Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден - Канал 5

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. 

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме кон јавниот интерес и медиумската слобода. Денешниот настап на СДС, со јавно обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција, со графикони и политички квалификации, претставува директен и недозволив атак врз слободата на медиумите. Ова не е легитимна политичка дебата, јас на ова гледам како опасна пракса која потсетува на СДС кои преку јавен притисок се обидувале да ги стават медиумите под контрола, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Македонија не смее и нема да оди по тој пат затоа што одиме напред и преку дела ја покажуваме нашата сериозна намера да обезбедиме средина во која медиумите ќе работат слободно и без никакви притисоци. И кога велам одиме напред, тоа и сериозно можам да го поткрепам со факти.

Оваа Влада работи на воспоставување институционални механизми за заштита на новинарите, се формира работна група за спречување на SLAPP тужби, се води отворен дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, а СДС свесно избира да настапи со јавна стигматизација на медиуми.

Посебно лицемерно е што вакви напади доаѓаат од политичка партија која декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите јавноста многу добро го памети. Времето на замолчување, селективен пристап, притисоци, омаловажувања и лош однос кон новинари се гледаше на дело токму кога тие зборуваа за „слободи“. Тоа време е завршено.

Колку и да ги познаваме медиумските процеси, колку и да сме свесни за различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Таквото однесување е знак на длабока и структурна слабост на СДС и намера за притисок.

Очекувам јасна и недвосмислена реакција од целата медиумска заедница, од новинарските здруженија, од граѓанскиот сектор и од сите кои искрено веруваат во слободата на изразување. Затоа што денес се на удар медиумите, а утре може да биде секој критички глас.

Ова што го направи СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија и потег кој мора да биде јасно осуден затоа што може да остави долгорочни последици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер