2Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
МакедонијаМитева: Во време на економска криза, Шилегов набавува клупи со 7 даски кои чинат по 500 евраНа Град Скопје му недостигаат многу работи кога станува збор за стратегијата и нејзиниот развој. Она што досега е проблем е што таа се води стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој. Скопјани слушнаа многу најави за капитални инвестиции во главниот град, но реализацијата на истите воопшто и да немаше. Овие 4 години власт на Социјалдемократскиот сојуз реализација на капитални инвестиции нема. Приказната со капиталните инвестиции постојано се репризира само во периодот пред изборите, а завршува со набавка на даски, чешми, клупи и останата урбана опрема по енормно високи цени. Клупата во вредност од 500 евра е изненадување за скопјани, 7 даски од тропско дрво вредат 500 евра. Во време на економска и здравствена криза, во време на рецесија ова се небулозни цени за клупи од тропско дрво. Градоначалниците на Скопје, почнувајќи од Златко Марин од Аеродром кој е добро познат по тоа што ги триплицира цените на материјалите, па се до Петре Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените за урбана опрема варираат од година во година. Ако го отворите системот за јавни набавки ќе се забележи дека Град Скопје во 2020 година извршил јавна набавка за клупи од тропско дрво чија единечна цена била скоро 30.000 денари. Драги скопјани, кога на сето ова ќе го додадете и проблемот со девастираното управување со народните пари и недоволно реализираната инфраструктура на Скопје, тогаш е јасно каде сме и што ни е потребно. Потребно е СДСМ и Шилегов што поскоро да заминат. Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско житоУнгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“. Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји. Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз. Извор: Б92Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНароден правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во ТетовоПокрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082, Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛТагови: Народен правобранител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42