Митревски: Малку ни фалеше да се пласираме во четвртфинале, видовме дека можеме против секого - Канал 5

Митревски: Малку ни фалеше да се пласираме во четвртфинале, видовме дека можеме против секого

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски смета дека доколку не се работеше за Франција или Данска, против секој друг противник би имале поголеми шанси за победа.

Митревски: Малку ни фалеше да се пласираме во четвртфинале, видовме дека можеме против секого

- Овие две репрезентации се најголеми претеденти за светската круна. Се обидовме да одиграме, иако тие немаа императив за победа, но таков тип на играчи никогаш не се опуштаат иако го имаа обезбедено првото место. Секоја наша грешка ја користеа во транзиција, полуконтра..., изјави Митревски.

Во однос на тоа дека оваа репрезентација подобро изгледа на физички план и тоа е нова карактеристика на оваа репрезентација, Митревски вели дека имале доста одмор по секој натпревар.

- Можеби го подигнавме малку нивото, но видовме дека на овој турнир детали ни фалеа да се пласираме во четвртфинале. Доколку ги добиевме двата нерешени натпревари овој натпревар ќе беше за прво место, но она што треба да го научиме како играчи, како нација е да веруваме во себе и да се бориме против секој. Видовме тука дека можеме против секого, додаде голманот.

Македонија синоќа загуби од „триколорите“ и со тоа го одигра својот последен натпревар на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка. На крајот „жолто-црвените“ се пласираа на 15 место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер