Митева: Носиме мерки што даваат директен ефект врз цените, плинот намален за 5 денари по литар - Канал 5

Митева: Носиме мерки што даваат директен ефект врз цените, плинот намален за 5 денари по литар

Прес конференција на портпаролот на Владата Марија Митева. 

Митева: Носиме мерки што даваат директен ефект врз цените, плинот намален за 5 денари по литар

Денес сакам да ја информираме јавноста за конкретен резултат од нашите мерки насочени кон заштита на стандардот на граѓаните и стабилизирање на пазарот на енергенси - намалувањето на цената на течниот нафтен гас.

Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар.

Она што е особено значајно е дека и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари.

Почитувани, ова не е уште еден изолиран чекор, туку системска реакција на пазарот која доаѓа како резултат на јасен институционален сигнал и координација.

Сакам јасно да потенцирам дека ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа од страна на ДПИ и преку договор и преземена одговорност од страна на трговците, за намалување на бруто маржите. Постигнавме согласност овие маржи да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации коишто сега ќе ги имаме, оваа недела кон намалување, а следната би имале зголемување, што значи дека за повеќе од 10% во трговијата на големо и за 9 до 10% во малопродажба ќе имаме намалување.

Оваа мерка дојде преку аргументирана анализа и институционално делување. Врз основа на детална анализа спроведена од Државен пазарен инспекторат, беа детектирани просторите за корекција во ценовната структура, по што следуваа разговори со трговците и постигнување на договор за намалување на бруто маржите.

Дозволете ми овде да изразам благодарност за општествената одговорност којашто ја покажуваме.

Ова е суштинската разлика во пристапот. Наместо декларативни политики, носиме мерки што даваат директен ефект врз цените. Наместо пасивно следење на пазарот, активно интервенираме таму каде што постои простор за корекција во интерес на граѓаните.

Ќе продолжиме со истиот пристап, со анализа, со дијалог и со конкретни резултати. Пазарот мора да функционира, но мора да биде и праведен. А интересот на граѓаните ќе остане наш врвен приоритет. Ви благодарам.“- изјави на прес конференцијата Митева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Злато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електраните

На социјалната мрежа „Threads“ е откриен профил што му припаѓа на Владислав Соколов – претприемач поврзан со наводна проневера на јавни средства наменети за заштита на енергетската инфраструктура во регионот на Киев. 

Злато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електраните

Според информации од еден „Telegram“ канал, при претрес на неговиот луксузен пентхаус биле пронајдени базен и терариум со крокодил, пренесува украинскиот медиум „NV“.

Блогерoт и новинар Денис Казански прв го сврте вниманието кон профилот на Соколов.

„Неговиот профил на ’Threads‘ започнува со фотографија на која е прикажан Руслан Олијник – поранешен заменик на Микола Калашник (кој во меѓувреме поднесе оставка).

Интересно е што нема никакво спомнување на неодамнешните настани. Можете да му поставувате прашања во коментарите“, напиша Казански.

Фотографии од мермерни столбови, позлатени детали, базен, терариум со крокодил и автомобил „Ролс-Ројс“ брзо се проширија на социјалните мрежи.

Корисниците реагираа со саркастични коментари, истакнувајќи дека „ненадминливиот оригинал“ за ваков ентериер е, всушност, домот на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка – кој исто така е осомничен за корупција.

Свое мислење изнесе и активистот Серхиј Стерненко. Тој тврди дека Соколов поседува компанија која требало да гради заштитни објекти за енергетски постројки; наместо тоа, средствата наводно биле искористени за создавање на овие раскошни ентериери.

Стерненко понатаму ја обвини истата компанија за проневера на средства наменети за изградба на засолништа во училиштата.

„Изгледа дека Доналд Трамп доби конкуренција во категоријата ’луксузен кич‘. Запознајте го сопственикот на озлогласениот стан со крокодилот – сопственик на компанија која требало да гради заштита за енергетски објекти во регионот на Киев, но која, како што изгледа, изградила нешто сосема друго“, напиша Стерненко.

Шема за проневера на средства наменети за училишни засолништа била обелоденета уште во октомври од страна на Серхиј Болвинов, раководител на истражниот оддел и прв заменик-началник на Главната управа на Националната полиција во регионот на Киев.

Според него, во кругот на еден лицеј во градот Крјукившчина се градело засолниште за заштита од зрачење, за што од буџетот биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал друга компанија за извршување на градежните работи и ѝ платил за тоа. Сепак, истражителите утврдиле дека тие работи постоеле само на хартија. Компанијата немала ниту вработени, ниту потребна опрема – факт што е потврден со истрага спроведена од даночните органи.

На сметките на оваа фиктивна компанија биле префрлени вкупно 240.000 евра; средствата потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу инволвираните лица. Директорот на компанијата е осомничен за службено фалсификување извршено како дел од група – што резултирало со сериозни последици – како и за перење пари, односно прикривање на приноси стекнати преку кривично дело.

Болвинов исто така објави фотографии од луксузен стан, направени за време на истрагата. Тој напомена дека полицијата во моментов проверува дали овој имот е поврзан со средствата што се предмет на истрагата.

На 3 ноември, активистот Серхиј Стерненко објави дека заштитните мерки во голем број енергетски објекти или воопшто не биле спроведени, или пак биле изведени со сериозни недостатоци. Во својата објава, тој покрена прашања за одговорноста на Микола Калашник, поранешен раководител на Воената управа на Киевската област.

„Без спроведување постапка за јавна набавка, Калашник потпиша договори во вредност од над 11 милиони евра за заштита на електрични потстаници со компании кои немаа ниту работна сила, ниту опрема за извршување на такви задачи. Понатаму, против овие компании веќе беа поднесени кривични пријави“, изјави Стерненко.

Тој додаде дека компаниите добиле големи авансни плаќања, но не ја завршиле работата на заштита на енергетската инфраструктура. Микола Калашник моментално ја извршува функцијата министер за развој на заедниците и териториите на Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер