ЖивотМлада Американка влегла во автомобил, по два месеци ѝ го нашле телото во количка за пазарување Телото на исчезнатата 21-годишна девојка од Чикаго е пронајдено врзано и завиткано во чаршафи во количка за пазарење.Роза Чакон последен пат била видена надвор од нејзиниот дом на 18 јануари, а нејзиното тело било пронајдено во уличка во Чикаго на 15 март. Во саботата семејството и месната заедница организирале бдение во чест на починатата девојка која тој ден требало да го прослави својот 22 роденден. "Ми недостига моето дете. Обично кога ќе си оди ќерка ни се слушаме. Се јавува утредента, се јавува еден час по заминувањето, дома е, безбедна е, убаво е и топло. Но ништо не сме слушнале“, изјавил таткото Хозе Лусио за ABC7. Нејзината мајка се присетила на последните зборови што 21-годишната девојка ѝ ги кажала. Rosa Chacon has been missing since January 18, 2023. She was heading to the 2400 Block of Western Ave in Chicago at approximately 10:40pm. If you have any information regarding her whereabouts, please contact 773-645-7996 #chicago #MISSING pic.twitter.com/DZItZha181 — Mrs. Gina C (@MrsGinaC) March 8, 2023 "Ќе се вратам, мамо. Се возам со Uber назад", рекла мајката, која исто така се вика Роза Чакон. На снимката од безбедносната камера на семејната куќа се гледа како девојката влегува во автомобилот Uber. Семејството тврди дека таа им кажала дека кај себе немала лична карта ниту капут, пренесува Индипендент. Сè уште не е јасно дали стигнала до целта. Телото било пронајдено на три километри од местото каде што последен пат била видена околу 10:45 часот на 15 март, а нејзиното семејство го идентификувало телото по тетоважите. „Не знам како имаат срце да убијат некого таков“, вели мајката на жртвата. Инспекторите наскоро треба да ја утврдат точната причина за смртта. Семејството истакнува дека полицијата во Чикаго не направила доволно за да ја пронајде, па морале да ангажираат приватни истражители да помогнат во потрагата. Полицијата понудила награда од 15.000 долари за информација која ќе доведе до апсење и осуда во случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook