3Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции
КултураМКЦ домаќин на филмскиот фестивал „Eurovideo 2015“Младинскиот културен центар (МКЦ), во соработка со BRIDGES, од денеска до 19 март, ќе биде домаќин на филмскиот фестивал „Eurovideo 2015“.Фестивалот е организиран од страна на Videografphies и Фондацијата Монс 2015. Оваа, како што ја нарекуваат, „Евровизија за кратки филмови“, ќе се одржува во Театарот во белгискиот град Лиеж, а тридневната манифестација ќе биде симултано пренесувана во Cafe Europa локалите во Монс, Сараево, Скопје, Сан Себастијан и Калининград. Наградените дела ќе бидат прикажани и на белгиската национална телевизија. На програмата се 24 кратки филмови кои доаѓаат од 17 различни европски држави, а меѓу нив за свое место се избори и краткиот македонски филм под наслов „I want to abuse“ на режисерката Наташа Неделкова. Паралелно со натпреварувачката програма, свој придонес ќе имаат и трите Carte blanche односно ненатпреварувачки програми: „Ludwig Forum“ од Ахен кои на оригинален начин ќе ја прикажат видео арт историјата на Германија, Белгија и САД, „Duplex 100м2” од Сараево кои ќе отворат посебен видик кон различната и културно богата видео арт заедница во БиХ, како и „Tabakalera” од Сан Себастијан кои ќе го прикажат победничкото видео од нивниот последен Фестивал на филмските академии. Првите два дена се гласачки и натпреварувачки каде по проекциите, секој од публиката ќе има можност да гласа за петте најдобри филмови од селекцијата. Третиот ден е прогласувањето на наградените и прикажувањето на победничките филмови. Најдобрите во категоријата Films and Videos ќе имаат можност да се здобијат со наградите: The Innovation Award for Technologs or Treatment (1.500€)”, “The Innovation Award for the Most significant content (1.500€)” и „The European Audience Award (1.500€)”, каде Македонија е во конкуренција за наградата. Проекциите се бесплатни и ќе се прикажуваат во Cafe Europa - Скопје, лоцирано во Кафулето во МКЦ со почеток во 20:30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаДржавните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСОВладата нема да бара покачување на цената на електричната енергија и покрај алармантната состојба на светските берзи, но дали и колку таа ќе се зголеми ќе зависи и од ЕВН и МЕПСО.Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните од 1 јануари ќе плаќаат поскапа струја. Тој посочи дека е договорено АД ЕСМ на јавниот повик на ЕВН Хоум да достави понуда со иста цена како минатата година. – Што се однесува до државата ние ќе се обидеме да останеме на нула, односно да нема поскапување. Направивме еден бизнис план со кој што нема да бараме покачување на цената на струјата, производот ќе биде со иста цена, зборувам како државни компании, државна компанија е АД ЕСМ и на крајот од 2027 година ќе целиме на профит, кој што би го остварила оваа компанија, таков е овој бизнис модел што го креиравме и да видиме сега дали ќе функционира,- изјави премиерот Христијан Мицкоски. За разлика од струјата, кај парното поскапувањето ќе биде неизбежно. Мицкоски рече дека барањето за покачување на цената е значително, особено поради трикратно повисоката цена на гасот во однос на истиот период лани, но дека Владата ќе се обиде поскапувањето да го сведе на минимум. - Што се однесува до топлификација, тука се бара поскапување, многу големо. Цената на гас е трипати поголема од минатогодишната цена за ист период, но и тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум . може да се издржи и со тоа ќе бидеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин горивата и електричната енергија и затоплувањето во Европа,- ,- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот кажа и дека го добиле одговорот на студентите за промена на моделот на финансирање на студентскиот оброк. Најави дека повисок износ ќе добиваат од следната учебна година, а во тек е и активирањето на онлајн платформата М-Услуги, преку која ќе го остваруваат ова право. Дополнително, студентите ќе можат да користат и попусти во одредени угостителски објекти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоНатпросечно високи температури – од утре големо заладувањеНевообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми. Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани. „Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош. Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување. Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции7,16 милијарди евра планира да потроши државата во следната 2027 година.. Според предлог буџетот кој влезе во собраниска процедура, планирани се приходи од 6,43 милијарди евра, што значи дека буџетскиот дефицит е проектиран на 731,7 милиони евра.. Капиталните инвестиции се за околу 70 милиони евра помалку, односно предвидени се 663,4 милиони евра. Министерката за фианснии Кочоска, во своеото експозе кажа дека очекува ваквиот буџет да го продолжи трендот на раст на економијата, што се бележи во претходните две години. -Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8 проценти. Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат раст од 6,8 проценти, поддржан од продолжувањето на големите инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Се очекува продолжување на инвестициската активност на домашните претпријатија, како и прилив на нови странски директни инвестиции и проширување на капацитетите на постојните инвеститори. Приватната потрошувачка се очекува да бележи раст од 2,5 проценти, поддржана од растот на расположливиот доход, зголемувањето на вработеноста и платите, редовното усогласување на пензиите и растот на кредитирањето на населението,- Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии. Од Фискалниот совет предупредуваат дека и покрај проектираното подобрување на буџетското салдо, остварувањето на планираниот дефицит останува изложено на ризици. Во 2027 година државата треба да сервисира долгови во вкупен износ од околу 2 милијарди евра, меѓу нив е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година, која доспева во март следната година. -Предлог-буџетот за 2027 година предвидува номинално намалување на дефицитот, а неговото остварување останува изложено на значајни ризици. Тековната буџетска година нè упатува да бидеме претпазливи кон овој ризик. Имено, согласно проекциите, приходите растат побрзо од расходите и се планира подобрување на примарното салдо,- Абдулменаф Беџети – претседател на Фискален совет. Од опозицијата, пак, критикуваат дека буџетот не е доволно развоен и дека најголемиот дел од средствата се наменети за тековно функционирање на системот, наместо за капитални инвестиции. - 91 процент од расходите се наменети за тековно функционирање на системот, додека 9,3 проценти непосредно се издвојуваат за капитални вложувања. Државата издвојува огромни средства за да ја одржува економијата каква што е, додека развојниот маневарски простор останува намален. Додека Владата се обидува да нè увери во постоење на фискална стабилност, јавниот долг достигна 10,93 милијарди евра. На крајот на 2023 година изнесуваше 8,5 милијарди евра. Тоа се дополнителни 2,5 милијарди евра долг,- Фатмир Битиќи – СДСМ. Најголем дел од расходите во буџетот, односно околу 3,6 милијарди евра, ќе бидат наменети за социјални трансфери. За пензии се предвидени околу 2 милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор околу 930 милиони евра. Тагови: Предлог буџетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook