Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, која јасно ги дефинира приоритетите и визијата за развојот на државата - Канал 5

Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, која јасно ги дефинира приоритетите и визијата за развојот на државата

Прес-конференција на портпаролот на Владата, Марија Митева

Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, која јасно ги дефинира приоритетите и визијата за развојот на државата

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Ви благодарам за присуството на денешната прес-конференција. Сакам да информирам за одлука донесена на денешната владина седница.

Владата ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски документ од над 400 страници, кој јасно ги дефинира приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период.

Програмата е структурирана по области коишто ги опфаќаат надлежностите на законодавната, но и на извршната власт и претставува наша јасна мапа за реформите што следуваат и кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните, функционалноста на институциите, но и на европската перспектива на државата.

Во однос на законодавниот дел или она што подразбираме надлежност на Собранието, фокусот е ставен таму каде што државата има најголема одговорност, здравството и образованието. Предвидени се нови, современи и системски закони кои го уредуваат високото и средното образование, научно-истражувачката дејност, но и педагошката служба, како и унапредување на статусот и професионалниот развој на наставниот кадар. Овие решенија се насочени кон квалитет, достапност и одржливост на образовниот систем, како темел на долгорочниот развој.

Паралелно, Владата силно ја турка и дигиталната трансформација, меѓу другото преку носење на нов Закон за електронска фактура, со кој дигитализацијата на даночните процедури станува клучен столб на даночната реформа. Со ова ќе обезбедиме повеќе ефикасност, повеќе транспарентност, но и помал административен товар за граѓаните и за компаниите.

Реформата на правосудството останува наш висок приоритет. Во надлежност на Министерството за правда се предвидени измени на Изборниот законик, со целосно инкорпорирање на препораките од меѓународните мисии, како јасен сигнал за посветеноста кон демократски стандарди, фер избори, но и владеење на правото.

Особено значаен сегмент, којшто сакаме да го потенцираме на оваа прес-конференција, е реформата на јавната администрација. Предвидени се системски закони за висока раководна служба, унапредување со квалитетот во јавниот сектор и за првпат воспоставување на единствен систем на плати во јавниот сектор. Станува збор за решавање на долгогодишен проблем, каде платите се уредуваат фрагментирано, често неусогласено и спротивно на уставни начела. Новото решение носи правичност, транспарентност и најважно, усогласеност со Реформската агенда, поточно со чекор 18.

Во вториот дел од Програмата, оној којшто се однесува на актите и материјалите по коишто одлучуваме ние како Владата, предвидени се низа на програми коишто се насочени кон директно подобрување на животниот стандард, во областа на животната средина, здравството, безбедноста, образованието и социјалната заштита.

За 2026 година е планиран Оперативен план за активни мерки за вработување, усогласен со реалните потреби на пазарот на трудот, со цел зголемување на опфатот на невработени лица и поефикасна интеграција на ранливи категории.

Во економски и промотивен контекст, се отвора ново поглавје преку национално брендирање на туризмот, економијата и државата, под еден јасен, препознатлив и современ имиџ. Ова е силна можност Македонија стратешки да се позиционира пред европската јавност како атрактивна туристичка дестинација и стабилна, отворена економија со сериозен инвестиционен потенцијал.

Во здравството, Министерството за здравство иницира подготовка на Стратегија за млади лекари 2026–2030, нешто што има јасна цел а тоа е задржување, мотивирање и професионален развој на медицинскиот кадар. Свесни сме дека во време на недостиг и одлив на здравствени работници, оваа стратегија ќе воспостави системска поддршка, менторство, но и континуирана едукација, што долгорочно ќе значи посилен и постабилен здравствен систем.

Исто така, многу важно да се напомене е што за прв пат ќе се воспостави и Центар за дигитални вештини во јавната администрација, клучен инструмент за дигитална трансформација на државата. Програмите ќе бидат наменети за сите структури, од раководни, носители на одлуки и сајбер експерти, но и за целокупниот административен кадар затоа што дигитализацијата не е проект, туку за нас претставува еден долгорочен процес.

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Оваа Програма е јасен план со визија, рокови и одговорности. Таа ја отсликува политичката волја на оваа Влада за реформи, стабилност, но и европска иднина и претставува наша силна основа за година во која Владата ќе испорачува резултати.

Ви благодарам за вниманието, можеби и за предолгиот прес, меѓутоа навистина е обемна програма, над 400 страници и истата по поминување на владините процедури ќе биде и објавена на веб сајтот на Владата, каде што секој ќе може да ја погледне и истата да ја разгледа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Л.П.(18) и И.Р.(25) двајцата од Скопје, Ф.Б.(32) и Е.И.(21) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.Б.(38) од с.Пешталево, општина Долнени, Д.М.(26) од Прилеп и Ф.Љ.(22) од с.Чегране, гостиварско. Со активна забрана, возило управувале И.Т.(33) од с.Разловци, делчевско, Ф.Ф.(25) и И.Х.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод. Додека, под дејство на алкохол возеле М.Ј.(31) од с.Зелениково, скопско и Б.О.(32) од с.Доброште, општина Теарце, кој возел во спротивна насока на патот Гостивар - Тетово.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

5 Попова Шапка, Маврови Анови, 6 Лазарополе, 8 Крушево, 11 Битола, 12 Претор, Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Тетово, Берово, 15 Скопје-Петровец, Кавадарци, Охрид, Штип, 16 Велес, Демир Капија, 18 Виница, 20 Струмица, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претежно облачно, наместа со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец со брзина над 60 km/h.

До крајот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)

Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо.

Најмалку 64 загинати во страшната железничка несреќа во Шпанија, и поранешна министерка меѓу жртвите (ВИДЕО)

Поранешната министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загина во тешка железничка несреќа во близина на Урда во покраината Толедо, објави шпанската ABC, повикувајќи се на извори во раководството на Народната партија.

Бањез беше министерка од 2011 до 2018 година во владата на Маријано Рахој, а по напуштањето на политиката ја презеде функцијата претседател на Фондацијата CEOE, поврзана со шпанското здружение на работодавачи. Родена е во 1967 година во Хуелва и беше пратеничка на Народната партија во шпанскиот парламент многу години.

Градскиот совет на Севиља прогласи тридневна жалост

Градоначалникот на Севиља, Хозе Луис Санц, исто така, го посети центарот за поддршка поставен на железничката станица Санта Хуста за да им помогне на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Урда (Толедо).

Градоначалникот им понуди на семејствата сите расположиви општински ресурси „за сè што им е потребно“, вклучувајќи психолошка поддршка, сместување, транспорт и други услуги.

Градоначалникот прогласи тридневна жалост за жртвите и го суспендираше својот официјален распоред. Санц објасни дека членовите на најблиското семејство отишле на местото на несреќата, а некои ги зедоа своите најблиски.

Минут молк објавен низ цела Шпанија во 20 часот.

Шпанската федерација на општини и покраини (FEMP) повика на минута молк во 20 часот оваа среда на влезовите на сите шпански градски собранија во спомен на жртвите од несреќата со брзиот воз во Урда (Толедо).

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, FEMP објасни дека повикува на молк „во спомен на жртвите од железничката несреќа“ што се случи утрово во Урда, каде што се судрија два воза.

Бројот на жртви во железничката несреќа во Шпанија нагло се зголеми: Постојат стравувања дека има повеќе жртви

Според најновите податоци, најмалку 64 лица загинаа во железничката несреќа што се случи утрово во близина на станицата Урда, во покраината Толедо, според извори од регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.

Нејзиниот претседател, Емилијано Гарсија-Паж, стравува дека бројот на жртви може да биде поголем. Повредени се и 80 лица, од кои 50 се сериозно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер