СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
2СДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам
3ВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиење
МакедонијаМитески: Аеродром се развива, продолжуваме да инвестираме во инфраструктурата, образованието и екологијатаНа локалните избори одржани минатата година, ја добив вашата доверба да продолжам да ја водам Општина Аеродром. Од тој момент до денес, заедно со мојот тим работиме со една јасна определба – да решаваме конкретни проблеми, да инвестираме во развојот и резултатите од нашата работа да се гледаат на терен. Периодот од октомври 2025 година до денес го одбележаа бројни реализирани и започнати проекти во сите делови на општината. Работевме на сообраќајната инфраструктура, образованието, детската заштита, комуналната инфраструктура, чистотата и животната средина, спортот, јавните површини, безбедноста, но и на конкретни мерки за поддршка на семејствата, младите и повозрасните граѓани. Некои проекти веќе се завршени, а некои се во реализација. А некои од најзначајните зафати допрва ќе го покажат својот целосен резултат. Но, едно е најважно: Општината не се гради со зборови. Се гради со работа. А резултатите од таа работа треба да се гледаат таму каде што најмногу значат – во секојдневниот живот на граѓаните. Еден од најголемите инвестициски зафати што го започнавме е реконструкцијата на сообраќајната инфраструктура. Обезбедивме 138 милиони денари за реконструкција на 18 улици со вкупна должина од 5,4 километри. Во Мичурин извршивме целосна реконструкција на улицата „Симеон Кавракиров“. Во Горно Лисиче ја реконструираме улицата „Лисец“, со левиот и десниот крак, a во соработка со Град Скопје, поставивме и нова водоводна мрежа. Граѓаните заслужуваат функционална и современа комунална инфраструктура. Продолживме и со реконструкција на повеќе краци од „Ѓорѓи Капчев“ и "Тодор Чангов". Во поширокиот инфраструктурен зафат се опфатени и „Богомилски поход“, дел од „Гаврил Константиновиќ“ како и уредување на плочници во Ново Лисиче. Посебен зафат е реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, во должина од 1 километар, кој се реализираше благодарение на соработката со Градот Скопје. На кракот од булевар „Трета македонска бригада“,направивме уште еден важен чекор. Покрај реконструкцијата на потегот, таму за првпат е поставена и линија за улично осветлување. Тоа значи подобра видливост и побезбедно движење и во вечерните часови. Но, продолжуваме и понатаму. Започнавме постапка за ново улично смарт-осветлување, со кое сакаме постепено да создадеме поефикасен, современ и поекономичен систем на јавно осветлување во општината. Посебен акцент ставаме на комуналната инфраструктура во Долно Лисиче. Таму работиме на една од поважните инвестиции – подобрување и унапредување на водоводната мрежа. Ова е сериозен инфраструктурен зафат кој треба да донесе постабилно и поквалитетно водоснабдување и да реши дел од проблемите со кои граѓаните се соочуваат со години. За нас ова не е само уште еден проект. Ова е инвестиција во основните услови за живот. Тоа што особено сакам да го истакнам е дека жителите на Долно Лисиче наскоро ќе ја добијат и првата спортска сала, чијашто изградба е во тек. Со тоа конечно инвестираме во простор каде што децата и младите ќе можат да спортуваат, да се развиваат и да поминат квалитетно време во својата населба. Поставивме нова водоводна мрежа во должина од 1.000 метри на ул. Божидар Рајковик во Горно Лисиче - капитален проект во висина од 12 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Република Македонија. Ако сакаме развиен Аеродром, мора да инвестираме во нашите деца. Затоа образованието е еден од најважните приоритети во овој период. Во јануари го пуштивме во употреба новиот објект на ООУ „Блаже Конески“. Создадовме современ простор за учениците, но не застанавме тука. Во тек е втората фаза од проектот, со доградба на училиштето, изградба на нова спортска сала, спортски терени и целосно уредување на училишниот двор. Во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар создадовме услови за комплетна едносменска настава. Во ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче, од 1 септември, учениците од шесто до деветто одделение преминаа во едносменска настава. А, во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче го прошируваме училиштето со шест нови училници и две канцеларии. Паралелно воведуваме и топлински пумпи за поефикасен систем за греење. Инвестираме и во енергетската ефикасност на училиштата, со современи системи за греење и фотоволтаични системи. Но, инвестицијата во образованието не е само во зградите. Обезбедуваме учебници. Бесплатни ученички униформи. Најсовремени смарт-табли за наставата. Таблети за учениците од четврто одделение. И, секако, ги наградуваме најуспешните ученици и наставници. На првенците на генерацијата и најдобрите наставници од основните училишта во Аеродром им доделивме признанија и по 10.000 денари парична помош. Затоа што знаењето, трудот и успехот мора да се препознаат и да се истакнат. Но, грижата за децата започнува уште пред училишните денови. Општина Аеродром постојано инвестира и во детските градинки. Токму затоа, отпочнавме постапка за урбанизација и проектирање на прва детска градинка во Долно Лисиче, со што сакаме дополнително да ги зголемиме капацитетите и да им овозможиме на семејствата подобри услови за развој на дечињата. А, со проширениот и надградениот објект на „Изворче“ во Стар Аеродром создаваме простор за повеќе од 400 дечиња и модерни услови за престој. По цели 33 години, се изврши целосна реконструкција на горниот кат на објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче, оплеменет со нов мебел и комплетно нов дидактички материјал. Во „Бамби“, во рамките на градинката „Срничка“, поставивме нова термофасада, со што ги подобруваме енергетската ефикасност и условите за престој на децата. Континуирано вршиме реконструкции и уредувања во сите објекти на детските градинки. Работиме и на унапредување на хигиенските стандарди во градинките, со современи решенија за чистење и дезинфекција, а во објектите се поставени и прочистувачи на воздух. Затоа што за најмалите мора да обезбедиме најдобри услови. Посебно внимание посветуваме на дечињата со атипичен развој, аутизам, развојни потешкотии и попреченост. Обезбедуваме бесплатни индивидуални логопедски и дефектолошки третмани. Создаваме подобри услови за инклузивно образование. "Заиграј со нас" е проект кој е единствен и насочен токму кон дечињата и родителите кои имаат најмногу потреба од вакви активности. И обезбедуваме стручна поддршка таму каде што е најпотребна. За нас ова не е само една мерка. Ова е определба. Секое дете заслужува еднаква можност да учи, да спортува, да се развива, да биде прифатено и да го оствари својот потенцијал. Соработуваме со институциите и со организациите, затоа што поддршката до нашите дечиња мора да пристигне навреме. Нашата грижа за семејствата ја претвораме во конкретни мерки. Продолжуваме со финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња и првачиња. А за младите семејства воведовме важна мерка – „Нула комуналии – прв дом за млади“. Со ова младите до 35 години се ослободуваат од плаќање комуналии при создавање на својот прв дом. Веќе ги имаме и првите издадени одобренија со целосно ослободени комуналии за делот на Општината. Ова е порака до младите: Останете тука. Создавајте тука. Градете го својот дом во Аеродром. Но не ги забораваме и највозрасните, оние кои ја градеа нашата иднина. За прв па остваривме официјална, институционализирана соработка со Здружението на пензионери Аеродром, со што реализираме финансиска поддршка за реализација на нивните активности во текот на годината. Чистотата не е еднократна акција. Таа е секојдневна обврска. Затоа комуналните екипи се постојано на терен. Се расчистуваат диви депонии. Се одржуваат јавните површини. Се косат и уредуваат тревниците. Се отстранува отпадот. Во првите месеци од мандатот беа исчистени повеќе од 600 тони отпад и голем број диви депонии. Но, сакаме да направиме и чекор понатаму. Во декември започнавме со системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата. Проектот се спроведува во повеќе од 100 домаќинства, со план постепено да го прошируваме опфатот. Целта е јасна – отпадот да не завршува само на депонија, туку дел од него да се селектира, преработува и повторно употребува. Затоа што сакаме Аеродром не само да биде почист, туку и да биде општина која одговорно се однесува кон животната средина. За подобро одржување на зелените површини, набавивме нова модерна механизација. Тоа значи поефикасна работа на терен и подобро одржувани јавни простори. Во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром, покрај секојдневните и редовните активности на терен, редовно спроведуваме и големи акции за бесплатно собирање кабаст отпад од домаќинствата. А, за луѓето кои секојдневно се грижат за хигиената во Општина Аеродром, континуирано обезбедуваме нови работни униформи, затоа што мора да се грижиме и за оние кои секојдневно се грижат за нашата општина. "Вардариште" иако не е на територија на Аеродром, преку интензивна соработка со Градот Скопје и Општина Гази Баба, веќе не претставува проблем на жителите на Аеродром. Ветивме и остваруваме, имаме НУЛА толеранција кон загадувачите. Покрај чистотата, продолжуваме да инвестираме и во зеленилото. Во Ново Лисиче поставивме нов систем за полевање во должина од 2,5 километри, со повеќе од 300 прскалки. Со тоа зелените површини се одржуваат поефикасно и порамномерно. Продолжуваме со косење, одржување и уредување на зелените површини, како и со активности за заштита на животната средина. Направивме и значаен чекор во уредувањето на јавните простори – поставени се повеќе од 300 нови клупи и друга урбана опрема, со кои создаваме повеќе места за одмор и престој за граѓаните. Работиме и на превентивни активности за заштита на јавното здравје и подобрување на условите во јавниот простор. Она што ни е најважно е - Децата заслужуваат безбедни и современи места за игра. Затоа го обновуваме сите детски игралишта низ општината. Старите и дотраени реквизити се заменуваат со нова и побезбедна опрема. Создадовме и ново, модерно кошаркарско игралиште во паркот „Авионче“ кое ги исполнува светските стандарди. Тоа е простор каде што децата и младите можат активно да го поминуваат слободното време, да спортуваат и да се дружат. Паралелно продолжуваме со поставување нова урбана опрема и уредување на јавните простори. Целта е јасна: секоја населба да има место каде што децата ќе играат, младите ќе се дружат, а семејствата ќе поминуваат квалитетно време. Аеродром е општина во која спортот е достапен за сите. Затоа поставуваме фитнес и калистеника-зони на отворено, обновуваме спортски терени и создаваме нови рекреативни содржини. Обезбедивме и бесплатно користење на тениските терени за жителите на Аеродром. Сакаме спортот да биде близу до домот. За децата. За младите. За родителите. За повозрасните. За сите. Квалитетот на животот не го прават само домовите. Го прави и просторот меѓу нив. Затоа продолжуваме со уредување на парковите, плочниците и јавните површини. Уредивме повеќе пешачки патеки на различни локации низ општината, со цел движењето на граѓаните да биде побезбедно, поудобно и пофункционално. Во Трговскиот центар во Лисиче го уредуваме просторот со ново поплочување и урбана опрема. Ги реконструираме јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“ и продолжуваме со истото темпо и на други локации. Аеродром не е само место каде што живееме. Тоа е заедница. Место каде што треба да има култура, дружење, настани и содржини за сите генерации. Затоа започнавме со изградба на првиот мултифункционален културен центар во Ново Лисиче. Простор каде што во иднина ќе можат да се организираат концерти, претстави, кинопроекции, изложби и други културни настани. Во изминатиот период организиравме и дадовме поддршка на низа културни, спортски, детски и забавни содржини. Општина Аеродром беше домаќин на значајниот светски 3х3 Ред Бул кошаркарски настан, кој привлече бројна публика и ги собра најдобрите македонски стритбол и светски ѕвезди од овој спорт. Еден од настаните што прераснува во традиција е и Aero Street Food Festival, што на почетокот од септември го збогатува јавниот и забавниот живот во општината и потврдува дека Аеродром може да биде домаќин на современи содржини за сите генерации. Сакаме Аеродром да има свој препознатлив културен и општествен живот. Токму затоа даваме континуирана поддршка на Илинденскиот марш, меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“ и уште низа други. Безбедноста на граѓаните ни е приоритет. Затоа започнавме со реализација на проектот за видеонадзор во Општина Аеродром, со цел поголема безбедност и подобра заштита на јавниот простор. Но, безбедноста не е само видеонадзор. Таа е и добро осветлена улица. Уреден тротоар. Функционална сообраќајна инфраструктура. Современо улично осветлување. И почитување на комуналниот ред. Затоа ги засиливме контролите на бучавата, комуналниот ред и градилиштата. Правилата мора да важат еднакво за сите! За мене, успешна локална самоуправа не е само онаа што гради. Туку и онаа што слуша. Што разговара со граѓаните. Што реагира на нивните проблеми. И што ја подобрува сопствената работа. Затоа работиме на поголема транспарентност, подобра комуникација со граѓаните и поквалитетни услуги. Воведовме и можност за анонимно оценување на работата на администрацијата. Затоа што граѓанинот мора да биде во центарот на локалната самоуправа. Почитувани граѓани, За мене најважниот показател не се само бројките. Најважно е што граѓаните ги гледаат промените во својата населба и ги чувствуваат во своето секојдневие. Тоа е суштината на локалната самоуправа. Да решава проблеми. Да создава услови. А работата продолжува. Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, образованието, децата, чистотата, зеленилото, спортот и безбедноста. Ќе продолжиме со нови проекти и конкретни решенија. Затоа што граѓаните очекуваат резултати – а наша обврска е да ги испорачаме. Ветивме работа – работиме. Ветивме развој – Аеродром се развива. Дејан Митески, градоначалник на Општина АеродромТагови: Митески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
Европа„AfD“ ја менува стратегијата: Нов план за Европската унијаКрајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) сè повеќе се оддалечува од идејата за напуштање на ЕУ и го насочува својот фокус кон нејзино реформирање, со цел да го зајакне своето влијание, како во Европа, така и во самата Германија.Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се појави како опозиција на политиките на Европската унија за време на кризата со еврото – сè повеќе се преориентира кон реформирање на ЕУ, наместо да се залага за нејзино напуштање. По историската победа на регионалните избори во Саксонија-Анхалт во септември, „AfD“ – која според анкетите на јавното мислење моментално е најпопуларната партија во Германија – е поблиску од кога било до можноста да стане дел од сојузната влада. Во рамките на партијата расте уверувањето дека зајакнувањето на десничарските позиции и растечкото влијание на политичките движења со слични ставови низ Европа, го прават реформирањето на Унијата одвнатре поповолен пат отколку нејзиното напуштање. „Од крајот на Втората светска војна, изгледите за реформирање на ЕУ во согласност со нашата визија никогаш не биле подобри“, изјави Себастијан Минценмајер, пратеник на „AfD“ во Бундестагот. Прашањето за напуштање на еврозоната – што беше клучен приоритет за многу од основачите и раните поддржувачи на партијата – се покажа како посложено за решавање, пренесува Ројтерс. Помладите членови на партијата, како што е 29-годишниот Жан-Паскал Хом – шеф на младинското крило на„ AfD“, „Генерација Германија“ – предупредуваат дека тврдокорниот став на партијата кон Европа би можел да го попречи нејзиниот најреален пат до власта: идна соработка со Христијанско-демократската унија (CDU) под водство на Фридрих Мерц. Засега, „CDU“ ја отфрла секоја можност за коалиција со „AfD“. Минатиот месец, во Европскиот парламент во Стразбур, копретседателката на „AfD“, Алис Вајдел – заедно со сојузниците од парламентарната група „Европа на суверени нации“ (ESN) – претстави стратешки документ насловен „Нов договор за Европа“. Наместо да се залага за излез од еврозоната и од ЕУ, документот предлага преговарање за нови договори со цел создавање на полабава форма на Унија. Се предлага воведување механизам за „исклучување“ (opt-out) за земјите-членки кои не прифаќаат заеднички политики – на пример, во однос на трошоците за одбрана или миграцијата – при што истовремено се повикува на построго спроведување на буџетските правила. Ова ја остава отворена можноста еврото да остане заедничка валута. Доколку овие реформски напори не успеат, документот предлага идниот европски правец на Германија да се одреди преку референдум. Извор: Индекс.хрТагови: AfD Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана самДодека Црна Гора започнува проверки на врските меѓу медиуми, телекомуникации и Алта банка, во Македонија сè е одамна докажано и документирано.ВМРО-ОКГ е директно врзана за медиуми, телекомуникации и банка. Орбан контролира околу 40 проценти од медиумскиот простор. Нови медиуми на Вучиќ влегоа на пазарот: Ало група, Информер и Euronews. Телекомуникациската поддршка доаѓа од Орбановиот 4iG и од Вучиќевиот Телеком Србија - државен ресурс користен како приватен. Алта банка служи како финансиер на системот, преку маркетинг агенции од ВМРО, примарно за Алфа ТВ и за порталите финансирани од Орбан. Конкретен пример: истрагата за перење пари преку Словенија со фиктивни рекламни услуги, која Мицкоски ја блокираше во обвинителството. Телеком Србија е сопственик на Euronews лиценцата. 4iG обезбедува телекомуникациска поддршка за пласирање на медиумските содржини. Управувањето со сите овие медиуми се врши преку палката на БИА, човекот за Македонија, „началник“ Латас и Ивона, уредничка на Euronews и Алфа ТВ. Тоа е македонската верзија на српскиот Информер. 4iG на Орбан и Телеком Србија ги плаќаат истите лоби куќи во Америка за Мицкоски и за Вучиќ. 4iG е поврзан и со трговија со оружје и со потребата за рудник на антимон. Во Унгарија веќе три министри се уапсени. Обрачот се стеснува околу Орбан. Во Србија Вучиќ падна. Почнаа апсења и истраги. Целиот правосуден систем почна да работи, а новата влада сè уште не е формирана. Уапсени се главни луѓе во полицијата. Ова е само почеток на крајот на една голема организирана криминална група - балканскиот картел. Мафијашки синдикат во кој е Христијан Мицкоски, а ВМРО е сестринска партија на СНС. Сите коцки се сложија a картелот се распаѓа. Паѓаат како домино. Мицкоски остана сам да ја чува касата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кривогаштани тоне во долгови, населените места се соочуваат со проблеми со водата за пиењеНова патна инфраструктура не се гради, старата не се одржува.По девет години локална власт на СДС во општина Кривогаштани, граѓаните се уште со основни проблеми од секојдневниот живот, како исправна вода за пиење, функционални училишта, неодржувана инфраструктура и чиста животна средина. Еден од најсериозните проблеми е водоснабдувањето. Голем дел од населените места се соочуваат со чести прекини, дефекти на водоводната мрежа и проблеми со исправноста на водата, додека околу 40 проценти од населението воопшто не добива вода од општинскиот водовод. И покрај предизборното ветување на актуелниот градоначалник за носење вода од Студенчица, досега јавноста нема добиено конкретен план, временска рамка или информации за реализација на проектот, дополнително, и населените места кои се снабдуваат од овој систем во текот на летото се соочуваа со сериозни проблеми во водоснабдувањето. Загрижувачка е и состојбата во општинските училишта, при што намалувањето на бројот на ученици, иселувањето и неповолните демографски движења создаваат дополнителен финансиски притисок врз образовните институции. Ситуацијата е до толку загрижувачка што за првпат имаме училишта со блокирани сметки, додека општината не презема доволно мерки за рационализација на трошоците и долгорочно одржливо функционирање. Наместо сериозен пристап кон финансиското стабилизирање на училиштата, обезбедување непречено функционирање и квалитетен образовен процес за учениците, локалната власт предводена од СДС гледа само како да издејствува согласности за нови партиски вработувања. Градоначалникот на СДС на општина Кривогаштани бара служба за итна помош, а заборава да каже дека токму неговиот партиски претседател, Венко Филипче ја укина во период кога раководеше со министерството за здравство. Дополнително загрижува и финансиската состојба на самата општина која е со блокирана сметка и каде само тужените побарувања надминуваат 35 милиони денари, а вкупните долгови се значително повисоки. Овие состојби бараат транспарентност и одговори од градоначалникот, а граѓаните имаат право да знаат колкави се вкупните долгови, по кои основи се создадени и како општината планира да ги сервисира. Проблемите не завршуваат тука, локалната инфраструктура, полските патишта и јавните површини бараат сериозно внимание и континуирано одржување. Владината поддршка за изградба на улици е добредојдена, но таа не може да биде замена за обврските и одговорностите на локалната самоуправа. Особено загрижувачка е и состојбата со животната средина, горењето на депонијата кај Кривогаштани, загадувањето на почвата, водата и воздухот, како и нерешените проблеми со одводните системи и пречистителните станици, се прашања кои бараат конкретни институционални решенија, а не молк и одложување. Локалната власт и градоначалникот треба да одговорат и за состојбата со сточниот пазар, јавната чистота, уличното осветлување и другите комунални услуги кои се во надлежност на општината. Одговорноста на локалната власт е да ги решава проблемите на граѓаните, да управува домаќински со општинските средства и да создава услови за подобар живот, тоа го заслужуваат и жителите на општина Кривогаштани. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter