3Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотМлад украински пекар без оружје се спротивставува на рускиот нападДодека Украинците ширум земјата собираа стаклени шишиња за да направат молотови коктели и се вооружуваа за да се спротивстават на рускиот напад, Павло Серветник се упатил кон кујната.Последниве две недели, откако Русите извршија инвазија, тој едвај спие, работејќи по 20 часа на ден за да ги нахрани луѓето во окупираниот Керсон, јавува Си-Ен-Ен. Секој ден, овој 28-годишник пече илјадници лебови, ги товари во својот камион или автомобил и вози низ напуштените улици, доставувајќи им ги на луѓето кои се повеќе се отсечени од надворешните резерви на храна. Овој град со речиси 300.000 жители е под руска окупација. Керсон беше првиот голем град што падна во руски раце од почетокот на војната. Како што руската брутална инвазија на Украина влегува во третата недела, борбата за опстанок се интензивира низ целата земја. Основните залихи се при крај, температурите паѓаат, а неколку градови се под опсада и под силен оган од руската артилерија. Обединети против заедничкиот непријател, Украинците наоѓаат начини да се спротивстават и без оружје. View this post on Instagram A post shared by Pavlo Servetnyk (@pashaservetnyk) „Сè ме боли, ме болат зглобовите и не можам да ја отворам вратата. Затоа е тешко“, изјави Серветник за Си-Ен-Ен во вторникот, откако помина часови и часови печејќи леб. Пред војната, Серветник бил успешен готвач, го освоил украинскиот „MasterChef“ во 2019 година и водел пицерија во Керсон. Но, на 24 февруари Русите ја нападнаа Украина и неговиот живот се променил. „Немаше леб, имаше колапс“, вели Серветник. Додека Русите ја гранатираа неговата земја, Серветник и неговиот партнер отишле до куќата на неговите родители во село на периферијата на Керсон, очајни да избегаат од Украина. „Влезете во автомобилот, да одиме некаде“, им рекол тој на своите родители. Но, неговите родители, кои биле сведоци на други турбулентни периоди во нивниот живот, само се смееле: "Каде би бегале? Кој не чека таму? Русите ќе бидат тука наскоро, ни велат ова е Русија сега и ние ќе продолжиме да живееме овде." Така Серветник решил да остане и да се спротивстави. Многу пекари од Керсон или избегале или се сокриле, па Серветник ја претворил својата пицерија во пекара и почнал да пече илјадници лебови. За да нахрани повеќе луѓе, тој се поврзал и со други пекари и го дистрибуирал нивниот леб. „Не побегнавме, не заминавме, но почнавме да ги спасуваме луѓето колку што можевме“, објаснува Серветник. View this post on Instagram A post shared by Pavlo Servetnyk (@pashaservetnyk) Деновите на Серветник почнуваат во зори, со товарење на леб печен во неговиот ресторан или индустриска пекара во камион. Најчесто доставува бесплатно во домовите незгружени деца и стари лица на периферијата на градот. Потоа се враќа да пече леб од пладне до доцна навечер. Патиштата се практично празни откако руските сили го зазедоа градот на 2-ри март. Градоначалникот Ихор Кољаев на 5 март изјави дека руските сили се „населиле“ во пристанишниот град и не покажале намера да го напуштат. Руските окупатори минатиот викенд наидоа на силен отпор, а неколку стотици жители излегоа на улиците во знак на протест, пркосејќи ѝ на руската армија. На снимката од неделните демонстрации, една постара жена пркосно погледна во објективот на камерата и тивко рече: „Спасете ја нашата земја! Нека умрат сите, заедно со Путин“. Но, повеќето жители или побегнале или останале дома, плашејќи се од средби со руски војници кои поставија контролни пунктови низ градот. Секое возење со кое Серветник доставува леб носи ризик, но без неговите испораки луѓето веројатно би останале гладни. Тој проценува дека нему и на неговите партнери во продавницата им остануваат состојки за уште околу две недели и не знае што ќе се случи потоа. Неговиот рецепт за „победнички леб“ ги содржи само основните работи - тој е направен од брашно, квасец, вода и сол. Тој е поддржан и од донатори од целиот свет кои му помагаат на неговиот тим да ги покрие трошоците. Неговиот леб стана спас за жителите на Херсон и им значи повеќе од храна. Во Украина, како и во другите источноевропски земји, лебот има културно значење и претставува повеќе од храна. „Во Украина мирисот на свежо печената кора од леб има посебно значење бидејќи така се пече уште од античко време“, вели Серветник. Дури и ако Русите ја окупираат украинската земја, нема да можат да го придобијат украинскиот народ, додава Украинецот. На прашањето за што се борат Украинците, тој одговара: „Подобро прашајте ги Русите за тоа. Ние се бориме за нашата земја, за нашата слобода“. Тој размислувал да земе оружје и да се бори со Русите, додека не слушнал звук на пукање од тенк во близина на прозорецот од неговата куќа. Тој бил преплашен: "Тогаш сфатив дека ќе се замрзнам и ќе умрам ако отидам на бојното поле и слушнам звук на тенк. Сфатив дека секој треба да си ја работи својата работа. Армијата да се бори, а пекарите да печат леб и помагај на луѓе." Извор: Индекс.хр.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Вечерва во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Вечерва на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Магазин Работи од домот што треба да се проверат пред да фати првиот студЕве на кои работи во домот треба да обратите внимание пред студот, дождот и ветерот да ги откријат неговите слаби точки.Недостатоците во домот не се јавуваат преку ноќ, тие се резултат на ситни дефекти занемарувани со месеци, кои стануваат очигледни кога временските услови ќе станат понеподносливи. Добрата вест е што подготовката на домот за зима, не мора да подразбира големо реновирање, некогаш е доволно да одвоите едно попладне за преглед на домот, а за посложените зафати навреме да ангажирате помош. 1. Покрив и олуци: Проблеми што ги забележуваме дури кога ќе почне протекувањето Ретко помислуваме на покривот додека сè функционира како што треба. Сепак, доволна е само една изместена ќерамида, оштетен спој или затнат олук, па обилните есенски дождови да прераснат во сериозен проблем. Затоа, пред да дојде зимата, добро е да се провери состојбата на покривот, да се провери дали олуците се затнати и да се обрати внимание на трагите на влага на таваните и ѕидовите на поткровјето. Ако забележите нешто сомнително, не чекајте го следниот силен дожд. Проверката и поправката на покривот препуштете им ја на мајсторите, особено ако работата бара качување на височина. 2. Прозорци и врати: Мали отвори низ кои бега топлината Со текот на времето, гумените дихтунзи ја губат својата еластичност, а прозорците и вратите може повеќе да не налегнуваат добро на своите рамки. Резултатот е непријатен провев на ладен воздух, поради што просторијата може да изгледа постудена отколку што покажува термостатот. Затворете го прозорецот и со рака проверете дали има струење на воздух по должина на неговите рабови. Обрнете внимание на тоа дали има провев, оштетени дихтунзи, дали прозорците и вратите тешко се затвораат и дали има видливи пукнатини околу рамките. Понекогаш е доволно само да се замени дихтунгот или да се прилагодат механизмите, додека поголемите оштетувања може да бараат посериозни поправки. Дури и во текот на зимата, важно е да се обезбеди размена на воздухот, особено во просториите каде што се акумулира многу влага. 3. Греење: Не чекајте го најстудениот ден за да откриете дефект Првиот значителен пад на температурата не е идеално време за откривање проблеми со системот за греење. Ако имате радијатори, проверете дали загреваат рамномерно. Радијатор што е ладен на горниот дел, а топол на долниот, може да укажува на присуство на воздух во системот; исто така, необични звуци, протекување или слаб ефект на греењето се знаци дека е потребна проверка од стручно лице. Кај котлите на гас, топлинските пумпи и другите посложени системи, особено е важно да се следат препораките на производителот во однос на одржувањето и сервисирањето. Редовното одржување не служи само за обезбедување пријатна температура. Правилното функционирање на системот за греење е важно и за безбедност и за ефикасна потрошувачка на енергија. 4. Оџак Ако се греете на дрва или пелети, или користите уреди поврзани со оџак, неговата исправна состојба е еден од најважните чекори при подготовка за грејната сезона. Наталожените саѓи го попречуваат извлекувањето на чадот и гасовите, а истовремено го зголемуваат ризикот од пожар. Неисправните системи за одвод на чад, исто така, можат да претставуваат опасност од труење со јаглерод моноксид. Прегледот и чистењето на оџакот треба да им се довери на овластени служби за чистење оџаци, во согласност со прописите и правилата што важат во вашата средина. Исто така, важно е да се провери состојбата на печките или камините, како и приклучоците кон системот за одвод на чад. Детекторот за јаглерод моноксид може да послужи како важна дополнителна безбедносна мерка, но тој не е замена за правилно одржување на уредите за греење и системот за одвод на чад. 5. Надворешни инсталации: Една заборавена славина може да предизвика сериозен проблем Градинарските чешми, надворешните водоводни цевки и системите за наводнување обично функционираат без проблеми во текот на потоплите месеци. Меѓутоа, кога температурите ќе паднат под нулата, водата што останала во незаштитените инсталации може да замрзне и да се прошири. Ова може да доведе до оштетување на цевките, споевите и чешмите – проблем што често се открива дури откако ќе се стопи мразот. Затоа, пред првиот мраз, проверете дали можете да го исклучите доводот на вода до надворешните чешми и испуштете ја водата од деловите на водоводниот систем што нема да се користат во текот на зимата. Внимание бараат и надворешните приклучоци за струја, осветлувањето и продолжните кабли. Оштетената изолација, незаштитените споеви и навлегувањето на влага се проблеми што не смеат да се игнорираат. 6. Фасада: Мала пукнатина денес, поголем проблем утре Фасадата не е само естетски дел од куќата. Таа ги штити надворешните ѕидови од временските услови и, кај топлински изолирани објекти игра клучна улога во задржување на топлината. Малите пукнатини, оштетувањето на завршниот слој или областите каде што фасадата се одвојува од подлогата можат да доведат до продирање на водата. Кога влагата ќе се задржи во материјалот и температурите ќе паднат под нулата, процесот на замрзнување може дополнително да ги влоши постојните оштетувања. Затоа, прошетајте околу куќата и внимателно проверете ги надворешните ѕидови - обрнете посебно внимание на областите околу прозорците, вратите и балконите, како и на точките каде што се спојуваат различни материјали. 7. Одводи и тераси: Водата секогаш наоѓа пат - честопати погрешен Оваа последна ставка на листата често се занемарува, особено во станови со балкони и тераси. Во текот на есента, надворешните одводи можат да се затнат со лисја, земја и други остатоци. Кога доаѓаат пообилни дождови, водата се задржува на површината наместо да се исцеди како што треба. Ако хидроизолацијата не е исправна, долготрајното задржување на вода го зголемува ризикот од продирање на влага во конструкцијата или во просторите под терасата. Проверете дали одводите се проодни, дали има барички што се задржуваат долго, дали фугата е оштетена и дали има пукнатини и видливи траги на соседните ѕидови. Ако постои сомневање за оштетена хидроизолација, не е доволно само да се исчисти одводот. Потребно е да се утврди причината за проблемот. Кога имате потреба од повеќе различни поправки, дигиталните платформи кои ги поврзуваат корисниците со изведувачите за различни куќни поправки се од голема помош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Живот Што се случува со организмот ако постите седум дена?Истражување кое открива како реагира организмот на рестрикција на калориите.Истражување спроведено на 12 здрави лица покажа дека седумдневниот пост на вода го менува телото и органите, а најголемите промени се случуваат околу третиот ден. Повеќедневното постење на почетокот почнува со трошење на складираните масти. Истражувачи од Лондонскиот универзитет на кралицата Мери и Норвешкиот универзитет за спортски науки следеле 12 здрави лица кои седум дена консумирале само вода. За време на истражувањето анализирале околу 3.000 протеини во крвта на учесниците за да утврдат како организмот се прилагодува на целосното исклучување на храната. Телото во првите три дена од користење на гликозата преминало на користење на складираните масти како главен извор на енергија, па учесниците изгубиле 5 до 7 кг, и масно и немасно ткиво. Меѓутоа, она што се случило по првите три дена ги изненадило истражувачите. Почнале да се случуваат значајни промени во нивото на протеини поврзани со многу органи и процеси во организмот. Третина од анализираните протеини се промениле за време на постот, а некои промени не можеле да се објаснат со губење на килограмите. Меѓу нив се промените на протеините кои имаат улога во структурата и функционирањето на нервните клетки, што укажува дека долготрајното постење може да има многу поголемо влијание врз телото отколку што се сметаше некогаш. Резултатите не значат дека треба да гладувате За првпат можеме да видиме што се случува на молекуларно ниво во организмот додека постиме. Нашите резултати нудат докази за здравствената придобивка на постот и не се однесуваат само на губењето килограми, тие се видливи дури по три дена целосна рестрикција на калориите – објаснува Клаудија Лангерберг од Универзитетот Кралицата Мери. Важно е да се нагласи овие резултати се однесуваат на целосна рестрикција на храна во текот на неколку дена, а не на кратки форми на повремен пост, како што се популарните режими засновани на автофагија. Според тоа, овие резултати не можат автоматски да се применат на секоја форма на пост. Научниците се надеваат дека подоброто разбирање на овие промени еден ден би можело да помогне во развој на терапии кои би имитирале одредени ефекти на постот, без притоа да се бара од пациентите целосно воздржување од храна со денови. Мајк Пицнер, еден од авторите на студијата, истакна дека долготрајниот пост не е безбедна опција за секого, особено не за лицата со веќе постоечки здравствени проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29