Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
1Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
КошаркаМКФ упати честитки до победниците во ЛИМАК купотМакедонската кошаркарска федерација им ја честита победата на Карпош Соколи во финалето од ЛИМАК Купот на Република Македонија во машка конкуренција со која го освои својот прв трофеј во 20 години постоење на клубот. Честитките се адресирани и до женската екипа на Вардар која, идентично како и Карпош Соколи, го освои првиот трофеј во историјата на постоењето. Во соопштението од МКФ стои: - Нека трофеите кои од синоќа ги красат вашите витрини бидат први од многу. Македонската кошаркарска федерација сака да јавно да изрази благодарност до градот Кавадарци за гостопримството и на клубот Фени Индустри за коорганизацијата на завршниот турнир од ЛИМАК Купот на Република Македонија. Спортската сала „Јасмин“ која беше домаќин на дванаесетте клубови беше исполнета до последното место на речиси сите натпревари, а навивачите им дадоа дополнителна мотивација на сите актери во играта на паркетот да внесат повеќе енергија. МКФ изразува и жалење што надвор од спортската сала останаа голем број луѓе кои сакаа да го проследат второто финале од завршниот турнир, но не можеа да бидат сместени внатре поради ограничениот капацитет. Со огромна чест и задоволство канцеларијата при Македонската кошаркарска федерација може да потврди дека организацијата на сите натпревари од завршниот турнир на ЛИМАК купот помина без нималку проблеми. Македонската куќа на кошарката сака да и се заблагодари и на компанијата Лимак Холдинг која и ја остави сета доверба кон организирање на завршниот турнир во нејзини раце. Се надеваме на успешна соработка и во иднина, се вели во обраќањето на МКФ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECIНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative) Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative). На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки. За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица ДашиќСКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри. „За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин. Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл. Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook