Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар - Канал 5

Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар

Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално.

Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар

„Почитувани,

Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално, со единствен приоритет, заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедно снабдување со вода.

Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и останатите институции кои имаат надлежности во овој процес.

Паралелно со преземањето на мерките за заштита на населението, Владата одлучи да обезбеди 50.000 литри вода за граѓаните на Гостивар, со цел во ниту еден момент да не биде доведено во прашање снабдувањето и потребата на граѓаните, како и вчера така и во идните денови ќе продолжиме со оваа помош.

Во вакви ситуации, најважно е институциите да постапуваат брзо, одговорно и професионално. Токму тоа и го правиме, иако многу од надлежностите се под надлежност на локалната самоуправа. Но, исто толку важно е и да се утврдат причините за настанатата состојба.

Затоа, надлежните институции се на терен, се спроведуваат инспекциски контроли, се земаат примероци, се вршат лабораториски анализи и се прибира целокупната документација.

Очекуваме целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности кои довеле до оваа состојба. Било каква одговорност која ќе се утврди, институционална, службена или индивидуална таа ќе биде соодветно санкционирана.

Нема да има селективност, ниту компромис кога станува збор за здравјето на граѓаните.

Во оваа фаза најважно е јавноста да добива точни, проверени и навремени информации, без шпекулации.

За таа цел, денес со нас се министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, и директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски, кои ќе дадат подетални информации околу почетокот до денес какви се информациите со кои што располагаат владините институции.“, рече Марија Митева, портпарол на Владата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка.

Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест.

„Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан.

Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство.

Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон.

Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото.

Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер