Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
ТехнологијаМистериозни сигнали доаѓаат од вселената, откриле научниците Мистериозни, интензивни експлозии на радио енергија се откриени во нашата галаксија, откриле астрономите.Брзите радио-рафали, или FRB, траат само дел од секундата, но можат да бидат 100 милиони пати помоќни од Сонцето. И покрај нивниот интензитет, нивното потекло останува во голема мера непознато. Сега астрономите можеле за прв пат да забележат брз радио-рафал во нашиот Млечен Пат. Освен што биле поблиску од кога и да било откриени FRB досега, тие конечно би можеле да помогнат во решавањето на мистеријата од каде потекнуваат. Научниците имале проблем да го пронајдат потеклото на ваквите експлозии затоа што се толку кратки, непредвидливи и потекнуваат од далеку. Јасно е дека тие мора да се формираат во некои од најекстремните можни услови во универзумот, со предложени објаснувања вклучувајќи сè, од умирање sвезди до вонземска технологија. Избувнувањата на радиоенергијата се чини дека потекнувало од магнетар или ѕвезда со многу моќно магнетно поле, рекоа научниците кои ги открија новите FRB. „Постои голема мистерија за тоа што би ги создало овие големи изливи на енергија, што до сега видовме дека доаѓаат од средината на универзумот“, рече Кијоши Масуи, доцент по физика на МИТ, кој ја водел анализата на тимот.„Ова е првпат да можеме да поврземе една од овие егзотични брзи радио-рафали на еден астрофизички објект“. Откривањето започнало на 27 април, кога истражувачите користеле два вселенски телескопи и собрале повеќе емисии на Х-зраци и гама-зраци што доаѓаат од магнетар на другиот крај на нашата галаксија. Следниот ден, истражувачите користеле два телескопи во Северна Америка да го набљудуваат тој небесен дел и ја забележале експлозијата, позната како FRB 200428. Истражувањето е опишано во три труда објавени deneska во списанието „Nature“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter