Митровденска задушница - спомен за починатите - Канал 5

Митровденска задушница - спомен за починатите

- Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Митровденска задушница - спомен за починатите

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Пет тони небезебедна храна, овошје и зеленчук биле запленети на пазарите во Ѓорче Петров и Зелен пазар, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ ги продолжува контролите на зелените пазари, досега запленети 5 тони небезбедна храна

Првиот човек на АХВ Оливер Миланов, објаснува дека станува збор за спречување на нелегална продажба на храна надвор од организираните пазарни простори.

За продавачите внатре во пазарите е во ред и треба да има контрола, објаснуваат дека тие плаќаат годишно за една теза шест илјади денари, а мораат да земаат и до три четри тезги, а плаќаат и други давачки. И купувачите велат дека надвор од пазарите цените се по 20 денари поевтини.

Од АХВ најавуваат продолжување на контролите на локациите околу пазарите.

И покрај забраните денеска повторно на тротоарите се продаваа производи. Продавачите објаснуваат дека тие продаваат неколку дена и немаат исплатливост за земање на тезга.

Инспекторите потенцираат дека самото продавање надвор од пазарите не значи дека секој производ е небезбеден, но непознатото потекло и несоодветните услови за чување се причини за претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

Обвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за  случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. 

Судење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случај

На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење.

-Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство.

Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај.

-Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски.

На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала.

Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција во 66 локали и казина: Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегално

Ја научивме ли лекцијата од „Пулс“?

Акција во 66 локали и казина: Алкохол се точел на малолетници, игри на среќа се приредувале нелегално

Работење без потребни одобренија, нерегистрирана дејност, недостатоци во противпожарна заштита и неиздавање на фискални сметки, синоќешната акција на МВР, ДЗС и неколку инспекторати извади на површина бројни прекршувања на законот ширум земјава. Во акцијата се „чешлале“ угостителски објекти, казина и обложувалници. По полноќ биле затекнати малолетници на кои им се точел алкохол, се пушело во затворен простор, биле фатени обезбедувачи без лиценца и легитимација, како и странски државјани без регулиран престој и незаконско организирање на игри на среќа. Изречени се три глоби и приведени се четири лица.

-При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лицента и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир. Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници. МВР продолжува со засилени и координирани контроли во со угостителските објекти и казината, во соработка со надлежните институции, со цел откривање и санкционирање на незаконските дејствија, доследно почитување на законите и поголема безбедност на граѓаните,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Ден претходно, на удар на полицијата се најдоа лица поврзани со нарко-криминалот. Извршени се претреси на 47 локации во земјава, во кои приведени биле 16 лица. При претресите била пронајдена поголема количинина на марихуана, кокаин, од кој дел бил подготвен во грамажа за препродажба. Биле пронајдени и пиштоли, пушки и разновидна муниција, како и парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека биле дел од претходни кривични дел.

За ова поднесени се 11 кривични пријави за делата „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Од обвинителството велат дека акциит се во координација нив и дека по истите се постапува.

Покрај тоа, полицијата имала работа и на патиштата - уапсила едно лице кое возело со 2,04 промили алкохол во крвта во прилепско. Двајца српски државјани пак биле лишени од слобода на ГП Табановце, откако Сејф Сити ги детектирал дека возеле речиси 100 кмч повеќе од дозволеното на патот Демир Капија – Гевгелија. Едниот возел 170, а другиот 175кмч, на делница каде ограничувањето е 80 кмч.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер