИДЕО)

Живее во автентичен средновековен замок, а шетањето низ огромните ходници е нејзино секојдневие. Лудовика Саназаро (21) е подготвена за принц, но не може да го најде.

Млада девојка живее во вистински замок, но има проблем- момчињата бегаат од неа (ВИДЕО)

Мажите генерално не се заинтересирани за идејата да се омажат за принцеза која живее во импресивна зграда изградена уште во 1163 година. Особено затоа што таа навистина ја почитува таа винтиџ естетика, често облечена во долги, лелеави фустани кои изгледаат како да потекнуваат од страниците на историски роман или ретро филм.

Таа често се дотерува, носи балски фустани и веќе има заднина - средновековниот замок е оригиналната градба што ја наследила од нејзиното семејство. Понекогаш пресоздава сцени од филмовите на Дизни и ги објавува на мрежите, покажувајќи го својот специфичен дом.

Таа изјавила дека мажите и рекле - ќе се омажам за тебе и ќе го наследам замокот. Но, таа им вели дека тоа навистина не значи ништо.

- Ако видам дека некој е повеќе заинтересиран за мојот замок и животот што мисли дека ќе го има ако е со мене, го игнорирам - искрена е таа.

@thecastlediary I mean, wouldn’t you? 👩🏻🦰👑 1g: THECASTLEDIARY #castle #disney #princess ♬ Do You Want to Build a Snowman? - From "Frozen"/Soundtrack Version - Kristen Bell & Agatha Lee Monn & Katie Lopez

Иако замокот изгледа како кул место, мажите ѝ приоѓаат со задни намери - таа мисли дека всушност привлекува погрешни момци.

- Повеќето луѓе го гледаат само бајковитиот дел од мене и мојот живот, но секако тоа не е мојот реален живот - рекла таа.

Лудовика го наследила Кастело Саназаро, тврдина во Монферат, Италија, од нејзиниот татко. Тие се вселиле во замокот кога таа имала само четири години. Знаејќи дека еден ден ќе наследи неверојатен дом, Лудовика се обидува да научи колку што може повеќе за импресивната зграда со цел да ја одржува - и се надева дека еден ден ќе најде шармантен принц кој ќе ја споделува нејзината страст за историјата. Но, таа вели дека некои мажи се исплашени од стапицата.

@thecastlediary Quando vivi in un posto come questo devi fingere di essere nel tuo libro preferito📖// Di quale libro o film fingeresti di far parte? 🧝🏻‍♀️ • When you live in a place like this you gitta pretend you are in your favorite book📖// Which book or movie would you pretend you are part of? 🧝🏻‍♀️ 1g: THECASTLEDIARY👑 #castle #disney #booktok ♬ original sound - Kate Grove

– Штом се сретнеме, велам дека живеам во замок, па веднаш ја гледам реакцијата, не сакам да се чувствуваат помалку важни – рекла таа, пишува Метро.

- Повеќето од нив со кои излегував најпрво беа мои пријатели, па го знаеја сето тоа - прокоментира ’принцезата’.

Но, иако изгледа така, животот во замокот не е бајка. На видеата кои ги прикачува се гледа дека често чисти, тоа е задача без крај бидејќи замокот е едноставно преголем. Открива дека има WiFi и секогаш ѝ е ладно. Потоа, кога ќе заборави нешто во соба, мора да помине долг пат за да се врати, постојано шетајќи некаде.

@thecastlediary Non so se è chiaro quanto sia ossessionata dal nuovo live action della sirenetta #castle #italia #disney ♬ Vanessa's Trick - Alan Menken

- Иако може да биде тешко, среќна сум што живеам овде. Тоа е многу работа, многу грижа за сè. Неколку пати помислив едноставно да го продадам замокот, но сè уште не можам - тој е во моето семејство веќе 900 години - заклучува Лудовика, која го цени семејното наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Оваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе.

Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’.

Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор.

Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев.

Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Две пратки со вкупно 12.268 килограми млечни и прехранбени производи од млекарница од Тетово се запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ и се враќаат во Македонија, објави косовските медиуми.

12 тони млечни производи од Македонија вратени од Косово поради ешерихија коли во претходни пратки

Двете пратки, како што пишува„Радио Ким“ не добиле дозвола за влез во Косово поради забраната за увоз од овој производител, воведена на 6 ноември. Тогаш лабораториските анализи на производите покажале присуство на бактеријата ешерихија коли над дозволените граници.

Од Македонската Агенција за храна и ветеринарство веќе спровела вонреден инспекциски надзор во тетовската млекарница, во чии анализи во текот на претходните испитувања не биле утврдени недоследности.

,,АХВ и колегите сме во тек, уште веднаш направивме вонреден инспекциски надзор во процесот на целото производство во фабриката, земени се брисеви и анализи и однесени се во две лабаратории..Робата што моментално се враќа од Косово доколку е утврдена од страна на косовските власти и институции дека има одредени неправилности веднаш ќе биде уништена стоката чим стигне,,

Ова не е прв случај македонски производи да бидат вратени од странските пазари. Неодамна, Бугарската агенција за безбедност на храната врати речиси 20 тони македонски јаболка поради утврдено присуство на пестициди над дозволените граници. Исто така лани од Хрватска беше вратена пратка зелка поради сомнеж за недозволени пестициди, додека во септември годинава беа одбиени и пратки со пиперки и грозје на странските граници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер