3Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
3Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
МакедонијаМитева со детален извештај за 35 години независност на Македонија: Програма што обедини генерации, градови и уметнициДенеска пред јавноста ги презентираме резултатите од реализацијата на програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија.Денеска пред јавноста ги презентираме резултатите од реализацијата на програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија – јубилеј којшто оваа година беше одбележан преку обемна, содржински разновидна и продукциски исклучително комплексна национална програма. Пред нас е извештајот доставен од компанијата којашто беше задолжена за реализација на проектот. Станува збор за документ на 81 страница, во кој детално се образложени програмската концепција, организацијата, продукциските стандарди, ангажираните уметници и соработници, техничките и логистичките аспекти, како и финансиската структура на реализираните активности. Како Влада сметаме дека јавноста заслужува да има целосен увид во тоа што беше реализирано, кој беше концептот врз којшто се темелеше програмата, каква беше нејзината национална и културна вредност и, секако, како се распределени финансиските средства. Во таа насока беше поставена и целокупната програмска концепција. 18 настани во 13 градови низ Македонија Во деталниот извештај има распоред на реализираните настани. Секој од нив е поединечно обработен во извештајот, со објаснување на концептот, содржината, ангажираните капацитети и неговото место во целокупната програма. Ова е податок којшто најдобро го илустрира националниот опфат на манифестацијата. Особено важно е што концептот не се потпираше исклучиво на големи меѓународни имиња. Напротив, една од неговите основни определби беше македонските уметници да имаат централно место во одбележувањето на независноста. „Силно светнал ден“ – национален музичко-сценски караван Еден од најзначајните и најобемните сегменти на програмата беше националниот музичко-сценски проект „Силно светнал ден“. Станува збор за проект којшто по својата концепција, уметнички состав и организациски опфат претставуваше посебна програмска целина во рамките на одбележувањето. Основната идеја беше преку музика, сценски израз и современа визуелна продукција да се претстави патувањето низ изминатите 35 години независност; да се поврзат различните генерации коишто ја живееле и ја создавале современата македонска државност, музиката којашто го одбележа тој период и уметниците коишто оставија белег во нашата културна историја. Проектот беше конципиран како национален музички караван којшто помина низ 11 градови: Охрид, Битола, Велес, Крушево, Куманово, Штип, Прилеп, Кичево, Кавадарци, Пробиштип и Скопје. Во оваа реализација беа ангажирани 41 македонски вокален изведувач, 20 професионални танчери, актери, како и оркестар составен од 15 музичари. Тоа значи дека на сцената беше обединет значителен дел од македонскиот музички и сценски потенцијал, преку програма којашто бараше координација на голем број уметници, технички екипи и организациски капацитети. Проектот беше реализиран според високи продукциски и технички стандарди, со комплексна сценска инфраструктура, современа аудиовизуелна опрема и внимателно разработена визуелна концепција. Еден од впечатливите елементи беше употребата на ЛЕД-подот, со кој сценската површина стана активен дел од визуелниот наратив на програмата. Проектот беше реализиран во копродукција со продукцијата „ОХО“, реномирана македонска продукциска куќа препознатлива по реализацијата на проекти коишто комбинираат образовни, културни и општествено значајни содржини. Со „Силно светнал ден“ македонската музика и македонските уметници беа во средиштето на одбележувањето. Тоа беше суштинска определба на програмата. José Carreras и Macedonian All Stars – македонската музика на иста сцена со светската Вториот голем програмски сегмент беше токму овој настан, којшто се одржа на 1 септември. Концептот беше поставен врз јасна основа: македонската музика да не биде придружен или спореден дел од голем меѓународен концерт, туку рамноправен носител на програмата. Оваа програма беше поделена на две главни целини. Првиот дел беше посветен на македонските уметници, со настап на десет домашни изведувачи. На тој начин беше создаден простор за афирмација на македонското музичко творештво. Вториот дел беше посветен на настапот на светски познатиот тенор José Carreras, во придружба на Македонската филхармонија, под диригентската палка на David Giménez. Вклучувањето на Македонската филхармонија имаше посебна уметничка и институционална тежина. Нашите професионални музички капацитети беа составен и суштински дел од реализацијата на овој проект. Оттука, концертот даде придонес којшто го надминува самиот музички настан, претставувајќи значаен дел од културната програма на јубилејот. Музичка разновидност: меѓународни имиња и македонски изведувачи Паралелно со овие два значајни проекта, програмата опфати и низа други концертни настани, со што се обезбедија разновидност во жанровите и можност различни генерации публика да бидат дел од одбележувањето. Манифестацијата беше отворена со настапот на светски познатиот музички продуцент и диџеј Steve Aoki, со што уште на самиот почеток беше најавен современиот, интернационален и продукциски амбициозен карактер на програмата. Во рамките на програмскиот концепт „Најдоброто од Македонија“ беа организирани три концерта во три града – Струмица, Скопје и Тетово. На овие музички содржини настапија едни од најпознатите и најзначајните имиња на македонската музичка сцена: Мизар, Синтезис, Меморија, Суперхикс, Слаткаристика, Два Бона, Фанк Шуи, Дина Јашари, Каролина Гочева и Елита 5. Беше опфатен широк спектар – од традиционални и етно-музички влијанија, преку рок и алтернативна сцена, до современи урбани и популарни музички изрази. Во меѓународниот сегмент се реализираа и настапите на светски познатите артисти Paul van Dyk и Paul Oakenfold во Струмица. Со нивното вклучување се прошири меѓународниот опфат на програмата, а истовремено се потврди и определбата големи музички настани да се организираат и надвор од Скопје. 8 Септември – David Guetta, The Monolith Show Централниот концертен спектакл се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Настанот претставуваше еден од технички најсложените и продукциски најобемните настани во рамките на целата програма. Според доставениот извештај, настанот привлече публика од околу 50.000 посетители. Оваа бројка сама по себе говори за интересот и обемот на организацијата, но вистинските размери на проектот се согледуваат преку техничката, продукциската и безбедносната подготовка потребна за реализација на концерт од ваков формат. The Monolith Show е продукција од светски ранг, којашто подразбира значително повисоко ниво на сценска организација, технички капацитети, координација и инфраструктурна подготовка. Концертот беше реализиран со импозантна сценска конструкција, ЛЕД-екран со должина од 32 метри, масивен светлосен систем, голем број светлосни тела, ласерски ефекти и врвна концертна аудиопродукција. Станува збор за продукција којашто бара интегрирано планирање и усогласување на сценските, електроенергетските, аудиовизуелните, логистичките и безбедносните компоненти. Овде сакам да ставам посебен акцент и на организацискиот предизвик што го имавме, а тоа е фактот што концертот се одржа на националниот стадион. Токму затоа, еден од приоритетите во техничката подготовка беше заштитата на тревната површина на арената како значаен дел од националната спортска инфраструктура. За таа цел беше применет специјализиран систем од тешкотоварни заштитни панели, наменети за стадиони и големи арени. Ова го истакнуваме затоа што организацијата на настан од ваков формат не се оценува исклучиво преку имињата на артистите или бројот на посетители. Таа се оценува и преку капацитетот да се испланира, технички да се подготви и безбедно да се реализира проект со големи продукциски и инфраструктурни барања. Резултати и општествено значење на програмата Кога зборуваме за резултатите и општественото значење на програмата, неопходно е да се погледне целината, а не само поединечните концерти. Вредноста на програмата се согледува преку повеќе аспекти. Пред сѐ, преку националниот опфат од 18 настани во 13 градови, со што се обезбеди широко територијално присуство на програмата. Потоа, преку непосредното вклучување на голем број македонски уметници, музичари, танчери, актери, технички професионалци и продукциски соработници, како и преку реализацијата на настани со високи продукциски и безбедносни барања. Дополнително, преку бесплатниот пристап за граѓаните, со што програмата доби изразен јавен карактер и овозможи широко учество во одбележувањето. Преку поврзувањето на македонското творештво со меѓународно признати уметници и продукции. И конечно, преку создавањето културна и аудиовизуелна содржина којашто останува како трајно сведоштво за одбележувањето на 35 години независност. Финансиски извештај – распределба на средствата Сметаме дека е особено важно јавноста да добие прецизни и јасни информации. Реализацијата на програма со ваков обем подразбира значителни организациски, продукциски, технички и логистички ресурси. Финансиската структура треба да се разгледува во контекст на целокупната програма, односно сите 18 реализирани настани, нивната продукциска сложеност, бројот на ангажирани уметници и соработници, како и потребната инфраструктура за нивна реализација. Согласно доставениот извештај, финансиските средства се прикажани во пет основни категории: Хонорари за артисти и изведувачи: Оваа категорија се однесува на уметничкиот сегмент на програмата и ангажманите на артистите и изведувачите, за кои се прикажани вкупно 129.307.500 денари. Продукција: Прикажани се 96.272.512 денари. Тука се опфатени продукциските потреби за реализација на програмата. За да се разбере обемот на овој сегмент, неопходно е да се има предвид дека станува збор за настани со различни сценски формати. Логистички трошоци: Организацијата на национална програма во 13 градови подразбира координација на бројни оперативни активности, транспорт, организациска и техничка поддршка и останати логистички потреби. Овде се прикажани 58.527.037 денари. Маркетинг: Прикажана е вредност од 2.832.450 денари. Хонорари за соработници: Прикажани се 53.570.250 денари. Вкупната вредност на сите пет категории изнесува 340.509.749 денари. Почитувани граѓани, Почитувани претставници на медиумите, 35 години независност на Македонија беа повод да се организира ваква програма којашто ги поврзува различните генерации, градови, уметници, но и музички традиции. За нас, достоинствено одбележување на националниот јубилеј подразбира истовремено почитување на историјата, афирмирање на националната култура, отворање простор за современ уметнички израз и одговорност за користењето на јавните средства. Ви благодарам на сите за вниманието. Цениме дека ваквата детална презентација е во најдобар интерес на јавноста.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионотОваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашање за предизвиците со енергетската криза истакна дека имаме најниски горива во регионот токму затоа што Владата воведе мерки и интервенираше, а во однос на цената на електричната енергија посочи дека забрзо ќе се демантираат манипулациите на опозицијата, затоа што за време на оваа Влада цената не е покачена, додека во минатата цената на електричната енергија беше покачена за 35 проценти. „Поврзано со предизвиците во енергетиката, цените на енергенсите и споредбата со земјите во регионот, ако денеска направиме пресек и анализа, тогаш ќе дојдеме до следниве бројки. Кај нас дизел еден литар гориво е 99 денари, следниот позади нас во регионот е Хрватска со 116 денари или отприлика 17% повисока цена, потоа е БиХ со 119 денари, отприлика за 20% повисока цена, исто толку е Словенија, потоа е Црна Гора со 122 денари односно тоа е отприлика 23% повисока цена, потоа е Србија со 124 денари, околу 25%, па потоа доаѓа Грција со 129 денари или 30% и конечно најскапа во регионот е Албанија со 145 денари по литар, тоа е отприлика 46% повеќе отколку тоа што чини литар дизел кај нас. Кај безоловниот 95 октани кај нас е 91 денар, следна е Хрватска со 104 или 14%, потоа е Словенија со 106 или 16%, па потоа е БиХ исто така со 106 денари, потоа е Србија со 109 или 20%, потоа доаѓа Црна Гора со 113 денари или 24%, па Албанија со 117 денари или 29% и конечно најскапа е Грција со 131 денар или 44% поскапо литар гориво безоловен 95 октани од тоа што е кај нас“, појасни премиерот Мицкоски. Во однос на темата која некои ја наметнуваат во врска со тоа колку гориво може да се купи со платата во Германија, а колку во Македонија, премиерот Мицкоски вели дека суштинското прашање е дали пред почетокот на кризата со просечна плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија, и како што појасни разликата е два пати. „Велат добро, ајде да видиме колку литри ќе купиме со нашата просечна плата ако ја споредиме платата во Германија и цената на литар. Тоа не е вистинското прашање, тоа е политичко манипулативно прашање. А кое е вистинското прашање? Дали пред почетокот на кризата со просечната плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија? Еве анализата покажува дека денес со просечната плата во Македонија купуваме повеќе литри дизел, отколку пред да почне енергетската криза споредено со Германија. Тоа е суштината. Дали тогаш со просечната плата во Германија купувале 100 литри, а сме купувале со просечната плата во Македонија во тој период 20 литри, сега во Германија се купува 80 литри, а во Македонија купуваме 30 литри. Тоа е суштината и начинот на кој треба да го поставуваме вистинското прашање. Разликата е два пати. Зошто? Затоа што оваа влада интервенираше пред сè во акцизите и во делот на ДДВ, односно за дизел горивата сега е намален од 18% на 10%, а во оној прв бран од крајот на февруари, таму некаде до крајот на мај, почеток на јуни и за безоловниот 95 октански“, изјави премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека токму затоа и се прави вториот ребаланс на Буџетот, затоа што откако дојде вториот бран на кризата, и откако се имплементираа новите мерки треба да се направи подесување визави реалната состојба во државата. „Тоа не го направија другите земји во регионот, затоа не прават ребаланс. И ние можевме да оставиме ДДВ од 18%, да не ги намалиме акцизите, сè да си остане исто, тогаш немаше да бидат 99 денари за дизел и 91 денар за 95 октански безоловен, туку дизелот ќе беше над 110 денари како што е во најголемиот дел од земјите во регионот, а безоловниот ќе беше исто така околу 110 денари. Тогаш ќе немаше потреба од ребаланс, ќе имавме суфицит во буџетот, бидејќи ќе ги соберевме парите од граѓаните. Ќе ве вратам во 2022 година, тогаш не се направија мерките навремено и тогаш имавме литар гориво кој беше повеќе од 2 евра и дизел и безоловен 95 октански. Тоа е разликата и затоа ние денеска мораме да направиме ребаланс, токму поради овие мерки кои оваа влада ги донесе. Тоа имплицира во буџетот отприлика недостаток во вредност од горе-доле околу 5 до 6 милијарди денари, тоа е околу стотина милиони евра. Тоа е разликата помеѓу таа влада тогаш и оваа влада денес“, изјави премиерот Мицкоски. Во врска со цената на електричната енергија премиерот Мицкоски потенцира дека опозицијата ги плаши граѓаните, но забрзо ќе дојде 1 јануари и ќе се стави крај на шпекулациите. „За електричната енергија бидејќи ги слушам ќе поскапувала, не знам колку, дупло ќе се зголемела, ги плашат граѓаните, еве ќе дојде 1 јануари, и ќе видиме дали цената на електричната енергија ќе поскапи. Така велеа кога беше 2024, па 2025 еве истото го зборат 2026 година и еве досега цената на електричната енергија не се зголеми. Ајде да видиме во минатото да зборуваме периодот 2018-2023 година, 35% е зголемена, кога ќе земете во целост со воведување на блоковите 35%, а сега 2024-2026 година, нула, во услови кога ја имаме најголемата енергетска криза која човештвото ја памети. Тоа е разликата. Ќе дојде декември, ќе излезе Регулаторна комисија со свое толкување и ќе дадат одговор на оваа невистинита шпекулативна комуникација која ја има опозицијата. Тоа што наследивме од минатото е товар за кој треба време да се реши, но дали е подобро, е многу подобро, дали ќе биде подобро, да, ќе биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЗдравјеМамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една годинаЕдна година не работи апартот за мамагорафија во поликлиниката Букурешт. Пациентките реагираат дека ги слушаат сите совети за редовни прегледи, но истите им останува да ги направат во приватни ординации. Од здружението „Хема Онко“ објаснуваат дека бројот на радиолози кои читаат снимки е мал и треба страгетија на самиот медицнски факултет за специјализации за радиолози, бројот на функционални апарати е низок, но систем каде ќе бидат ставени сите снимки на пациентка се уште не функционира. Канал 5 го бараше првиот човек на здравствен дом Самир Исени, под чија надлежност е поликлиниката Букурешт, но не доби одговор зошто една година не работи апаратот. Министерот за здравство Клековски ќе провери зошто мамографот не работи. На Клиниката за онкологија засега ја има потребната терапија, она што нема како лек е астрезол во аптеките. Проблем е производството на лекот и истиот треба да е достапен по 7 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лицаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари“.Денеска (29.10.2026) од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени Наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени од слобода се осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик. Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување. Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО. Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите. Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати. Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11