Мистериозни сигнали од вселената се повторуваат на секои 16 дена - Канал 5

Мистериозни сигнали од вселената се повторуваат на секои 16 дена

Една од најважните карактеристики на мистериозните сигнали од длабоките вселенски простори, односно брзите распрснувања на радио фреквенциите (FRB), е дека тие се краткотрајни и непредвидливи.

Мистериозни сигнали од вселената се повторуваат на секои 16 дена

Обично се појавуваат ненадејно на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди.

Но, астрономите неодамна го снимија досега најчудниот ФРБ. Не само што тоа се повторувачки радио сигнали, туку се појавува и во редовен циклус од 16 дена.

Повторувачките FRB, кога станува збор за не само еден интервал, туку повеќе од еден по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците,а особено биле изненадени астрономите кога забележале дека FRB 180916.J0158 + 65 се повторува на секои 16,35 дена. Оваа необична фреквенција испушта сигнал или два на секои четири часа во тек на четири дена, а потоа е неактивна во наредните 12 дена , за потоа да го повтори циклусот, пренесува Science Alert.

Астрономите го следат овој циклус 409 дена користејќи го телескопот CHIME, кој се наоѓа во долината Оканаган, во канадската покраина Британска Колумбија.

Минатата година, научниците од CHIME објавија дека откриле осум нови повторливи FRB,. Досега забележале над 150 од нив, повторливи и еднократни.

FRB 180916.J0158 + 65 е меѓу овие осум новооткриени, но не е особено истакнат на почетокот. Само по долг период на набљудување, астрономите утврдиле дека има необичен образец во неговото однесување.

„Периодот на активност од 16,35 дена е важен показател за природата на овој објект“, напишале научниците во студијата објавена во arXiv.

Периодичните објекти во вселената можат да бидат системи на бинарни sвезди и црни дупки. Период од 16,35 дена може да укаже на орбитата на ѕвездата, при што ФРБ се појавува пред Земјата само за време на одреден дел од орбитата.

Може да биде и активност на црна дупка. Поточно, FRB 180916.J0158 + 65 е еден од неколку FRB за кои научниците успеаја да утврдат каде приближно се наоѓаат во вселената. Неговиот извор се наоѓа на периферијата на спирална галаксија која е оддалечена 500 милиони светлосни години. Ова значи дека веројатно не станува збор за супермасивна црна дупка (обично лоцирана во центарот на галаксијата), но можно е дека станува збор за sвездена маса. Во овој случај, придружниот предмет или прилични нарушувања од црната дупка повремено може да го блокираат зрачењето на FRB на некој начин.

Не може да се исклучи дека изворот на оваа FRB е единечен, осамен објект како што е магнет, неутронска ѕвезда со екстремно силно магнетно поле или пулсар, брзо-ротирачка неутронска sвезда, но ова објаснување не одговара на постојните податоци.

Помалку популарно објаснување е дека станува збор за еден вид туѓо вселенско летало произведено од технолошки напредна туѓа цивилизација. Астрофизичарот Ингрид Стерс не смета дека оваа опција е веројатна.

„FRB доаѓаат од различни насоки и од различни растојанија, така што веројатно тие доаѓаат од различни галаксии“, вели Стерс.

„Ми се чини многу малку веројатно дека толку различни туѓи цивилизации ќе произведат ист вид сигнал на ист начин“, објасни таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.

СДСМ: Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?

Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.

Каква е неговата улога?

Дали е известен за промената на сопственичката структура?

Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?

Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?

Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.

Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?
Дали има бугарски пасош?

Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.

Јавноста има право да ги знае одговорите.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од животот

Познатата актерка, русокосата убавица Хедер Греам (56) на Инстаграм сподели фотографии од својот одмор во Италија, на кои  покажа дека се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помлади девојки.

Фото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од животот

Хедер прво покажа како изгледа фантастично во провокативно сино, а потоа и во бордо бикини.

Актерката беше одлично расположена додека уживаше во летниот одмор.

Таа повторно ги воодушеви сите со својот изглед и докажа дека воопшто не остарела од периодот на деведесеттите години, кога беше на врвот на својата слава.

Хедер зрачи со самодоверба на секоја објава додека позираше и ја покажуваше својата фигура во бикини, кои ги надополни со темни очила за сонце.

Фотографиите наводно ги направил нејзиниот партнер Микеле Чивета (50), италијански режисер и продуцент, кој ѝ се придружил на патувањето.

Не застана тука – неповторливата Хедер повторно блесна на плажата, но ја смени бојата на костимот за капење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

Атрактивната Георгина Родригез и најплатениот светски фудбалер, Кристијано Роналдо  пред околу една недела тајно стапија во брак, а сега се појави и видео од церемонијата.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

На свадбата биле присутни само нивните деца, а невестата воопшто не носела венчаница.

Долгогодишните партнери Кристијано и Георгина официјално стапија во брак, а како што се дозна подоцна, на интимната свадба присуствуваа само нивните деца.

Како што се очекуваше, милиони нивни фанови се интересираа и каква венчаница избрала Георгина, со оглед на тоа што е познато дека таа сака да се истакнува со скапи парчиња, особено со накит вреден стотици илјади евра.

Но на изненадување на фановите Георгина на свадбата воопшто не носела венчанца

Наместо венчаница, таа се одлучи за едноставна кошула и тесно здолниште, а изгледот го надополни со скап дијамантски накит.

Во истото издание, парот се венчал и во црква, а фокусот бил ставен на самиот чин, што пријатно ги изненади луѓето навикнати на тоа како Георгина редовно се фали со скапи парчиња и пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер