ЖивотМистериозна болест ги покоси патниците и екипажот на прекуокеански лет!Авионот на компанијата „Американ еарлајнс“ кој од лондонскиот аеродром Хитроу полета кон Лос Анџелес, мораше да се врати во Лондон бидејќи во еден момент патниците и дел од екипажот се почувствувале многу лошо!Два часа по полетувањето, Боингот 777 итно го променил курсот и се вратил во Лондон бидејќи патниците, еден по еден, се онесвестувале, како и неколку членови на екипажот. Патникот Ли Ган на својот твитер профил пренесувал што се случува во авионот: - Се враќаме за Лондон. Медицинска итност. патници и членови на екипажот паѓаат во несвест... Во изјава за британските медиуми, Ли Ган изјави: - Околу 2,5 часа по полетувањето пилотот преку разглас праша има ли лекари или медицински работници меѓу патниците, кои би можеле да им помогнат на оние што се чувствуваат лошо. Исто така, слушнав дека 7 членови на екипажот колабирале, заедно со голем дел од патниците... Друг патник, Алан Греј, изјавил дека видел со свои очи кога една стјуардеса паднала меѓу седиштата. - Веднаш по тоа беше објавено дека се враќаме во Лондон. Очигледно не сакаа да ризикуваме - изјавил Греј. На аеродромот Хитроу, луѓето од авионот биле пречекани од неколку амбулантни возила, како и од полицијата. Никој не смее да излезе од авионот пред да биде тестиран „на различни супстанци“, а подоцна и багажот поминал низ проверки. Патникот Ерик Винтер сведочи дека во авионот влегла екипа која го проверувала квалитетот на воздухот, сомневајќи се дека во системот за вентилација има токсини. Зошто дошло до колабирање на луѓето, не е откриено. Шестмина од патниците биле пренесени во болница, а потоа пуштени. Американ Еарлајнс со соопштение информира дека не се работи за зараза. За што се работи - засега останува мистерија! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook