Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
2Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
МакедонијаМитовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!Од Крива Паланка започнува враќањето на довербата. Тука почнува обединувањето што ќе ја врати правдата, развојот и чесната политика. На отворањето на караванот „Мугри на слободата“, градоначалникот Сашко Митовски испрати силна порака: „Крива Паланка не е само град – ова е наш дом, наша чест, наш завет. Овде сме покажале дека со план, со срце и со труд – можеме многу. Затоа велам: време е за нова победа, но само ако сме сплотени!“ - истакна градоначалникот на Крива Паланка и претседател на општинската организација на СДСМ. Митовски истакна дека СДСМ отсекогаш бил носител на одговорност и државотворност, партија што не се плашела да ги носи и најтешките одлуки кога тоа било потребно за државата. Денес, вели тој, наспроти неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ која за само една година ја закочи државата, СДСМ е потребен повеќе од кога било. „Крива Паланка е пример како се води град, како се слушаат граѓаните и како се создава модерна, развиена и европска општина. Во изминатите 3,5 години, во градот се реконструирани над 50 улици, изградени се нови водоводи и канализации, како и 12 нови детски катчиња, со план за уште 5. Уредени се јавни површини, мостови, пешачки патеки, речни корита, а целосно е променет ликот на градскиот кеј. Крива Паланка денес има нов Генерален урбанистички план по речиси 40 години, и првпат функционален модел за долгорочен развој“ - рече Митовски. Со 100% реализација на општинскиот буџет, креиран во консултација со граѓаните, секој денар е вложен таму каде што е најпотребно. Вложено е во градинки, училишта, спортска инфраструктура, како и во социјална заштита – од директна поддршка за семејства во социјален ризик, до воведување на ваучери за лица со попреченост. Отворен е и прв дневен центар за стари лица, а општината финансира и бесплатни летувања за деца од социјално загрозени семејства. Митовски најави и реализација на низа капитални проекти: реконструкција на главната улица, нова монтажна катна гаража со 166 паркинг места, зонско паркирање, продолжување на патот до Калин Камен и нови хотелски инвестиции. Посебен акцент Митовски стави на инфраструктурните проекти од регионално значење. Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, вреден 93,7 милиони евра, е најголемата инвестиција во овој регион, заедно со рехабилитираните патишта до Деве Баир, Црцорија, Узем и Луке, со вкупна вредност од над 120 милиони евра. „Ова не се проекти за поединци. Ова се инвестиции за граѓаните. Ова е нашето заедничко дело. А сега следува одлука“, рече Митовски. Градоначалникот посочи дека новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ја заборавила Крива Паланка, а напорите за развој продолжуваат исклучиво благодарение на општинската визија и поддршката од претходната влада. Затоа, повика на мобилизација, без поделби и суети: „Крива Паланка нема право на нова грешка. Сега не е време за експерименти. Сега е време за заштита на сè што сме изградиле и за силен нов чекор напред. Да го направиме вистинскиот избор – избор за труд, за иднина, за достоинство. Да не чекаме – туку уште вечерва, сплотени и обединети, да се вградиме во процесот што ќе значи убедлива победа. Победа што нема да биде ничија лична – туку победа на секој еден граѓанин што верува во правда, во работа и во иднина!“ - заврши Митовски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеОд јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравјеСпецијализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед.Специјализираната геријатриска болница традиционално ја продолжува бесплатната и конкретна скрининг кампања за превентивни контролни прегледи за машкото здравје пред се преку ехо преглед и консултативен преглед со претходно изготвени ПСА резултати со уролог специјалист кој доаѓа од ГОБ 8 Септември. Лани во рамките на ваквиот преглед биле навреме откриени 3 карцинома на простата кој за среќа биле во почетна фаза заради што укажуваат дека за оваа болест секој ден порано е значаен. Превентивата е иднината на медицината ососбено за ракот на простата кој е 4 по смртност во светски рамки а кој најчесто нема симптоми додека не дојде во крајна фаза. Ноември е месецот на машкото здравје но тоа не значи само да се пуштат бркови туку да се појде на превентивен преглед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ Нови задолжувања или враќање на старите долгови од претходната влада- премиерот Мицкоски и лидерот на СДСМ Филипче со меѓусебни обвинувања кој е виновен за парите кои допрва треба да се враќаат. Според Мицкоски владата има добар економски план кој досега се покажал како успешен, како што вели, и покрај последиците од политиките на владата на СДСМ по која требало да се отплатат долгови од 5 милијарди евра во следните две години. За критките од опозицијата за лоши резултати во капиталните инвестиции, премиерот одговори дека досега за годинава има реализација од 70 проценти. „ Со несмалена динамика продолжуваме и следната година. Она кое треба да го знаат граѓаните е дека за 2027 и 2028 година, за да ги платиме каматите на заемите на претходната влада, истите да ги рефинансираме, да ги рефинансираме домашните заеми, да го рефинансираме буџетскиот дефицит којшто генерално е содржан во рамките на капиталните инвестиции, ни се потребни околу 5 милијарди евра, толку пари треба да обезбедиме за следните две години. Со толку практично тие ги задолжиле неродените генерации. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти Мицкоски, претседателот на СДСМ Филипче вели дека долговите не се стари туку креирани од актуелната влада. Со предлог-буџетот за 2027 година нема да има капитални проекти и повисоки плати, ниту повеќе пари за здравството, образованието и земјоделството, изјави Филипче. -На целата таа лоша економска политика, лоша структура на буџетот, дополнителните лаги на премиерот е дека се задолжува да враќа стари долгови. Чиста лага... Ако навистина се задолжуваше државата да ги врати старите долгови, тогаш вкупниот долг немаше да расте, а порасна од 8,5, па 11 а ќе биде 12 милијарди евра. Најголем историски долг во историјата на државата. Христијан Мицкоски при репрограмирањето, враќањето на старите долгови, се задолжува дупло – еден дел за стари долгови, уште толку за нивни проекти коишто не се капитални туку за трошење пари,- Венко Филипче - претседател на СДСМ. Со предлог-буџетот за следната година се предвидени вкупни приходи од 6,43 милијарди евра, расходи 7,16 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари или 3,5 отсто од БДП. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook