Митева: Ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите - Канал 5

Митева: Ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите

Нашиот приоитет сега е двоен, да ја завршиме институционалната работа со целосен интегритет и да преземеме итни чекори за да ги спречиме идните трагедии од ваков карактер. 

Митева: Ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите

Во координација со сите надлежни органи ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови, туку со акција.

Ова го порача денеска портпаролката на Владата Марија Митева на редовната прес-конференција за активностите на институциите по трагедијата со пожарот во Кочани.

Митева соопшти дека затворени се два објекти кои не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост поради трагедијата, при вонредните контроли што ги спровел Државниот пазарен инспекторат, за што претходно информираше и Министерството за внатрешни работи.

Посочи дека продолжуваат и активностите за контрола на сите објекти со и без лиценца. Дополнително ќе бидат објавени информации затоа што, како што рече, анализите се обемни, а проверките темелни со цел да утврдиме дали секој еден објект ги исполнува минимално техничките услови.

И досега направените контроли на Министерството за транспорт, како што рече, утврдија голем број на лиценци што ќе бидат одземени со решение и тоа кај 100-ина од нив затоа што по издавањето на лиценцата правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови за кои претходно им била дадена.

- Во ова Министерство во текот на вчерашниот но и во текот на денешниов ден контролите продолжуваат и до крајот на денот очекуваме нов пресек до детални информации за сите направени контроли на овој тип на лиценци, најави Митева.

На новинарско прашање дали по контролите за кои вчера информираше Владата во кои е утврдено дека од 23 објекти со лиценци 13 не ги исполнуваат условите е побарана одговорност од актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат и министерот за економија, Митева потенцираше дека во овој момент Владата работи на проверка и преземање на сите активности кои се во насока на утврдување на актуелната состојба во однос на лиценците што се издавале минатите години, кои објекти имале или немале, а работеле.

- Мораме да ја скенираме состојбата на терен, тимовите се составени од сите надлежни институции кои можат да помогат. Кажавме дека истрагата е опсежна и дека апсолутно секој кој постапил спротивно на законот ќе биде одговорен. Во овој момент сите податоци со кои располагаме е дека сите надлежни институции работат на терен активно да проверат каква е актуелната состојба, рече Митева.

Во однос на најавите за собири и маршови на граѓаните, порача дека ќе се почитува секое такво демократско право и повика на разум и на доверба во институциите. - Ревносно се справуваме со сите состојби и ќе продолжиме да се справуваме, наведе Митева.

YouTube video

Направил грешка во кујната- докторите од стомакот му извлекле живо суштество

Бизарна приказна е забележана минатиот месец во Индија, откако неименуван маж се појавил во болница жалејќи се на проблеми со мокрењето.

Направил грешка во кујната- докторите од стомакот му извлекле живо суштество

Лекарите побарале ултразвук на абдоменот, не знаејќи каков ужас ќе откријат, објавува „Дејли стар“.

Што пронајдоа?

32-годишниот маж рекол дека проблемите започнале неодамна со болки во стомакот, додека УВ скенирањето пронашло црв од 30 сантиметри во неговиот мочен меур.

Станува збор за паразит наречен dioctophyma renale, попознат како џиновски бубрежен црв, па затоа беше наредена итна хируршка интервенција.

Лекарите успешно го отстраниле живиот црв, а фотографијата од него во метален сад предизвика загриженост кај многу корисници на социјалните мрежи.

Каде погрешил?

Пациентот имал среќа што џиновскиот црв бил мажјак, бидејќи женките достигнуваат должина од 100 сантиметри.

Тој призна дека неодамна јадел сурова риба и дека тоа не било прв пат. Докторите веруваат дека на овој начин го вовел паразитот во своето тело.

Овој вид на болест е многу редок, а студија од 2019 година објави дека во медицинската литература се евидентирани само 37 случаи.

Драма на аеродромот во Бергамо: Маж се сокрил меѓу тркалата на авионот (ВИДЕО)

Необичниот инцидент е снимен на меѓународниот аеродром Орио ал Серио Бергамо во понеделникот, 21 април, откако персоналот пронашол непознат маж како се крие меѓу тркалата на авион.

Драма на аеродромот во Бергамо: Маж се сокрил меѓу тркалата на авионот (ВИДЕО)

Властите веднаш ја известиле полицијата, која го привела мажот за идентификација, објавува „Дејли меил“.

Полициската истрага е во тек

Службениците на аеродромот во Бергамо изјавија дека по апсењето на мажот, „сите системи за надзор биле итно проверени, со што се потврдува нивното правилно функционирање“.

YouTube video

Полицијата ќе утврди како мажот успеал незабележано да се скрие во слетувачкиот систем на паркиран авион. Во него се вели дека инцидентот „не влијаел врз оперативните активности на аеродромот, ниту ги довел во опасност патниците и персоналот“.

Доколку не бил откриен, човекот лесно можело да загине откако авионот ќе полеташе. Кабината за тркала не е под притисок ниту загреана, а температурите на височината на летање се далеку под нулата.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Дваесет и едногодишниот Американец Мајкл Александар Глос потпишал договор со руското Министерство за одбрана и загинал борејќи се во војната против Украина во 2024 година, објави рускиот независен истражувачки портал IStories.

Синот на заменичката на директорот на ЦИА загина во Украина, борејќи се на страната на Русија

Она што ја прави неговата приказна уште поневеројатна е фактот дека неговата мајка, Џулијан Галина Глос, е заменик-директор за дигитални иновации на ЦИА.

Глос потпишал договор со руската војска на 5 септември 2023 година, според протечените податоци од Московскиот систем за управување со медицински информации (EMIAS).

Бил погребан во САД осум месеци по неговата смрт.

Во системот го внеле вработените во центарот за регрутирање на војници по договор во Москва, а како адреса на живеење - како и кај стотици други странски волонтери - ја наведоа адресата на самиот центар. Патем, во таа просторија се врши и лекарскиот преглед на кандидатите за регрутирање.

Според извор близок до Глос, американскиот државјанин бил распореден во единици за напад во декември 2023 година. Во тоа време, 137-от полк дејствувал северозападно од Соледар во регионот Донецк. Глос починал на 4 април 2024 година, како што е потврдено во некрологот објавен од неговото семејство. Точните детали за неговата смрт не се познати. Според погребалниот дом, тој бил погребан во Соединетите Држави дури осум месеци по неговата смрт.

Мајкл Глос е еден од повеќе од 1.500 странски државјани кои поминале низ московскиот центар за регрутирање за време на војната во Украина, чиј идентитет го открил IStories. Според порталот, платеници од вкупно 48 земји, вклучувајќи ги и членки на Европската Унија и САД, се приклучиле на руската страна во војната.

притисни ентер