Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
1Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
КошаркаМКФ се согласи, стартот на шампионатот на 19 ноемвриМакедонската кошаркарска федерација се согласи да има еднонеделно пролонгирање на стартот на домашниот шампионат, но клубовите се задолжуваат навремено да дадат термин за одигрување на натпреварите и да ги помират финансиските услови.По неколкуте одложувања на стартот на новата сезона до домашното кошаркарско првенство, конечно, на повидок е разрешување на дел од несогласувањата на релација МКФ – членки на Првата лига. Имено, МКФ прифати дел од барањата на прволигашите за пролонгирање на стартот на првенството на уште една седмица, но дотогаш клубовите ќе треба да ги подмират сите обврски кон федерацијата. Во МКФ се расположени првенството да започне на 19. ноември, но за тоа бараат одредени финансиски предуслови. - Во интерес на кошаркарскиот спорт и љубителите на кошарката во Република Македонија, се одложува почетокот на натпреварите од првото коло за 19 ноември 2016 година. Но, клубовите се задолжуваат: - навремено да дадат термин за одигрување на натпреварите. - да ги подмират финансиските услови и тоа: заостанати долгови од минати сезони, котизација од 50% за учество во лига, најдоцна до 18. ноември 2016 година, согласно актите и одлуките на телата на МКФ. - дел од фактура за лиценца на странски играчи во износ од 15.500 денари (по играч), да се плати најдоцна до 18.ноември 2016 година, а остатокот од фактурата да се плати најдоцна до 16. декември, 2016 година. - да ја завршат регистрацијата на играчите согласно Регистрацискиот правилник на МКФ - да ја завршат регистрацијата на тренерите и на службените лица согласно со актите на МКФ. Доколку се согласни со предлогот за решавање на настанатата ситуација, МКФ бара од клубовите прволигаши да ги известат и да потврдат како би можело да се свика седница на Управниот одбор на кој би се донела одлука за усогласување на почетокот на првенството и начинот на исплата на финансиските обврски. Доколку пак овој предлог на МКФ не е прифатлив за Прволигашите, тогаш, раководството на федерацијата нема да одржи седница на УО на МКФ, и сите одлуки претходно донесени на УО остануваат на сила. Претходно, на состанокот на Управниот одбор на МКФ, одржан на 8. ноември, беше донесен заклучок, натпреварите од Прва лига-мажи, согласно сите акти на федерацијата да започнат на 12. ноември. Поради краткото време за средување на финансиската состојба, клубовите се задолжуваат до второто коло, односно до 18. ноември, да ги подмират сите финансиски долгови спрема МКФ, вклучувајќи котизација за сезона 2016/2017. Исто така, клубовите требаше да ја извршат и регистрацијата на играчите согласно Регистрацискиот правилник, се вели во соопштението на МКФ кое во попладневните часови беше презентирано во јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МетеоВедро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степениСпоред Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter