Млад Авганистанец со шипка нападна пациенти во болница во Англија- збеснал кога му го одбиле терминот - Канал 5

Млад Авганистанец со шипка нападна пациенти во болница во Англија- збеснал кога му го одбиле терминот

Во Општинската болница „Њутн“ во Њутн-Ле-Вилоуз, попладнево, 20-годишен маж нападнал пет лица, наводно со метална шипка, откако му бил одбиен термин.

Млад Авганистанец со шипка нападна пациенти во болница во Англија- збеснал кога му го одбиле терминот

Англиската полиција брзо реагирала и го уапсила напаѓачот, пишува „Скај њуз“.

Според извештајот од полицијата во Мерсисајд, инцидентот започнал кога младиот човек, по потекло од Авганистан, побарал термин во болницата. Откако бил одбиен и замолен да си замине, тој станал насилен. „Во оваа фаза, се верува дека неговото барање било одбиено, а кога бил замолен да си замине, тој станал сè повознемирен и оштетил шанк пред да нападне голем број луѓе во болницата со оружје, веројатно метална шипка“, изјави портпаролот на полицијата.

Петмина повредени, напаѓачот е во притвор

Пет лица се повредени во нападот, но полицијата потврди дека нивните повреди не се опасни по живот и дека им е укажана медицинска помош. 20-годишниот Авганистанец е уапсен под сомнение за пет кривични дела намерно повредување, предизвикување неред и уништување на имот. Тој е однесен во полициската станица во Мерсисајд каде што моментално е во притвор.

Сара Ротерам, членка на соседската служба „Сент Хеленс“, се обрати до јавноста: „Добивме повици за маж кој се однесувал агресивно во болницата и нападнал голем број луѓе. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и човекот бил брзо пронајден и уапсен. Итните служби пристигнале во болницата и им пружиле прва помош на повредените.

Би сакала да ја искористам оваа можност да ги повикам сите што биле сведоци на овој инцидент во болницата да не контактираат со какви било информации.“ Полициската истрага е во тек, а на граѓаните им се препорачува да ја избегнуваат областа околу болницата до понатамошно известување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Повеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи.

Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648.

На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле.

Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран.

Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. 

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот.

Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.

Видео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен

Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен.

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен.

Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната.

Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година.

Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа.

Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан.

Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија.

Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото.

Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер