Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром - Канал 5

Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави конкретно и реално решение за еден од најчестите проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – недостатокот на паркинг места и хаосот во сообраќајот. 

Митески: Паметен пристап до паркирањето, практично, економично и безбедно решение за Аеродром

Наместо нереални ветувања за катни гаражи кои бараат години и милионски буџети, општината се насочува кон брзо и практично решение, воведување еднонасочни улици со обележани ленти за паркирање.

„Не можеме да изградиме катна гаража за шест месеци, но можеме за шест месеци да обезбедиме до 800 нови паркинг места“, истакна Митески, додавајќи дека ова решение се базира на користење на постојната инфраструктура, без дополнителни големи трошоци.

Оваа стратегија носи три големи придобивки за жителите на Аеродром:

Прво, значително се зголемува бројот на достапни паркинг места во густо населените зони, со рационално искористување на секој метар улица.

Второ, создава можност за воведување велосипедски патеки на делови каде што ширината тоа го дозволува, поттикнувајќи здрави и еколошки навики.

И трето, самата организација на еднонасочните улици природно го намалува брзото движење на возилата, придонесувајќи кон побезбедно и покултурно сообраќајно однесување.

„Со новиот сообраќаен режим, улиците ќе станат поуредени, побезбедни и попрактични. Наместо да вложуваме време и средства во невозможни проекти, се фокусираме на решенија што граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш“, порача градоначалникот.

Со оваа иницијатива, Општина Аеродром покажува дека вистинското лидерство не значи само да се ветуваат големи проекти, туку да се реализираат паметни и остварливи решенија кои носат непосредна корист. Новиот режим на сообраќај ќе почне да се применува постепено во најоптоварените делови од општината, со цел да се обезбеди ред, безбедност и подобар квалитет на секојдневниот живот за сите жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат

Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат

Министер за полиција ќе ја проверува водата?

Каде е министерот за здравство Клековски?

И тој е на екскурзија како Мицкоски?

Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода.

Што работеа досега?

Зошто дури сега најавуваат анализи?

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што тоа го рече Мицкоски.

Нема официјален документ.

Нема потпис.

Никој не сака да преземе одговорност.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера јавно потврди дека има бактерија.

Повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - водата не е за употреба, ниту за капење.

Граѓаните сѐ уште ги мијат садовите и се капат со вода што содржи опасна бактерија.

Сѐ ова се случува само за да се спаси лажната изјава на Мицкоски.

Обвинителството мора веднаш да застане на страната на граѓаните и да покрене кривична одговорност против:

• Христијан Мицкоски

• Сашо Клековски

• Паче Тошковски

За свесно загрозување на здравјето на граѓаните на Гостивар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. 

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер