3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
МакедонијаМлад кошаркарски тренер загина во сообраќајката на патот Охрид- КичевоМладиот македонски кошаркарски тренер, Антонио Савевски загина во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на патот Охрид-Кичево.Според информациите кои ги објави Министерството за внатрешни работи, Савески со автомобилот удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило. Антонио беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, Водно Санс и Ангели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветАвион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетувањеАвион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти. Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“. Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи. 🚨🇵🇱🇬🇧 BREAKING: BOMB THREAT FORCES LOT POLISH AIRLINES BOEING 737 MAX 8 TO DIVERT FROM WARSAW CHOPIN AIRPORT, TRIGGERING AN AIRPORT SHUTDOWN. Polish authorities temporarily closed Warsaw Modlin Airport following a reported bomb threat involving a LOT Polish Airlines passenger aircraft arriving from London Heathrow on November 3. ✈️ FLIGHT IDENTIFIED Flight-tracking data from Flightradar24 identifies the aircraft as a Boeing 737 MAX 8, registration SP-LVK, operating flight LO286 from London Heathrow (LHR) to Warsaw Chopin (WAW). The aircraft was diverted to Warsaw Modlin Airport (WMI), where it reportedly landed safely at approximately 10:01 a.m. local time. 181 people were on board. ⚠️ MAJOR SECURITY RESPONSE Emergency services and specialist bomb disposal teams were deployed following the security alert, prompting the temporary suspension of airport operations. Authorities have not confirmed the discovery of an explosive device, and the circumstances surrounding the reported threat remain unclear. — Apex Vanguard (@Apex_Intel24) November 3, 2026 Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин. Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“. Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво. „По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението. Dwa alarmy bombowe. B737 MAX SP-LVK @LOTPLAirlines z Heathrow przekierowany do @WMI_Airport, a drugi to A320neo SE-ROG @SAS stojący na drodze kołowania C @ChopinAirport https://t.co/F4zWy7qhBa — Piotr Bożyk (@PiotrBozyk) November 3, 2026 Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаГерасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднинатаОпштина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски. Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите. Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост. „Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски. Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда МараСо засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок. Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт. ➡️ Новиот мост ќе располага со: ✔️ Две коловозни ленти ✔️ Тротоари од двете страни ✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00