Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања - Канал 5

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето.

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на Марија Митева, портпаролка на Владата.

-Јас секогаш стојам на кажаното. Фактите се јасни, станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски е отфрлена, а барањето за надомест на штета е одбиено како неосновано. Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста.

За разлика од СДС, ниту некогаш сум манипулирала, ниту ќе манипулирам со граѓаните. Мојот збор има тежина и е прашање на кредибилитет и личен интегритет.

Токму затоа е очигледно дека ваквиот тотално паничен настап произлегува од страв, страв од одговорност, страв од вистината и страв од прашањата на кои сè уште немаат одговор. Наместо да фабрикуваат конструкции, нека одговорат каде води случајот со 40 тони марихуана, кој сè бил вклучен. И уште низа други одговори за криминал и корупција кои како печурки после дожд секојдневно излегуваат. Јавноста заслужува одговори, а не политички театар.

Нападите дека некој „управува“ со судовите потекнуваат од нивната долгогодишна пракса на такво практицирање, тоа време заврши.

Јас нема да учествувам во нивната игра на креирање лажни скандали. Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти.

Политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер