МКФ ќе ја испитува можноста на чело на селекција да се врати Докузовски - Канал 5

МКФ ќе ја испитува можноста на чело на селекција да се врати Докузовски

УО едногласно ја поздрави Спогодбата за соработка со Турската Кошаркарска Федерација, а се очекува во иста насока да се развие и соработка со Словенечката Кошаркарска Федерација, како и со NCAA – Лигата на Универзитетските екипи од САД.

МКФ ќе ја испитува можноста на чело на селекција да се врати Докузовски
Распуштање на Стручниот штаб на Сениорската репрезентација и формирање на тричлена комисија која што ќе ги испитува можностите Марин Докузовски повторно да ја преземе работата со сениорите, се дел од одлуките на седницата на Управниот одбор на Македонската Кошаркарска Федерација одржана на 26ти октомври.

Стручниот штаб е распуштен и покрај прифатените извештаи на досегашниот селектор Марјан Србиновски и на спортскиот директор, Заре Марковски. На предлог на Марковски, УО формираше тричлена комисија со Претседателот Петар Наумовски, Потпретседателот Илија Пенов и членот на УО, Среќко Трајковски, чија цел ќе биде да ги испита можностите за враќање на Докузовски на кормилото на МКФ и изнаоѓање на соодветен авторитет кој ќе застане на чело на сениорската селекција.

Покрај анализата на настапот на сениорите на ЕП ’15, на седницата на УО беа верифицирани листите на судии и делегати за првиот дел на сезоната 2015/16.Спогодбата за соработка со Турската Кошаркарска Федерација беше едногласно поздравена, а се очекува во иста насока да се развие соработка и со СловенечкатаКошаркарска Федерација, како и со NCAA – Лигата на Универзитетските екипи од САД.

Реконструкцијата на Стручниот Совет продолжува со мандатот на Марјан Лазовски за машката сениорска кошарка и на Перо Стамевски, кај женската, заедно со мандатите на Душан Боцевски и Стојна Вангеловска кај младинците. Одборот го проширува составот на Советот со уште три члена: Благоја Георгиевски, Видоја Секуловски и Среќко Трајковски.

За следниот состанок, Управниот Одбор најави развој на стратегија за едукација на тренерскиот кадар, што едногласно беше прифатено и оценето како неминовен и многу важен чекор во продуцирање на квалитетни кошаркарски капацитети. За таа цел претседателот на Тренерската комисија, доцент Борче Даскаловски го комплетираше форумот со Василов и Марковски - стои во соопштението објавено на МИА .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Зеленски на листата на терористи?

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“.

Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи.

Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили.

Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија.

„Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони.

Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отсто

Главните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .

Нвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг.

Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“..

Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер