Мистериозен објект падна од небото и удри во автомобил во движење, стаклото почнало да се топи (ВИДЕО) - Канал 5

Мистериозен објект падна од небото и удри во автомобил во движење, стаклото почнало да се топи (ВИДЕО)

Австралиски возач доживеал бизарен инцидент на автопатот кога мистериозен објект, за кој се сомнева дека е метеорит, го погодил неговиот автомобил „Тесла“.

Мистериозен објект падна од небото и удри во автомобил во движење, стаклото почнало да се топи (ВИДЕО)

Доколку се потврди, тоа би бил првиот регистриран случај во светот на метеорит што удрил во возило во движење.

Ендру Мелвил-Смит, ветеринар од Вајала, Јужна Австралија, го пријавил инцидентот во Музејот на Јужна Австралија, кој сега го истражува потеклото на необичниот проектил, објавува „Science Alert“.

Мелвил-Смит опишал за Австралиската радиодифузна корпорација (ABC) како објектот го удрил шофершајбната со таква сила што се чинело дека омекнал и делумно се стопил, а од ударот се ширеле пукнатини, пренесе Дејли Меил.

„Мислев дека сме се судриле - беше толку гласно, толку моќно, сосема неочекувано“, рекол возачот.

Интересно е што автомобилот, кој наводно бил на автопилот, продолжил да вози како ништо да не се случило.

Научниците го истражуваат необичниот случај

Експертите од Музејот на Јужна Австралија сега го истражуваат инцидентот за да го утврдат потеклото на проектилот. Првиот чекор е детално испитување на шофершајбната за да се види дали внатре се заробени честички од објектот.

„Она што е навистина необично е што стаклото на неговото ветробранско стакло всушност се стопи малку - имаше многу топлина во она што го погоди стаклото“, изјави за ABC минералогот Кирен Мини од музејот.

Материјал од вселената паѓа на Земјата постојано, но тоа е претежно микроскопска прашина. Поголемите парчиња се ретки, бидејќи обично согоруваат во атмосферата, па затоа е исклучително ретко некој да види паѓање на метеорит, а камоли да го погоди при падот од небото.

Научниците објаснуваат дека метеоритите обично се ладни кога ќе ја погодат површината, но ако објектот се движи доволно брзо, неговата кинетичка енергија може да се претвори во топлина при удар и да произведе интензивна топлина.

И покрај сомнежите, постојат и други можни објаснувања - како што се вселенски остатоци, објект што паднал од авион или дури и обична карпа.

„Можеби, по понатамошно истражување, ќе се покаже дека е нешто друго, но во моментов се сомневаме на метеорит. Ако откриеме дека навистина е метеорит, веројатно ќе одиме на местото на настанот и ќе се обидеме да најдеме парче карпа“, вели тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

​СДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче.

Нека кажат на кои докази го темелат тоа?

Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС?

За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место.

Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина.

Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата.

На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината.

Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари.

На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран.

Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација.

Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста.

Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета.

Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов.

Кој е наследникот на таа традиција? Груевски.

Велеше Ванчо - македонски син.

На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила.

Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски.

Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција.

Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост.

СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“.

Атентатот врз демократијата нема да остане без име.

Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда.

Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот.

Оваа група ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер