МКФ: Таксата за лиценци за домашните кошаркари и кошаркарки останува иста како лани - Канал 5

МКФ: Таксата за лиценци за домашните кошаркари и кошаркарки останува иста како лани

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) со цел да ги надмине недоразбирањата со клубовите во поглед на висината на цената за лиценците за новата сезона (која сеуште не е почната) делумно ја промени одлуката на Управниот одбор така што за лиценците на кошаркарите и кошаркарките клубови ќе треба да се плаќа исто како и во ланската сезона, а новите цени ќе важат само за странските играчи.

МКФ: Таксата за лиценци за домашните кошаркари и кошаркарки останува иста како лани
- Македонската кошаркарска федарација ги информира сите клубови свои членки дека во интерес на застапеноста и развојот на кошарката во Македонија, делумно ја сторнира одлуката донесена на Управниот одбор на МКФ од 07.10.2016 година, која се однесува на висината на таксите за регистрација на кошаркари и кошаркарки во сите рангови на натпреварување, вклучувајќи ги и младите кошаркари. Одлуката гласи, таксата за регистрација на домашните кошаркари и кошаркарки не се менува, останува иста како во сезоната 2015/2016, а останува на сила одлуката за висината на таксите за регистрација на странските кошаркари и кошаркарки, се вели во одлуката.

Со оваа одлука, се додава, сакаме да дадеме до знаење дека развојот на македонските кошаркари и кошаркарки, останува наш приоритет и за во иднина, а покажуваме и дека не сакаме да создаваме никакви проблеми во нормалното функционирање на клубовите.

- Со ова сметаме дека целосно се надминати сите пречки за почетокот на домашните првенства во предвидените рокови, а стартот на Првата лига останува да зависи исклучително од прволигашите. И за што не гледаме наша вина за евентуалното не играње на Првата лига. Оној што размислува и работи за развојот на кошарката во Македонија и ги почитува одлуките на Федерацијата оставаме сам да донесе одлука какви чекори ќе превземе понатаму со клубот кој го претставува, се вели во соопштението.

Одлуката на Управниот одбор на МКФ донесена на последната седница 07.10.2016, која се однесува на таксите за регистрација на кошаркари и кошаркари ќе се применува од натпреварувачката сезона 2017/2018. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

Полска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

Подготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со Украина

„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио.

Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин.

Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова.

Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер