Млад Французин отишол во Турција за пресадување брада- се разочарал и си пресудил - Канал 5

Млад Французин отишол во Турција за пресадување брада- се разочарал и си пресудил

Матје Вигер Латур од Франција се самоубил по неуспешната трансплантација на брада во Истанбул, наводно извршена од агент за недвижности кој се претставувал како хирург.

Млад Французин отишол во Турција за пресадување брада- се разочарал и си пресудил

24-годишниот студент по бизнис администрација во март отпатувал во Турција за да се подложи на трансплантација, која го чинела 1.300 евра, пет пати помалку отколку во Франција, не сфаќајќи дека целата операција ќе резултира со вистинска катастрофа.

Сепак, операцијата имала катастрофални резултати, со изгубени 1.000 графтови, а уште 4.000 трансплантирани од неговата глава на лицето. Резултатот беше неправилна брада која растела под чудни агли, давајќи му на лицето необичен изглед кој, како што рекол неговиот татко, наликувал на „еж“, пренесува Дејли Мејл.

Младиот човек се здобил и со изгореници и интензивни тегоби кои го спречувале да спие. Откако подоцна открил дека тој што ја извршил операцијата не бил специјализиран хирург туку агент за недвижности, се шокирал.

Оваа неуспешна процедура му нанела на Латур многу психолошки проблеми и му задала дисморфично пореметување - нарушување во кое луѓето стануваат опседнати со несовршеностите на нивниот изглед.

И покрај обидот на белгиски специјалист да ја поправи штетата, било откриено дека скалпот на Латур нема да може да ја врати својата нормална состојба.

Три месеци по операцијата, Латур донел одлука да се самоубие.

Неговиот татко, уништен од трагичниот пресврт на настаните, сега води кампања за подигање на јавната свест за опасностите од „здравствениот туризам“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, и се враќа во својата матична база во Тулон, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што наведе во објава на мрежата „Икс“ (X), носачот на авиони се враќа поради „поволниот развој на настаните“, односно договорот меѓу Иран и САД за прекин на непријателствата. Макрон додаде дека француските капацитети за деминирање и нивната придружба остануваат распоредени и подготвени за интервенција заедно со партнерите.

„Шарл де Гол“ моментално се наоѓа во Средоземното Море, соопштија од Елисејската палата, пренесе „Фигаро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија е во економски ќор-сокак

Владата на Христијан Мицкоски, составена од тендер коалицијата - ВМРО и ЗНАМ, ја доведе државата во сериозна економска и политичка криза, а сите показатели покажуваат дека се подготвуваат предвремени избори.

СДСМ: Македонија е во економски ќор-сокак

Економијата е во слободен пад. Инфлацијата ги изеде платите, цените на основните производи континуирано растат, а минималната плата не е зголемена.

Во исто време, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години, а буџетот е празен.

Нема пари ниту за тековните обврски, ниту за криминалните тендери кои се потребни за збогатување на организираната криминална група.

Додека за себе и за своите семејства обезбедија бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, наместо да создава услови младите да останат во земјата, Мицкоски увезува работна сила од трети земји.

Ова не е развојна политика - ова е признание за неуспех.

Реконструкцијата на Владата е чист театар. Наместо реформи, добиваме ротација на истите лица и исти политики.

Реформската агенда е во застој. Додека Црна Гора доби пакет од 3,2 милијарди евра, Македонија ризикува да изгуби значителен дел од европските средства поради неисполнување на реформските чекори.

Парите од ЕУ нема да дојдат ако не се спроведат реформите а оваа Влада очигледно не е способна да ги спроведе.

Буџетот е пред колапс. Не се знае до кога ќе можат да се задолжуваат. Кога ќе нема повеќе пари за „своите“ тендери, ќе бидат принудени на предвремени избори.

Мицкоски веќе ја укина техничката влада и сега сака да го протурка изборниот закон кој отвора можност за изборна кражба.

Во исто време, подготвува нова политичка опција - платформата за иднината (ЗНАМ 2.0) чија единствена цел е да одземе гласови од опозицијата.

Загубата од преку 150.000 гласови и драстичниот пад на рејтингот се аларм за забрзани подготовки за избори.

Ова не е стабилност - ова е паника на Тендер коалицијата.

Партнерот што, служеше како сателит на ВМРО и на Мицкоски - ЗНАМ, се распадна. Повеќе не постојат ниту во анкетите, ниту на терен. Секојдневно ги напуштаат членови. Најпрво ја изневерија својата партија, а потоа и своите гласачи.

Сега им е потребен нов политички субјект, што ќе глуми опозиција, за да се обидат да ги поделат и расцепкаат опозициските гласови, а по изборите повторно да му послужат на Мицкоски како нов „сателит“.

Како што рековме, кога ќе снема пари, Мицкоски ќе распише избори.

Скопје, 04.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста.

 Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод 250 години од независноста на САД.

Овој ден претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок заснован на слобода, легитимитет и владеење на правото.

Во изминатите два и пол века, САД се етаблираа како глобален носител на демократскиот плурализам, институционалната отпорност и политичката предвидливост, со силно влијание врз обликувањето на меѓународниот систем и современите демократски стандарди.

Република Македонија високо го вреднува своето стратешко партнерство со САД, кое претставува темелна оска на нашата надворешна политика и клучен фактор за стабилност, безбедност и за процесот на приближување кон евроатлантските структури, врз основа на заеднички вредности како демократија, владеење на правото и институционален интегритет.

Во овој контекст, посебно ја нагласувам улогата на реформите во јавната администрација како суштински столб на современото државно управување. Поддршката и соработката со САД во насока на јакнење на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредување на доброто управување претставуваат значаен импулс за создавање ефикасни, транспарентни и сервисно ориентирани институции.

Упатувам искрени желби за понатамошен развој, единство и просперитет на американскиот народ.

Со почит,

Горан Минчев

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер