Митрополитот г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кроти, смирени, трпеливи - Канал 5

Митрополитот г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кроти, смирени, трпеливи

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови.

Митрополитот г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кроти, смирени, трпеливи

Ги повикувам сите луѓе и ги замолувам да бидат кротки, смирени, трпеливи, да не ги вознемируваме ниту упокоените, ниту нашите страдални болни,туку со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи, истакна во своето денешно обраќање Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица.

Тој изрази сочувство до родителите, роднините и блиските на починатите, а на починатите им посака човековљубивиот Бог да ги насели во царството небесно меѓу ангелите и светителите.

-Да им подари вечен живот и царство небесно на постраданите семолистивиот Бог и лекар и исцелител да ги исцели, да ги излечи и повторно да се вратат во своите домови живи и здрави продолжувајќи го својот живот славејќи го бога во покајание, во радост за спасение, им посака митрополитот на повредените.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион во своето обраќање рече дека во овие мигови не само Брегалничка епархија, целата наша татковина Македонија и помесната света автохекефална црква МПЦ-ОА е завиена во црно и е трогната на жалење и натажена.

- Секојдневно пристигнуваат сочуства од многу православни епископи и светешнослужители на црквата божја, пристигнаа и од вселенскиот патријарх, гг. Вартоломеј, од српскиот, од романскиот, од бугарскиот, од многу епархиски архиереи на Светата црква Христова вселенска, коишто секојдневно заедно со нас ја чувствуваат болката и тагата и се молат и за починатите, и за родителите на починатите, но и за нашите болни чеда, рече г.Иларион.

Тој се заблагодари на сите добри луѓе во светот како во соседни земји, во Белград, во Софија, Грција, Турција и насекаде каде што ги примија нашите луѓе.

-Деновиве сме на линија и разговраме со нашите луѓе презадоволни се, прекрасно се примени и велат дека од највисок ранг им е искажана помош и висок третман, а луѓето коишто се со нив се сместени и се покрај нив. Секојдневно се молиме. Пак ќе речам Господ Бог да им подари здравје и побрзо да се исцелат, рече г.Иларион.

Митрополитот на Брегалничката епархија порача дека во овој миг кога сме сите во тага и жал ги разбира сите луѓе, ги разбира и вчерашните луѓе, коишто беа во Кочани и какошто рече „затоа вчера преку нашиот свештеник ги повикав и ги замолив да бидеме смирени да бидеме кротки, да бидеме спокојни, трпеливи“.

-Нашите молитивни и нашите мисли да бидат упатени кон нашите починати, но и кон нашите настрадани за нивно здравје и опоравување и ги повикувам сите луѓе и овде во епархијата кои сме најмногу засегнати и повредени. Но истите луѓе во тактовината, во овој тажен момент, во овој тажен миг, сите заедно да размислуваме и да се подготвиме во овие денови на тага, нашите починати достоинствено да ги испратиме во вечноста во царството небесно. Пред Бога нема мртви, туку сите се живи и самиот Бог е живот и воскресение, рече г. Иларион.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион во врска со вчерашните протести во Кочани рече дека ги разбира, за големата болка, големата тага, големата жалост што ја носат, бидејќи, како што рече, на сите тие луѓе им е починат или повреден по некој роднина, близок пријател, брат, сестра, сосед, другар, соученик, сограѓанин...

- Нивниот револт потполно го разбирам, го сфаќам, но замолувам не на таков начин туку на евангелски начин, молитвено, смирено, тивко, достоинствено да ги испратиме во вечноста починатите , а за здравите постојано да се молиме, порача Иларион.

Тој додаде дека иако имало напади од некои луѓе дека црквата ништо не правела, неговото блаженство г.г. Стефан, како татко на нацијата прв изразил сочувство и испратил во СА Синод сочуство и соопштение до настраданите и до семејствата на сите архиереи на МПЦ, рече г. Иларион.

Направил грешка во кујната- докторите од стомакот му извлекле живо суштество

Бизарна приказна е забележана минатиот месец во Индија, откако неименуван маж се појавил во болница жалејќи се на проблеми со мокрењето.

Направил грешка во кујната- докторите од стомакот му извлекле живо суштество

Лекарите побарале ултразвук на абдоменот, не знаејќи каков ужас ќе откријат, објавува „Дејли стар“.

Што пронајдоа?

32-годишниот маж рекол дека проблемите започнале неодамна со болки во стомакот, додека УВ скенирањето пронашло црв од 30 сантиметри во неговиот мочен меур.

Станува збор за паразит наречен dioctophyma renale, попознат како џиновски бубрежен црв, па затоа беше наредена итна хируршка интервенција.

Лекарите успешно го отстраниле живиот црв, а фотографијата од него во метален сад предизвика загриженост кај многу корисници на социјалните мрежи.

Каде погрешил?

Пациентот имал среќа што џиновскиот црв бил мажјак, бидејќи женките достигнуваат должина од 100 сантиметри.

Тој призна дека неодамна јадел сурова риба и дека тоа не било прв пат. Докторите веруваат дека на овој начин го вовел паразитот во своето тело.

Овој вид на болест е многу редок, а студија од 2019 година објави дека во медицинската литература се евидентирани само 37 случаи.

Драма на аеродромот во Бергамо: Маж се сокрил меѓу тркалата на авионот (ВИДЕО)

Необичниот инцидент е снимен на меѓународниот аеродром Орио ал Серио Бергамо во понеделникот, 21 април, откако персоналот пронашол непознат маж како се крие меѓу тркалата на авион.

Драма на аеродромот во Бергамо: Маж се сокрил меѓу тркалата на авионот (ВИДЕО)

Властите веднаш ја известиле полицијата, која го привела мажот за идентификација, објавува „Дејли меил“.

Полициската истрага е во тек

Службениците на аеродромот во Бергамо изјавија дека по апсењето на мажот, „сите системи за надзор биле итно проверени, со што се потврдува нивното правилно функционирање“.

YouTube video

Полицијата ќе утврди како мажот успеал незабележано да се скрие во слетувачкиот систем на паркиран авион. Во него се вели дека инцидентот „не влијаел врз оперативните активности на аеродромот, ниту ги довел во опасност патниците и персоналот“.

Доколку не бил откриен, човекот лесно можело да загине откако авионот ќе полеташе. Кабината за тркала не е под притисок ниту загреана, а температурите на височината на летање се далеку под нулата.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Дваесет и едногодишниот Американец Мајкл Александар Глос потпишал договор со руското Министерство за одбрана и загинал борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор за дигитални иновации на ЦИА.

Глос потпишал договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според протечените податоци од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS).

Бил погребан во САД осум месеци по неговата смрт.

Во системот го внеле вработените во центарот за регрутирање на војници по договор во Москва, а како адреса на живеење - како и кај стотици други странски волонтери - ја наведоа адресата на самиот центар. Патем, во таа просторија се врши и лекарскиот преглед на кандидатите за регрутирање.

Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос починал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некрологот објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави дури осум месеци по неговата смрт.

Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чиј идентитет го открил IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји, вклучувајќи ги и членки на Европската Унија и САД, се приклучиле на руската страна во војната.

притисни ентер