ЗабаваМистериозен монолит и во пустината во Невада (САД)Полицијата во Лас Вегас, американската сојузна држава Невада, објави на социјалните мрежи дека мистериозен монолит се појавил во пустината за време на викендот. Предметот е сличен на оние што се појавија ширум светот во 2020 година. Тоа повторно покрена лавина прашања за неговото потекло, пишува „Би-би-си њуз“. Полициска патрола на Лас Вегас ја забележала скулптурата за време на акција за спасување исчезнати лица. На фотографиите објавени од полицијата на социјалните мрежи, монолитот изгледа како да е поставен на карпест терен. „Како стигна до таму?“, е едно од прашањата на социјалните мрежи. Монолитот наликува на оној од филмот на Стенли Кјубрик - „2001: Одисеја во вселената“ од 1968 година. Во филмската класика заснована на романот на писателот Артур Кларк, црните монолити се создадени од вонземјаните. Уште еден монолит во март оваа година се појави на врвот на рид во Велс. Очевидци сведочеа дека скулптурата стоела совршено исправена, но никој не знае кој и кога ја поставил. Меѓу објаснувањата е и тоа дека станува збор за уметничка инсталација, но никој досега не се огласи како автор. Пред четири години, слични предмети еден беше во пустината во Јута (САД), па во Калифорнија и Романија во истовреме, а потоа и на британскиот Остров Вајт во Ла Манш. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо Гостивар, аларм и во Валандово- имало арсен во водата за пиење По кризата со водата за пиење во Гостивар, алармот се вклучи и во Валандово, каде што биле измерени повисоки концентрации на арсен од дозволените.Од ЈП „Комунален сервис“ Валандово предупредија водата да не се користи за пиење се додека не се добијат резултатите кои ќе ја потврдат нејзината исправност. Од претпријатието велат дека моменталното ниво на арсен во водата изнесува 14, а максималната граница е 10. Земени се нови мостри и резултатите од нив ќе бидат готови во петок. „Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена“ соопштија од ЈП „Комунален сервис“ Валандово. Од друга страна пак, градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев објаснува дека најверојатно се работи за печатна грешка и вели дека се прават дополнителни испитувања на водата, а резултатите ќе се знаат утре. Додека валандовчани го чекаат официјалниот исход од испитувањата и водата ја користат исклучиво како техничка, од Град Скопје уверуваат дека за жителите на главниот град нема простор за загриженост — водата од чешмите во Скопје се контролира секојдневно и е целосно безбедна за пиење. Како што ни соопштија од кабинетот на градоначалникот Ѓорѓиевски, секојдневно се проверува квалитетот на водата преку мостри кои се земаат од 36 локации во Скопје, а потоа истите се испитуваат во акредитирана лабораторија на претпријатието. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНејмар поради покер го пропушти натпреварот на неговиот клуб Додека Сантос играше на Копа Судамерикана вчера вечерта, најголемата ѕвезда на тимот, Нејмар, не беше со тимот во Венецуела. Наместо на теренот, тој беше снимен на професионален турнир во покер во Сао Паоло. И покрај неговото отсуство, Сантос постигна убедлива победа, пишува Goal.com. Вечер на маса за покер Додека неговите соиграчи играа во Венецуела, Нејмар учествуваше во зимското издание на Бразилското првенство во покер (BSOP). Според информациите од ESPN Бразил, напаѓачот бил виден во Златната сала на комплексот WTC во Сао Паоло, каде што се одржува четвртата фаза од националното првенство. Нејмар е познат како љубител на покер, а во истото натпреварување во 2025 година освои 53.500 бразилски реали. Неговото појавување на турнирот се случи само неколку часа пред важниот натпревар со Сантос, но тоа не беше произволен потег. Клубот претходно одлучи дека Нејмар ќе остане дома за посебна програма за закрепнување по неговиот настап на Светското првенство. Кука: Одлуката е донесена за негово добро По победата од 4:1 против Универсидад Централ, тренерот на Сантос Кука ја објасни ситуацијата. Тој нагласи дека одлуката за отсуството на Нејмар е донесена за играчот да може целосно да се одмори од репрезентативните обврски. „Неколку дена не беше со полн капацитет и немаше време за одмор, па затоа решивме да му обезбедиме дополнително засилување. Сакаме да тренира напорно за да може да поврзе повеќе натпревари“, рече Кука. Додаде дека имаат четири натпревари за играње во следните десет дена. „Каква корист би имале ако го земеме тука? Видовте колку беше тешко патувањето. Тој остана да работи, како и Арао, Жоао Шмит и Игор Винисиус, што ни дава повеќе опции за следните натпревари.“ Иако вечерта ја помина играјќи покер, Нејмар редовно тренира во кампот на клубот. Неодамна објави видео од тренинг на социјалните мрежи каде што изгледа многу во форма. Планот е да биде целосно подготвен за домашното првенство, каде што клубот моментално е рангиран на 15-то место. Сантос убедлив дури и без Нејмар Дури и без својот клучен играч, Сантос се покажа како пресилен за Универсидад Централ. Со победа од 4:1 во Венецуела, бразилскиот клуб практично обезбеди пласман во осминафиналето на Копа Судамерикана. Реваншот ќе се игра следната недела на стадионот Вила Белмиро, а во случај на додавање, следниот противник ќе биде еквадорскиот Макара. Тренерот Кука потврди дека Нејмар ќе игра во сабота против Чапекоенсе во првенството. Убедливата победа на гостински терен го намали притисокот во континенталното натпреварување, па тимот може да се фокусира на домашните обврски. Фокус на Сантос по збогувањето со Бразил Овој период означува нова фаза во кариерата на Нејмар, откако неодамна се збогува со бразилската репрезентација. Тој го објави крајот на својата репрезентативна кариера откако Бразил загуби од Норвешка (2:1) на Светското првенство во 2026 година, кога го напушти теренот во солзи. Тој постигна 80 гола на 130 настапи за репрезентацијата. Бидејќи повеќе нема обврски со репрезентацијата, тој ќе биде целосно посветен на Сантос до крајот на кариерата, на кого му се потребни неговото водство и цели за да ја поправи сезоната.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Гостивар и натаму неупотреблива- се врши дотур на техничка вода Водата во Гостивар и натаму е целосно неупотреблива согласно последните резултати од анализите на мострите.Водата во Гостивар и натаму е целосно неупотреблива согласно последните резултати од анализите на мострите – Управувачкиот комитет за справување со кризи ги повика гостиварци и натаму строго да ја почитуваат забраната за користење на водата од водоводната мрежа, а на денешната седница донесоа дополнителни заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните. А, додека трае забраната, Општините Куманово, Тетово, Девар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со сопствени цистерни, а во приправност, доколку има потреба ќе се ангажираат и армиските цистерни. „Главниот штаб ја задолжи Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење. Истовремено, Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и АХВ ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ги ќе ги доставуваат до Главниот Штаб при центарот за управување со кризи.“ Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварци што побргу да си ја добијат водата назад. „Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка.“ Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од најновите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter