Над 3 милиони евра е штетата од кражбата во електровлечната подстаница Драчево, која сега е целосно нефункционална
2Над 3 милиони евра е штетата од кражбата во електровлечната подстаница Драчево, која сега е целосно нефункционална
3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
ЗдравјеМистериозниот сој на Хепатитис пристигна во соседствотоХепатитот „Х“ што означува непознато, а предизвикува екстремно брзо разградување на црниот дроб кај децатаХепатитот „Х“ што означува непознато, а предизвикува екстремно брзо разградување на црниот дроб кај децата, го вклучи алармот и во детската клиника во Скопје каде детално се испитува секој мал пациент кој ќе пројави жолтеникава боја на кожата, вели Директорката на државната детска клиника, Д-р Аспазија Софијанова. Засега во Македонија нема регистрирано случај на новиот мистериозен хепатит за кој постојат индиции дека го има во Србија. -Го имаме името, нели, хепатит што значи афекција на црниот дроб, ама презимето го немаме. Односно, го немаме типот на тој одреден вирус за кој треба да се види дали станува збор за мутиран вирус од некои од типовите на хепатитис што предизвикуваат инфекција на црниот дроб, или пак, во прашање е нешто трето. Интересно е што ги зафаќа децата од 2 до 12 години, кои пак коронавирусот не ги атакираше. Мораме да бидеме внимателни, затоа и ние го имаме вклучено алармот, за среќа во државата се уште го немаме детектирано.- Д-р Аспазија Софијанова – Директорка на Клиника за детски болести. Родителите, вели Д-р Софиканова, треба да обратат внимание на симптоми како што се жолтеникави очи и кожа, чудна вознемиреност, одбивање на храна и гадење. Во тешки случаи и силно воспаление можно да е неоходна и тренсплантација. -Одбива да јаде, се јавува една чудна вознемиреност, една нерасположливост, понекогаш и повраќање како трет симптом. Таканареченото екстремно брзо ширење на вирусот кај децата го предизвикува тоа распаѓање на црниот дроб, заради кое, единствен лек е трансплантацијата. Тоа веќе се случува во Велика Британија, од таму се и првите студии. Имаме контакти со колегите кои ги споделуваат вакците информации, така и дознавме за ова, за среќа немаме случај.... Хепатитот, или афекцијата, односно ифекцијата на црниот дроб е предизвикана од повеќе вируси, кои што некогаш се манифестираат со блага жолта пребоеност и треска, но некогаш е продлабочена со сериозни проблеми.- Д-р Аспазија Софијанова – Директорка на Клиника за детски болести. Потврда дека има простор за загриженост пристигна и од Европскиот центар за превенција на болести според кој потврдени се без малку 200 заразени деца во светот. Засега непозната е причината за болест, односно се уште не се знае и како се пренесува, а има потенцијални сериозни ефекти. Инаку првите случаи се појавија пред околу еден месец во Велика Британија, а потоа и во други европски земји, а и во САД, Израел и Јапонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Утре се очекува жителите на Гостивар да добијат технички исправна вода Во текот на утрешниот ден се очекува жителите на Гостивар да добијат технички исправна вода за користење, потврди премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека кризата се санира во рекордно време. Стручни екипи од скопскиот водовод веќе неколку дена вршат хиперхлорирање на главниот цевковод и денеска веќе се добиени добри резултати од земените примероци а во меѓувреме гостиварчани и понатаму преку пунктови се обезбедуваат со вода за пиење. „Ние обезбедивме вода за пиење. Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, очекувам денеска иако резултатите се веќе добри, очекувам денеска или да речеме утре да излезе соопштение дека е водата технички исправна за користење. Во рекордно време од една недела сето тоа се санираше така што тоа што ние какао Влада можеме да го направиме го правиме. “ Во последните 24 часа регистрирани се 125 нови први прегледи кај пациенти со симптоми поврзани со епидемијата во Гостивар, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство. Од нив, 86 прегледи се извршени во Општата болница, а 39 во Здравствениот дом. Според дневниот извештај, во Општата болница во Гостивар најголем дел од прегледите биле на Инфективното одделение – 45, потоа на Педијатрија – 40, а еден пациент бил прегледан на Ургентниот центар. Во изминатите 24 часа е регистрирана и една нова хоспитализација, на Педијатрија. Министерот за здравство Сашо Клековски и вчера апелираше да се почитуваат здравствените препораки околу хигиената за да се спречи појава на болести поврзани со епидемијата. „Познати се бактериите и вирусите кои се најдени во примероците земени од водата, познати се инкубациските периоди на тие бактерии и вируси и таму не би требало да има „опашки“ на епидемијата. „Опашки“ може да се јават од нехигиена односно од болести на немиење на раце условно кажано. Сите да се придржуваат до препораките и нормално до личната хигиена.“ По Гостивар, проблем со квалитетот на водата се покажа и во други општини. Во Валандово беше забрането користење на водата за пиење поради арсен но ден подоцна забраната беше тргната бидејќи нови анализи покажаа присуство на арсен далеку под границата. Се уште останува на сила забраната за пиење на вода во Крушево откако анализите покажале бактериолошка неисправност. Водата не смее да се користи за пиење и во тетовското село Лешок, каде може да се користи исклучиво за техничка употреба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНад 3 милиони евра е штетата од кражбата во електровлечната подстаница Драчево, која сега е целосно нефункционалнаНад 3 милиони евра е штетета од кражбата во подстаницата Драчево, по која таа остана целосно нефункционална, откако засега непознати сторители превртеле два трансформатори тешки околу 30 тони, украдени се бакарни жици, пруги и други вредни компоненти.По тешката кражба во која засега непознати сторители демонтираа и уништија два железнички трансформатори тешки по 27 тони во Драчево и украдоа бакарни компоненти, електровлечната подстаница остана целосно нефункционална. Штетата се проценува на над 3,5 милиони евра. Во моментов, како што велат од Македонски железници – Инфраструктура, на терен се екипи кои работат на нормализирање на железничкиот сообраќај на тој дел од градот. Според директорот Синиша Ивановски, зад тешката кражба најверојатно стојат лица кои имаат високо познавање за работа со висок напон, а поради актуелните градежни зафати во тој дел, најверојатно имале информација дека струјата е исклучена. Тој потврди дека веќе се води истрага за тоа каде потфрлиле чуварските служби на железницата, но посочи дека поради големиот опсег на железничката инфраструктура е невозможно целата територија физички да биде обезбедена. „Овој терен, од Драчево кон Скопје, поради градскиот воз е исклучен од струја. За некој да пристапи таму и да работи, мора да има точна информација дека струјата е исклучена, бидејќи напонот од 110 киловолти е исклучително опасен и ризичен по живот. Некој знаел дека таму нема струја и се осмелил да го направи ова. Ако смеам слободно да кажам, ова е и тероризам, бидејќи покрај финансиската штета, сериозно е загрозена безбедноста на сите патници во железничкиот сообраќај“, вели Ивановски. Од полицијата велат дека се трага по сторителите. При увидот на местото на кражбата било утврдено дека е оштетена електроенергетската опрема, а од објектот е одземен бакар. „На 25.07.2026 година во 14:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во електричната подстаница Драчево, сопственост на Македонски железници, во изминатите шест месеци од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба, при што е оштетена електроенергетската опрема и е одземен бакар“, велат од МВР. Инаку, во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, при кражбата биле превртени два трансформатори тешки околу 30 тони. Од нив било истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени, поради што објектот остана целосно нефункционален. За извршување на кражбата биле користени специјализиран алат и хидраучична дигалка а истражителите утврдуваат по кој пат механизациајта била донесена на местото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари.Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари, а доколку парламентарните избори се одржат во октомври, претседателските избори би можеле да се одржат до крајот на декември, објави Телеграф. „Ако парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш тие ќе се одржат во јануари. Ако парламентарните избори се одржат во октомври, можно е да се одржат кон крајот на декември или почетокот на јануари. Ако се одржат во ноември, тогаш дефинитивно ќе се одржат во јануари, или можеби најдоцна на почетокот на февруари.“ Кога го прашаа дали го видел истражувањето на Crte за резултатите од изборите, тој одговори дека на почетокот не верувал, но кога подоцна видел колку пари добиваат од разни земји, тогаш, како што вели, тие сигурно знаат подобро. „Верувам во тие студии „Крте“. На почетокот не им верував, бидејќи имам некои свои, но кога видов колку пари добиваат од скандинавските земји, разни европски земји, од Европската Унија, тие сигурно го прават тоа подобро и знаат подобро од нас. Значи, ние сме на работ на пораз, тие се на работ на победа, и тоа е во ред. Ќе се бориме до последен момент, а кога ќе изгубиме, ќе продолжиме да се бориме“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе ги признае резултатите од изборите, без оглед на исходот. Тој рече дека верува оти луѓето ќе ја изберат својата иднина на изборите. Тој истакна дека денес околу 18 часот оди во Баново Поље за да се види со Богатиќ. „Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Србија за досегашната поддршка на политиката на одговорност и сериозност. Веднаш ќе ги признаеме и ќе ги честитаме резултатите од изборите, какви и да се тие. Но, ние ќе ги зачуваме нашите идеи, нашата програма и план, ќе ги заштитиме и ќе се бориме за нив. И тоа е планот Србија брзо да се движи напред, Србија да се развива, пензиите и платите да растат, ние да ги зачуваме семејствата како столб на нашето општество, ние да ја зачуваме нашата земја, за да можеме сами да ја заштитиме и одбраниме“, рече Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook