МКФ организира „Тренерска клиника“ во Охрид - Канал 5

МКФ организира „Тренерска клиника“ во Охрид

Во организација на Македонската кошаркарска федерација, на 15 и 16 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи „Тренерската клиника 2013“, на која предавања ќе одржат некои од најеминентните тренерски имиња во Европа и во светот.

МКФ организира „Тренерска клиника“ во Охрид
Меѓу нив и најтрофејниот евроски тренер, Жељко Обрадовиќ заедно со неговиот асистент Димитриос Итудис, како и потпретседателот на младинската комисија на ФИБА Европа и претседател на Стручниот совет на Федерацијата на Словенија, Тоне Крумп.

Жељко Обрадовиќ и Димитриос Итудис во своите предавања ќе ги опфатат темите „пик-енд-рол напад“, „напад против зона“, „индивидуална работа на шут со бековите“ и „презентација на основи на тренинг користени во Панатинаикос“.

Покрај теоретскиот дел, Обрадовиќ и Итудис за „Тренерската клиника“ имаат предвидено и демонстрација на вежби со фокус на нивна примена во работата со младите кошаркари.

Покрај Обрадовиќ, Итудис и Крумп, на овие предавања во Охрид ќе учествуваат и други познати имиња од тренерската струка, со предавање, демонстрација и совети во однос на физичката и психолошката подготовка на играчите за тренинг и натпревар.

Присуството на „Тренерската клиника“ е задолжително за сите тренери, кои покрај на предавањата, ќе треба да присуствуваат и најмалку два дена на кампот на МКФ во Струга, каде ќе треба да одработат неколку теми кои ќе им бидат зададени од стручната комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измами

Превентивна активност на тема „Носи кацига“

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измами

Денеска (13.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово реализира превентивна активност на тема „Носи кацига“, насочена кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип, Пробиштип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди.

Отсекот за превенција при СВР Куманово, пак, во Куманово спроведе превентивна активност со цел информирање на граѓаните како да се заштитат од измами, особено при купување огревни дрва. На граѓаните им беше сугерирано да бидат внимателни, особено доколку некој им нуди огревни дрва по значително пониски цени, затоа што може да бидат жртви на измама, односно да не ги добијат дрвата кои ги платиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 12.08.2026 во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.П.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен и претрес во домот каде престојува П.П., каде била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер