3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаМитески: Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпадОчигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен – улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Ако Арсовска не е одговорна за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“, тогаш кој е? Дали со ова признава дека можеби градот нема никаков надзор врз службите што треба да го одржуваат Скопје чист?, прашува Митески. Граѓаните на Аеродром и на целиот град не сакаат политичка игра на зборови – сакаат функционален систем и чиста околина. Наместо да се крие зад прес-соопштенија, Арсовска треба конечно да излезе на терен, да се соочи со реалноста и да почне да работи. Градот не се води од фотелја, туку со резултати. А тие се – очајни. Службите на општина Аеродром продолжуваат интензивно да работат во интерес на граѓаните, а за тоа говорат и фотографиите во прилог. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Митески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПромовиран „Градскиот воз“ - за 20 минути од Зелениково до Центар По речиси три децении, Зелениково повторно доби локален воз и побрза линија до Скопје. Ако жителите од тука со автобусите на ЈСП патуваа преку еден час, сега до транспортниот центар ќе пристигнуваат за 20 до 25 минути. Долгите патувања со градските автобуси и неизвесноста дали ќе се пристигне во училиште и на работа навреме со години биле горлив проблем за жителите на Зелениково, како и чувството дека биле отсечени од главниот град... -Сега ќе ни значи, поудобно патување до Скопје, да си одиме до пазар, до све. Ќе стигаме побргу, отколку со автобусите, со нив многу патувавме, некогаш можеби час и половина, некогаш доцневме. Се снаоѓавме, некој со коли, се собиравме по тројца, по четворица да патуваме сите до своите работни места. Сега пресреќни сме со овој воз и мислам дека редовно ќе биде полн со патници. Градскиот воз е дел од алтернативите кои ќе ги добие Скопје, кој треба да им го олесни секојдневниот га граѓаните, вели министерот за транспорт Александар Николоски. -Ако пред две години имавме целосно напуштени и девастирани пруги, железнички станици кои што беа затворени и кои што се распаѓаа, возови кои не работеа, локомотиви кои не фунцкионираа и бројни композиции лежеа на македонските пруги, еве после две години имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера имаме и градски воз. - Александар Николовски – Министер за транспрот. -Веруваме дека до крајот на оваа година ќе започнеме и градежни активности на двете делници паралелно, кои би требало до крајот на 2027 година или почетокот на 2028 година да бидат целосно оперативни и функционални. - Синиша Ивановски – Директор на МЖ – Инфраструктура Градскиот воз е само дел од интегррианиот систем штои треба да го транформира јавниот превоз на Скопје... Николоски кажа дека Финализирана е и набавката на новите 100 електрични автобуси за Скопје, од кои дел ќе бидат испорачани пред нова година, а градоначлникот Орце Ѓорѓеивски најави дека за 10 дена ќе биде распишан и тендер за долгонајавуваиот проект за автобуско метро, т.н. БРТ -За кратко време почнуваат да стигаат новите автобуси на град Скопје и третата фаза и што ќе значи финална и алтернативи во главниот град, реализација на проектот БРТ.- Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје Линијата што денеска беше пушптена во употреба е првата од трите планирани. Втората од Ѓорче Петров, и третата од Миладиновци кои исто така ќе завршуваат до транспортен центар, се во фаза на проектирање и според најавите треба да бидат готовои до 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30 дена притвор за 19-годишникот по крвавата пресметка во Чаир13 годишното момче, кое пред два дена заради убоди во градниот кош и повреди на срцето, беше итно опериран и се лекува на КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е во постабилна здравствена состојба, но се уште е критична, објаснуваат од КАРИЛ.13 годишникот кој му нанесе тешки убодни рани нема да има кривична одговорност заради возраста. Од кривичниот суд потврдија 30 дена притвор за 19 годишникот кој завчера учествуваше во крвавата тепачка во скопски Чаир. Неговиот 13 годишен брат со нож им нанесе убодни рани на тројца од кои двајца малолетници. 19 годишникот е осомничен за насилство врз дете, а неговиот 13 годишен брат нема да одговара за кривично дело иако тој според извештајот на полицијата ги нанесол тешките убодни рани. Според Законот за правда за децата детето нема наполнето 14 години и не може да има кривична одговорност без оглед на тешкотијата на кривичното дело и постапката се запира, а за случајот се известува надлежниот центар за социјална работа. Потоа може да се применуваат мерки на помош и заштита, во зависност од процената на ризикот и најдобриот интерес на детето, но тие не претставуваат кривична казна или кривична санкција. Законот предивидува за деца од 14 до 16 години децата да имаат воспитни мерки, а за малоетниците од 16 години да имаат и потешки санкции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови од претходната власт, вели премиерот Христијан Мицкоски, откако СДСМ втор ден ја обвинува Владата дека продолжува со нови зголемувања на јавниот долг. Според него главен проблем се каматите на наследените долгови кои треба да се плаќаат и во следните години, но уверува дека власта е мотивирана да ги решава сите предизвици, а на прашањето од каде ќе се земаат парите одговори дека тоа ќе биде од заемодаватели. Мицкоски повторно се повика на ставот на Бранимир Јовановиќ, екс советник во кабинетот поранешниот министер за финансии Тевдовски, како потврда за долговите од претходната влада. - Кога тие дошле во самото министерство за финансии за камати плаќале 120 милиони евра. А 2026 година, која што е само втора година од оваа коалициона Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ плаќа 350 милиони. Тоа се камати на долгови коишто ние ги наследивме од Владата на СДСМ и ДУИ. Сите задолжувања се за проекти како овој, за враќање на стари долгови, еврообврзници. Оваа година имаме обврзница од 700 милиони, следната 2027 имаме 500 милиони, во 2028 повторно 700 милиони, имаме камати, буџетски дефицит за реализирани на капитални инвестиции. Тоа се тековни расходи, но она што е важно е дека имаме една од најниските инфалции во Европа, имаме раст на БДП, раст на индустриското производство, изјави Мицкоски. Од опозициската СДСМ, пак, и денеска реагираат дека Владата на последната седница донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијради евра, со што повторно буџетскиот дефицит ќе надмине 4% од БДП. - Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери, изјави Кузеска. Според последните официјални податоци на министерството за финаснии, на крајот на јуни јавниот долг достигнал 10,7 милјарди евра и изнесува 58,8% од БДП. Во однос на 2024 година, во апсолутетен износ долгот е зголемен за нешто над 1 милјрада и 100 милиони евра, но како процент од БДП е намален за речиси 3%, со оглед дека во 2024 беше рекордни 61,4%. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00